Автор: Валентина Неловска

Од денес почна исплата на гарантираната минимална плата за семејствата во социјален ризик

Post Views: 2 Од денес 480 охридски семејства во социјален ризик ќе добиваат гарантираната минимална плата во висина од 6000 денари. Новиот Закон за социјална заштита кој стапи на сила од 23 мај со низа измени ќе го подобрува семејниот буџет на домаќинставата во социјален ризик. Семејствата ќе добиваат и детски и образовен додаток. Така, во буџетот на едно  семејство, во зависност од бројот и возраста на децата, ќе се слеваат околу 13.000 денари месечно, информира Ајтен Мусли директор на охридскиот Центар за социјални работи. По истекот на овој рок законот предвидува нови можности...

Continue reading

Само еден потрошувач побарал помош за рекламација на прозивод по стечајот на АМЦ

Post Views: 1 Граѓаните кои имаат рекламации за купената бела техника од АМЦ компанијата која е во стечај може да побараат помош од Државниот пазарен инспекторат во Охрид. Во охридската подрачна едница на Државниот парзарен инспекторат досега само еден потрошувач побарал помош за рекламација на прозивод купен во АМЦ. Од подрачната единица на инспекторатот ќе ги задолжуваат сервисите да ги поправат расипаните апарати ,а потрошувачот нема да плати за извршената поправка бидејќи компанијата повеќе не постои, информира Цветко Ристески раководител на оддленеито на Државниот пазарен инспекторат.    „...

Continue reading

Нови зони и цени за паркирање ќе стартуваат со новиот летен режим на сообраќај

Post Views: 1 Зонското паркирање и висината на цените за користење на јавниот паркинг простор беа дел од денешните точки на Дневен ред на градскиот совет. Со новиот летен режим на сообраќај се предвидуваат измени во зоните на паркирање. Тие треба да стават ред во сообраќајниот метеж кој се јавува во екот на туристичката сезона. Од ова лето ќе има зона А која ќе остане само на улицата Македонски Просветители, а се проширува зона Б со поевтина цена на паркинг од досегашната. Се воведува и премиум зона на паркирање на потегот од пошта до кружниот тек во центарот на градот по цена од...

Continue reading

Неповолна хидролошка состојба во Охридското езеро и реката Црн Дрим

Post Views: 0 Охридското езеро и реката Црн Дрим имаат неповолна хидролошка состојба. Летниот сушен период и испуштањето на вода за потребите на хидроелектраните го намалија водостојот на езерото и реката. Нискиот водостој на Охридското езеро е на граница на дозволениот минимум, информира Ангел Угрински, хидролог од УХМР. Според утринските мерења, водостојот на езерото е на 3 цм над дозволениот минимум тоа е на кота 693,10. Денес езерото е на кота 693,13 цм. Треба да се каже дека има вештачко влијание врз езерото преку двете регулации на Црн Дрим на излезот од езерото кај Струга...

Continue reading

Отворен Инвестициски камп во Охрид на ФТУ

Post Views: 0 Охрид доби инвестициски камп кој ќе функционира на ФТУ. Со пилот програмата целна група ќе бидат младите луѓе. Тие своите бизнис идеи и визии за една фирма ќе може да ги развиваат со понатамошна поддршка на Фондот за иновации и центрите за иновации на УКИМ , УKЛО и Универзитетите од соседна Албанија, посочува Сашо Коруноски, ректор на Уни. Св Климент Охридски, кој е еден од партнерите на иновативниот камп. „ Информцијата е круциален фактор. Доколку тие идеи се отценат како добри, стоиме зад нив со логистика не само во опрема, информатичка технологија туку и и знаење,искуство...

Continue reading

Се бара најефикасно, најекономично и најеколошко решение за изградба на марина на Охридското езеро

Post Views: 1 Локацијата за изградба на марина и понатака спорна и камен на сопнување на трибината на која требаше да се слушне мислењето на јавноста при изработката на Студија за ревитализација на Студенчишкото блато и регулацијата на водниот сообраќај на Охридското езеро. Различни мислења и ставови се слушнаа на денешната трибина која ја организираше општина Охрид. Копјата повторно се кршеа меѓу стручната фела, екологистите и сопствениците на пловни објекти дали и каде да се гради марина. Стручните лица од Хидробиолошкиот институт и научната заедница бараат нивно вклучување во  дијагностицирање...

