Post Views: 0
Со иселувањето на младите луѓе од Охрид и Струга се чуствува недостаток од спасители на вода во службата за безбедност. Некогаш оваа служба броела троцифрен број спасители сега се соочува со недостаток. Во моментов дваесет спасители на вода се обучуваат за да се вклучат во тимот кој ќе се грижи за безбедноста на охридските плажи ова лето. Од ОО ЦК која се овластени за обуките и издавањето на сертификати за спасители аларамираат дека продолжува трендот од минатата година, а ова лето ситуацијата е поизразена со недосток од спасители на вода. Во рамките на можностите ќе...
Post Views: 2
Утревечер, на летната сцена Долни Сарај по 58-ми пат ќе се одржи манифестацијата Балкански фестивал на народни песни и игри. Почнува со традиционалното дефиле на учесниците низ чаршијата кои на трите фестивалски денови ќе прикажат богата музичка програма од земјите од каде што доаѓаат. На најстарата фолклорна манифестација на Балканот се афирмираат музичките, културни вредности и традиции на народите. Годинава, покрај изведбата на народни песни игри од разни делови на земји од Балканот, фестивалот е збогатен со нова содржина кои ќе се презентираат во Центарот за култура,...
Post Views: 1
Колабирање, влошување на хронични заболувања и сообраќајни несреќи се најчестите причини, деновиве, граѓаните да го повикаат 194 бројот на итната медицинска помош. Во овие летни горештини екипите за брза медицинска интервенција имаат зголемена фрекфенција на работа, информира д-р Љупка Николовска, раководител на Итната медицинска служба. Во континуитет, во летните месеци се чувствува недостаток од персонал во службата, но екипите максимално се организираат да одговорат на работата, кажува д-р Николовска.
„ Градот ни се дуплира и триплира за овој период, ние сме туристички...
Post Views: 7
Археолозите почнаа со стандарни ископувања пред да започне реконструкцијата на плоштадот „Крушевска Република“. Овој простор долго време бил слободен и голема е неизвесноста дали нешто ќе се пронајде под градскиот бекатон, информира Мишо Туткоски, директор на НУ „Завод и Музеј“ Охрид.
Во минатото на овој простор е малку ископувано и немаме никакви сознанија за некакви градби. Два века е Плоштад, отворен простор, бил пазар. Може нема никакви градби, но мора да ги извршиме археолошките истражувања кои ќе ни дадат понатамошни насоки. Доколку има објект ќе бараме начин...
Post Views: 1
Локалната самоуправа ќе воведува ред при паркирањето на пловните објекти во Студенчишкиот канал. Со каналот, досега не стопанисуваше никој и сопствениците на пловилата ги врзуваа кајчињата, глисерите и бротчињата кој каде ќе стигне. Многу често имаше појава и на расправии за паркинг местата. Од ова лето Локалната самоуправа со одлука на градскиот Совет го отстапи каналот на стопанисување на ЈП Билјанини извори. Предлог има сопствениците на едрилици да бидат ослободени од плаќање на закупнина, а за останатите пловила да се плаќа закупнина за просторот на 6 месеци и една...
Post Views: 3
Целосна примена на летниот сообраќен режим во централното градско подрачје и во стар град ќе почне од 8 јули , информираат од одделението за улици и сообраќај при Локалната самоуправа. Технички проблеми при поствување на видео надзор на две од четирите рампи за влез во стар град го пролонгирале претходно најавуваниот рок за старт на летниот режим на сообраќај, посочува Зоран Шикалоски раководител на одделението за сообраќај. Проблеми се јавиле при поставување на системот за видео надзор кај Горна Порта и кај црквата Каменско, појаснува Шикалоски .
„ Се надеваме дека...
Post Views: 1
Организацијата на потрошувачи на Македонија е загрижена по најавите кои доаѓаат за зголемување на цените од 40 до 50 проценти. Маријана Лончар-Велкова, претседателката на ОПМ, напоменува дека и тие како и потрошувачите стравуваат од поскапувањето на потрошувачката кошница и основните прехранбени артикли.
Цените на основните прехранбени производи брашното, лебот, млекото, маслото за јадење, солта, шеќерот на некој начин да бидат ограничени и да не може нивното поскапување да биде енормно големо бидејќи има до 10 посто покачување на прехранбените артикли и средствата...
Post Views: 4
Граѓаните од денес ќе можат да добијат назад 15 проценти од платениот ДДВ за секоја сметка со која пазарувале. УЈП ќе ја спроведува во пракса новата реформа која според проценките годишно со оваа мерка по основ на вратен ДДВ кај граѓаните ќе бидат вратени 50 милиони евра. Граѓаните со поделени размислувања по стартот на проектот „Мој ДДВ“. Многумина слушнале но , не знаат како да постапат за да се вклучат во системто на УЈП, додека други не веруваат дека ќе им се враќаат париСо оваа даночна реформа на физичките лица за секоја сметка од пазарење, максимум со поединечна...
Post Views: 0
Повозрасни граѓани од регионот барале најчесто совет од психолог за да се справат со стресот и осаменоста коишто ги наметна пандемијата, информира психологот Ранко Раткушински. Тој е во секојдневен контакт со граѓаните кои бараат помош и се јавуваат на отворената линија за прва психолошка помош и психо-социјална поддршка која функционира во општинската организација на Црвен крст. Психологот споделува дека на почетокот од пандемијата биле почести јавувањата од повозрасни граѓани од целиот регион. Постоењето на оваа стручна помош за граѓаните беше и сеуште е потребна,...
Post Views: 1
Една од мерките за намалување на бездомните животни по улиците е вградување на бесплатни микрочипови од Агенцијата за храна и ветеринарство. Но од имплементацијата на тригодишната стратегија во пракса се добива впчеток дека дава слаби резултати. Улиците и плоштадите се полни со бездомни кучиња и поплаки на искасани граѓани. Како се реализира Стратегијата со микрочипирањето и кој треба да ги контролира сопствениците за примена на одредбите од законот за заштита и благосостојба на домашните животни ја контактиравме Велика Атанасова, портпарол на АХВ. Атанасова информира...
Post Views: 26
Истекуваат отпадни води од колекторскиот систем кај стадионот во Грашница, јавуваат екологисти од ЕД Грашница. Претпоставуваат дека станува збор за исклучување на пумпата кај Даљан.
„ После 30 години и повеќе ова е проблем со истекот на бајпасовите кај плажата Мизо и подолу кај вливот на реката Грашница. Денес е 13 јуни, неколку денови нема врнежи, а бајапсовите без престан течат во езерските води“, вели Борче Стојаноски од ЕД Грашница.Стојаноски повикува на понкретни активности за решавање на овој проблем од страна на формираното државно претпријатие за одржување на...
Post Views: 12
Селото Горно Коњско има 30 постојани жители кои со вода за пиење се снабдуваат од бунари кои ги има скоро секое домаќинство. Со климатските промени во месеците јули, август и октомври кога има сушен период бунарите многу често остануваат без вода. Жителите се бават со земјоделство и сточарство, а во последните години се развива и етно туризмот. Селцето е на само десетина километри од Охрид, а на 4 км од хотел Метропол на западната страна од планината Галичица. Ова живописно планинско селце на 1050 метри надморска висина плени со прекрасната околина и видикот кон Охридското...