Автор: Валентина Неловска

Се подобрува достапноста до здравствените услуги за ранливата категорија граѓани

Post Views: 3 Со проeктот Cross4all Општина Охрид ќе ја подобрува достапноста до здравствените услиги за ранливата категорија сограѓани. Целта на овој проект е интегрирање на здравствените услуги за стари лица и деца во медицинските установи. Со проектните активности се олеснува меѓусебната соработка помеѓу здравствените работници и ранливите категории на граѓани, информира Ѓорѓи Трпески соработник во ЛЕР. За да се олесни функционирањето на медицинските тимови се подготвува платформа со база на податоци за здравствената состојба на ранливата категорија граѓани, појаснува Трпески. „...

Continue reading

Охридските советници ќе одлучуваат за затворање на Буково и формирање на ново ЈП „Депонија“

Post Views: 7 Наскоро охридските советници ќе одлучуваат за затворање на депонијата Буково и формирање на ново јавно претпријатие. Министерството за животна средина и просторно планирање има решение за депонијата Буково која според препораките на Унеско требаше да биде затворена пред една година. Досега, пропаѓаа неколку обиди да се најде најсоодветна локација за изградба на регионална депонија според светски стандарди. Градоначалникот Кирил Пецаков напоменува дека на повидок е трајно решение за депонијата Буково. Треба да се формира јавно претпријатие за  Југозападниот регион. Според...

Continue reading

Нема најави за штрајк во охридските основни и средни училишта

Post Views: 0 Вработените во образовната дејност во охридските основни и средни школи нема да штрајкуваат. Ниеден Синдикат за образование, наука и култура во општинските училишта не поднесол изјава до дирекотрите за најава на предупредувачки штрајк на првиот ден на новата учебна година. Поголем број директори од основните и средни училишта кои ТВМ Телевизија успеа да ги контактира информираат дека нивните образовни установи се подготвени без пречки да стартува првиот училишен ден, посебно важен за првачињата кои треба за прв пат да седнат во училишните клупи. Претседателот на СОНК...

Continue reading

Сколиозата е на врвот меѓу заболувањата на рбетниот систем кај основците

Post Views: 11 Охридските основци и понатака се загрозени од деформитети на рбетниот столб. Сколиоза, кифоза , лордоза и понатака се најчести болести кои го напаѓаат мускулно скелетниот систем кај учениците. Сколиозата е на врвот меѓу најчестите заболувања на рбетниот систем кај основците. Статистичките податоци од охридскиот Центар за јавно здравје споредени за 2013 и 2018 година покажуваат дека од сколиоза најчесто страдаат школските деца, информира д-р Даниела Чинговска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје. „ Сколиозата е заболување кое во најголем процент околу 63...

Continue reading

Згрижувачки семејства во Охрид се бројат на прстите од една рака

Post Views: 0 Во Охрид и понатака нема интерес за загрижување на деца без родители. Згрижувачки семејства во Охрид кои се одзвале на повиците на Министерството за труд и социјална политика и кои прифатиле деца без родителска грижа се бројат на прстите од една рака , информира Ајтен Мусли директор на Центарот за социјални работи. „ Многу е мал бројот ,има само три семејства. Понекогаш се менува таа бројка , но има наши штитеници во Прилеп, Крушево, Струмица деца без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства. Кај нас е многу малку имаат по 2 – 3 деца згрижено, “ напоменува...

Continue reading

За прв пат во Охрид се одржува работилница за примена на техниката Access Consciousness

Post Views: 2 Ослободување од секојдневниот стрес и враќање на самодовребата се само дел од примената на техниката Access Consciousness. Надја Милевој од Хрватска три години ја применува оваа техника и Access Bars. Со тоа добив голема позитивна промена во животот. Ми се врати радоста бидејќи дотогаш животот ми беше тежок. Се ме попречуваше , но со примена на техниката почна да ми се отвара и менува животот, споделува Милевој. „ Лесно се учи. Се поставуваат прашања. Кога добивате мисла нешто ви доаѓа се прашувате дали е тоа мое или чие е тоа. И на тој начин ја тргате мислата и одите...