Continue reading

Виолета Петковска од ОУ„Кочо Рацин“ е носител на сертификат за најдобар учител

Post Views: 1 Виолета Петковска, професор по одделенска настава од ОУ „Кочо Рацин“, со постер презентација учествуваше на образовна конференција во Будва. Професорката по одделенска настава со својата креативност и посветеност е добитник на голем број меѓународни и државни награди за проекти, автор на 20 стручни трудови и 70 едукативни филмови. Петковска е дел од Асоцијацијата на најдобри наставници од поранешна Југославија и е единствен претставник од југозападниот дел на земјава. Од Будва се врати со уште еден сертификат за нејзината креативност, во низата меѓународни признанија...

Continue reading

Долготрајниот дождлив период го загрозува родот на коскестото овошје

Post Views: 1 Родот на црешите, праските, кајсиите, вишните е загрозен од дождот. Долготрајниот, дождлив период во охридскиот регион е неповолен за коскестото овошје. Врнежливото време, посебно го загрозува годинешниот род на црешата кој е во фаза на зреење, стравува Ванчо Стојаноски, одгледувач на цреша. Стојаноски, сепак, се надева дека временските услови ќе се подобрат, а овоштарите треба веднаш да почнат со прскање на стеблата. „ Препорака до одгледувачите на коскестото овошје, посебно на црешата. Веднаш да го фатат првиот ден по влажниот период и да ги третираат овошките против...

Continue reading

„Балканска 3а/2“ е новата премиера на Охридскиот народен театар

Post Views: 6 На сцената на Охридскиот народен театар на 3 јуни ќе се игра „Балканска 3а/2“ . Текстот е на Дејан Дукоски и е едно од неговите први драматуршки дела, режијата е на Ана Батева , а улогите ги играат Стрезо Стаматоски, Никола Тодороски,Елизабета Стефаноска и Филип Кипроски. „ Се роди уште еден театарски проект во Охридскиот театар кој сум убедeн ќе ги задоволи апетитите на охриѓани и пошироката публика“ рече Горан Симоноски директор на Охридскиот народен театар .  Режисерот на претставата Ана Батева за прв пат работи на создавање театарско дело со актерите од Охридскиот...

Continue reading

Скоро секој втор Македонец е активен пушач

Post Views: 2 Скоро секој втор Македонец или 46 проценти од населенито се активни пушачи, покажала Студијата за штетноста од  психотропни супстанци. Последните истражувања од минатата година направени од Институтот и општинските центри за јавно здравје покажале дека 57, 8 проценти од македонските пушачите се на возраст помеѓу 36 и 44 години, а 40,2 проценти се младо возрасно население на возраст од 15 до 34 години. 12,6 проценти првата цигара ј а запалиле на 15 години, а 6,1 посто на 14 години. Дури 4,1 посто експериментирале со првата цигара на 11 години и помала возраст, информира...

Continue reading

Проблемот со кучињата скитници точка на дневен ред на градскиот Совет

Post Views: 3 До каде е постапката и дали функционира шинтерската служба во надлежност на ЈП Охридски Комуналец беше точка со која на барање на опозцијата беше надополнет дневниот ред на денешната 27ма седница на градскиот Совет. Кирил Пецаков координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, обвинува дека службата за прифаќање на бездомни кучиња не функционира, а кучињата скитници стануваат опасни и напаѓаат луѓе. „ Политичка волја има, формирана е шинтерска служба ,7-8 месеци разговараме за службата , а која е реалноста сите гледаме дека кулминираат нападите на бездомните кучиња“,...

Continue reading

Од НВО Фронт 21/42 на Владата и порачаа : Наместо да креира илузија, да се посвети на заштитата на Охридскиот регион

Post Views: 0 Од НВО Фронт 21/42 на Владата и порачаа: „Наместо да креира илузија, да се посвети на заштитата на Охридскиот регион“. Александра Бујароска од Фронт 21/42, која беше дел од работната група на предлог измените во Законот за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион од 2010 година, напоменува дека се разoчaрани што во последен момент биле тргнати важни одредби за реална имплементација на мораториумот за градба, па потоа во последен момент вратени по обелоденување на намерата на Комисијата на Унеско да го стави Охридскиот регион на листа на загрозени...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top