Post Views: 8
Повозрасните членови кои го избрале вториот пензиски столб имаат рок до 30 септември да дадат согласност дали остануваат или го раскинуваат членството. Ова следи по измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Доколку не се изјаснат во предвидениот рок од 1 октомври 2019 година друштвото ќе ја затвори нивната индивидуална сметка и ќе го пренесе вкупниот износ на средствата во Фондот на ПИОМ.Членот ќе остане осигуреник во Фондот на ПИОМ. Од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС информираат дека...
Post Views: 1
Екипи на МЈП Проаква го санираа преливањето на отпадните води кај Грашница . Стар проблем кој повторно ги вознемири граѓаните , но и надлежните институции. Локалната самоуправа за прв пат постапи по решението на Државниот инспекторат и постави табли забрането капење по испитувањата за квалитетот на површинските води кои покажаа дека водата за капење кај Грашница и одморалиштето Партизан е од трета категорија. МЈП Проаква секојдневно ги решава дефектите кои се јавуваат на пумпните станици на колекторскиот систем. Во рамките на финансиските можности се решаваат критичките...
Post Views: 6
„Итали кафе“ е новиот објект со кој охридската угостителска понуда станува побогата. Во низата кафулиња и ресторани со „ИТ кафе“ градот добива нов препознатлив угоститески објект, информира ПР менаџерот Јасна Стојаноска.
„ Се наоѓаме во срцето на Охридската чаршија кај скаличките до ТЦ Амам. Во „ИТ кафе“ ќе имаме добро избрана музика, гостите ќе уживаат во добра урбано место , со вкусна харна , добри пијалоци и најдобро кафе“, напоменува Стојаноска.
Италијаскиот шарм ќе го пронајдете во „Итали кафе“, со стилски ентериер и прекрасен амбиент. Место каде што посетителите...
Post Views: 5
Оштетени коли од откорнати дрвја, превртени и искршени камп приколки, како и оштетувања на кровни конструкции од станбени објекти е епилогот од 20 минуитното невреме кое го зафати охридското крабржје пред неколку дена. Претставници од локалната самоуправа го посетија погодениот реон на потегот од Градиште до Св Наум. За среќа, констатирале помали оштетувања од ветерот кој дувал со брзина од 140 до 150 км, информира Томе Нанески од Фондот за комунален развој.
„ Констатирано е дека најголеми штети има на дел од кампот Љубаништа и кампот Св. Наум и за среќа нема повредени....
Post Views: 1
Од Фронт 21/42 реагираат дека се напуштаат целите на предлог законот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион. Информираат дека вчера без присуство на јавноста се одржала седница на собраниската Комисија за култура, а тие кои учествува во рабоата на нацрт законската верзија се изиграни со тоа што на предлог-законот му се додале работи за кои воопшто претходно не станало збор. Работните групи при изработката на нацрт Законот никогаш не зборувале да се вклучи член од Министерството за политички систем , а нити да се применува Бадентеровиот...
Post Views: 3
Младата оперска певица, Миланка Новеска жнее успеси на музички план. Оваа амбициозна и посветена музичарка достојно ги преставува Охрид и Македонија на меѓународниот музички свет. Новеска својата музичка наобразба ја продолжи во Букурешт, Романија. Неодамна се стекна со дипломи, заврши два Факултети за педагогија и соло пеење. Новеска со својот талент, музички квалитет и трудољубивост не остана незабележана од романските музички педагози. За нејзините музички остварувања е добитник на бројни награди .
„Многу сум задоволна од поддршката во Букурешт. Прекрасно е да си...
Post Views: 2
Лефтерија Гаџоска претставник од Организацијата „Крушевска жена“ и нејзини колешки од Пешкопеа, Албанија подолго време се занимаваат со преработка на локални шумски производи подготвени на традиционален начин ,а сега имаат можност да развиваат бизнис со помош на фондовите на ЕУ за прекугранична соработка. На пазарот пласираат крушевски локум, разни видови џемови , ликери, кори, мед, производи кои ги користат од природните ресурси кои ги имаат“, раскажува Гаџоска. Таа очекува допрва да се види бенефитот од ваква соработка со жените од Пешкопеа.
„ Овој проект ни помогна...
Post Views: 0
Во 19 те точки кои се нотирани од страна на Унеско за Охрид да не биде ставен на листата загрозени подрачја заштитени под Унеско, градот Охрид и државата ќе треба да бараат решение за реката Сатеска и депонијата на Буково. Треба да се постапува за враќање во старото корито на реката Сатеска, за што веќе се преземени конкретни зафати, информира градоначалникот Константин Герогиески.
„ За реката Сатеска се изработува проект финансиран од UNDP за враќaње во старото корито. Следнава недела ќе имaмe информација до каде е проектот “, укажува Георгиески.
Пред градот и државата...
Post Views: 0
Градскиoт базен работи со полн капацитет. Отворен е за пливачите и рекреативците од девет часот наутро до 20 часот навечер. Интерес за користење на двата базени има од школите за пливање и од рекреативците, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП „Билјанини извори“ кое стопанисува и се грижи за одржување на големиот и малиот градски базен.
„ Водата е беспрекорно чиста, испитана е, добара е хемиски и бактериолошки. Водата е топла во текот на денот и температурата се движи од 25 до 27 степени. Ние го сервисираме претходно базенот и нема проблем. Напојувањето на...
Post Views: 4
Донесување на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион е клучно, со тоа е тесно поврзан Мораториумот за било какви урбани трансформации во заштитеното подрачје. Тоа е она што ги погодува граѓаните кои сакаат илегално да градат, вели Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Што се однесува на она што незаконски досега е изградено Георгиески дециден ,секој објект за кој има решение за отстранување ќе биде рушен, отстапки нема да има за никого. Кога ќе се руши, не открива.
„Сега ќе следи процес на евалуација и тоа е она што...
Post Views: 3
Охридскиот сликар Славко Упевче во континуитет од 5 децении со четката и боите ги чува од заборав белезите по кои се препознатливи Охрид и Езерото. Во текот на сите овие децении Упевче во своите дела ги заробил спомените на делови од Охрид, од неговите сокаци, архитектура, калдрмата, дрвата , езерското синило. Со изложба годинава одбележува златен јубилеј од 5 децении на неговото творештво. Вели, почнав да сликам како дете, па како тинејџер, како возрасен вработен човек и сега како пензионер.
„ Од првата самостојна изложба организирана како гимназијалец во гимназијата...
Post Views: 1
Вработените во детската градинка Јасна Ристеска ќе земаат повисока плата за 16 посто и ќе имаат нова систематизација на работните места. Ова е епилогот од денешната итна седница на која охридските советници дадоа согласност за усогласување на подзаконски акти по донесувањето на законските измени во Законот за детска заштита од 18 јуни. Советниците од позицијата на денешната итна седница дадоа поддршка за зголемување на платите на вработените, но не и четворицата советници од опозицијата. Советничката Гордана Коњаноска при тоа упати критика од технички аспект.
„Сите имаме...