Continue reading

Општина Охрид подготвува план за одржлива урбана мобилност

Post Views: 0 95 проценти од 850 граѓани анкетирани од страна на општина Охрид сакаат центарот на градот да биде подостапен за пешаците, а 80 % не сакаат сообраќај во стариот дел од градот. Тоа ни дава за право да извлечеме заклучоци кои се потребите на граѓаните, вели Зоран Шиколоски раководител на одделението за сообраќај. Денес, во општина Охрид се одржа втората работилница за планирање на урбаната мобилност со кој ќе изработи план за одржлива урбана мобилност , напоменува Шикалоски. „ Треба да утврдиме што сакаме, а што не сакаме, што имаме, а што немаме. Да дадеме краткотрајни...

Continue reading

Локалната самоуправа ќе ангажира асистенти за деца и стари лица со посебни потреби

Post Views: 1 Локалната самоуправа ќе ангажира 9 образовни асистенти .Тие ќе работат со деца кои имаат лесна и умерена попреченост. За таа цел ќе бидат ангжирани лица кои подолго време не биле вработени, самохрани родители, млади лица до 29 години,корисници на социјална помош ,родители на деца со пречки во развојот, родители со 3 и повеќе деца. Образовните асистенти ќе стартуваат со ангжаман од почетокот на новата учебна година од 3 септември. Ќе работат во 5 охридски основни училишта во ОУ Христо Узунов, Григор Прличев, Братство Единство, Ванчо Николески од Лескоец и Св. Наум Охридски...

Continue reading

Локализиран пожарот кај селото Опеница

Post Views: 3 Локализиран и ставен под контрола пожарот во атарот на селото Опеница. Во моментов се работи на негова целосна ликвидација. За таа цел на терен се ангажирани лица од Македонски шуми од Охрид и Кичево, пожарникари и припадници на просторните сили на општинскиот штаб за заштита и спасување на единицата на Локалната самоуправа, информира Сашо Матлијоски , раководител на Дирекцијата за заштита и спасување. „ Опасност од разгорување на пожарот постои затоа има континуирана противпожарна стража. Горе има луѓе кои сега се во постапка да го ликвидираат пожарот каде што е жариштето...

Continue reading

Туристите најчесто ја користат премиум зоната за паркирање

Post Views: 3 Од ЈП се задоволни од начинот на функционирање на премиум зоната за паркирање на плоштад. Со цена од 100 денари паркинг за еден час се стави ред во сообраќајниот хаос кој се случуваше секое лето на овој потег, вели Гордана Јованоска директор на ЈП Билјанини извори. Целта на воведување на овој начин на наплата не ни беше да оствариме финансиски бенефит туку намалување на сообраќајниот хаосот, додава Јованоска и напоменува дека најчесто премиум зоната за паркирање ја користат туристите. „Повеќе странци и домашните гости. За некој да го види Охрид и да поседи еден до два...

Continue reading

Заврши уште едно успешно издание на „Охридско лето“

Post Views: 5 Фестивалот Охридско лето запиша уште едно успешно издание во богатата фестивалска историја, изјави директорката на оваа национална установа, Наташа Поповиќ на завршната прес-конференција. На фестивалските сцени годинава продефилираа 500 уметници од 23 земји од светот, но и гости од земјава и странство кои допатуваа за да ја следат фестивалската програма, рече Поповиќ, на завршната прес конференција. „Огромен беше бројот на оние кои бараа резервација за свеченото отворање што за нас е доказ дека „Охридско лето“ и годинава понуди квалитет што го препознаваат и надвор од...

Continue reading

Со претставата Одисеј се гасат светлата на 59 -то издание на Фестивалот Охридско лето

Post Views: 3 Претставата „Одисеј“ со која завршува Фестивалот Охридско лето е копродукциски проект на театрите „Гавела“ од Загреб, „Улисис“ од Бриони, Српскиот народен театар од Нови Сад, „Драма“ од Марибор, „Ателје 212“ од Белград, Стериин театар и Театар „Навигатор“ од Скопје. Александар Попоски режисерот на претставата кажа дека за да се донесе оваа претстава на Охридско лето и да се соберат актерите од сите овие куќи е како да се состави мозаик на камчиња, слики кои пред 5-6 години се растуриле по светот. „Овие луѓе патуваат, играат, настапуваат насекаде низ светот и воопшто...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top