Post Views: 0
За развој на земјоделието во земјите од регинов потребна е меѓусебна соработка и следење на европските примери. Само преку брзо прилагодување и користење на средствата од европските Ипард фондови земјоделието ќе го зголеми учеството во вкупниот домашен производ и ќе биде конкурентно на глобалниот пазар, порача ресорниот министер Трајан Димковски од форумот на тема “Одржливо земјоделие и руралниот развој за забрзување на ЕУ интеграцијата на земјите од Западен Балкан”.
„Пораката до земјоделците во регионот е за да бидеме конкурентни на големиот европски пазар...
Post Views: 0
Во Охрид и понатака најбарани се помали станови со една спална соба во центарот на градот. Купувачите бараат подобра катност на становите, со добар видик и паркинг простор, што пак од друга страна е многу тешко да се понуди, информира Александар Трајкоски од Агенцијата за недвижности Енхалеја, за моменталните состојби на пазарот на недвижности. Трајкоски кажува дека има благо покачување на цените на неджвижностите.
„Можеби 5 посто е зголемувањето на цената линеарно за сите. Некои станови од кои и јас се изненадив колку се зголемиле цените кои се блиску до езеро што не...
Post Views: 32
Ана Стојаноска е тениската спортска надеж на Охрид. Таа нижи успеси на тениските терени и турнири во земјава и надвор. Деновиве се закити со титулата државен првак во тенис во категоријата јуниори. На тениските терени вредно тренира тенис по 2 до 3 часа днeвно. Оваа 12 годишна основка од ОУ Христо Узунов со тенискиот рекет се дружи од својата 4-та година. За трудот кој го вложува во белиот спорт вели дека не и е тешко и дeкa има волја и дава се од себе да победува на турнирите.
„Сакам да се дружам со децата тенисери од Македонија на секој меч. Сконцентрирана сум, со...
Post Views: 1
Охридската болница е подготвена за надградбата на Националната платформа Мој термин со која задолжително мамографските слики ќе бидат независно анализирани од двајца радиолози, како што најави мианеистрот за здрвство Венко Филипче. Болницата има 3 специјалисти радиолози, информира Славица Малеска директор на оваа здравствена установа. Во болницата неколку години функционира мамограф и има тим на доктори кои се грижат за редовните мамографските прегледи на жените од регионот. Статитиката на охридскиот Центар за јавно здравје покажува дека во 2018 амбулантски биле лекувани...
Post Views: 7
Чехињата Илона Олахлова, менаџер на проекти од Европската Комисија со група млади луѓе од неколку Европски земји споделуваат искуства и контакти за соработка. Со програмата Еразмус плус младите луѓе добиваат можност да патуваат, да учат јазици и други култури, да ја подигаат свеста за маргинализираните групи и да ги вклучуваат во општеството. И самата, Олахлова , пред неколку години со програмата Еразмус плус дошла во земјава и го научила Македонскиот јазик. Таа се вклучила во проекти и вели се обидуваат да им понудат на младите луѓе да направат нешто ново, да научат...
Post Views: 2
Расте бројот на новорегистрирани бизниси на средни и мали претпријатија во државава. Од Републичкиот Централен регистер се задоволни како се користат во пракса услугите од нивниот нов проект Е- регистрација и Е- поднесување на пријави за отворање на сопствен бизнис, напоменува директорот на ЦР Марија Бошковска Јанковски.
„Во 2018 се регистрирани 4500 нови субјекти. Тоа е доволен знак дека е подобрена бизнис климата во државата за разлика од изминатите години каде што била помала бројката од тие 4500 субјекти. Според нашите мерења бројот е зголемен за најмалку 1000 нови...
Post Views: 5
Моштите на свети Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона ја благословија Струга. Стружани и бројни гости, 6 -та година по ред масовно со звукот на псалтите се движеа во долга свечена поворка носејќи го благословот на светецот. Еордијата во Струга е еден уникатен духовен настан кој што е многу повеќе од литија. Тоа е едно сеопшто славење на Св. Георгиј заштитникот на градот, кое трае три дена и не случајно го носи зборот еордија што значи празнување. Православните верници литијата ја доживуваат како голема радост и воскресение и од година во година ја одбележуваат...
Post Views: 5
Се очекува богата спортска есен на терените на СРЦ Билјанини извори. Од 5 до 12 октомври на спортските терени ќе се одржи камп на деца од Германски познати фудбалски клубови, а од 18 до 22 ќе се одржи и Балканскиот камп на фудбалери. Се очекува и одржување на државното првенство во бокс. Во тек е пријавување и на охридските компании за учество на баскет турнирот 3 на 3. Пријавувањето на компаниите е до 10 октомври. Минатогодишното искуство од одржувањето на турнирот покажа дека има голем интерес за ваков начин на дружење, а настанот доби не само спортско – забавен...
Post Views: 12
Градбата на ватерполо базенот кој почна да се гради во Охрид пред 4 години добива контури кои ја загрижуваат јавноста. Се почесто охриѓани се прашуваат каков објект се гради на СРЦ Билјанини извори, станбен, деловен или затворен пливачки базен. Охриѓани со нетрпение очекуваат градот да го добие затворениот базенот со димензии 37 метри на 25 метри. Од Агенцијата за млади и спорт кои се инвеститори на изградбата на базенот во вредност од околу 5 милиони евра, смируваат дека течат градежни работи на затворениот базен и во моментов се поставуваат од армиран бетон монтажни...
Post Views: 7
Компанијата Билјанови од Струга е мало производствено претпријатие во преработката и конзервирањето на месни производи. Во месниот бизнис имаат долга семејна традиција од 6 генерации. Билјанови, споделуваат позитивно искуство од досегашното искористување на средствата од Ипард фондовите. Препорачуваат и останите домашни компании да аплицираат за да користат средства од ИПАРД програмите.
„ Кога почнавме имавме инсталиран капацитет од 2 тони дневно. Со двете инвестиции од ИПАРД се зголеми на 5 тони дневно инсталиран капацитет. И во иднина ќе ги користиме ИПАРД фондовите...
Post Views: 0
Да избереме Совет кој ќе ги става интересите на градот над сите други интереси. Во минатото сведоци сме на изгласани точки кои биле од корист само на поединци. Вистинските одлуки значат просперитет, а погрешните уназадување, порача Науме Јовансоки Чакар, носител на советничката листа од редовите на СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина.
Гласот за најдобриот градоначалник мора да оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа. Не давајте глас за советници кои се подготвени да блокираат. Не им дозволувајте за пуста партиска превласт да го кочат развојот...
Post Views: 0
Со нови методи ќе се следи квалитетот на воздухот во Охрид. Градот доби седумдесет илјади евра во опрема за поставување на 11 сензори и 15 филтри на јавни и приватни објекти. Тоа се средства од проектот Балкан нет програма од ИПА фондовите на ЕУ, за меѓугранична соработка на 5 земји, Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Кипар. Охрид не спаѓа во критичните градови со енормно аерозагадување и нема мерна станица за квалитетот на воздухот. Со овој проект, сега добива можност да го следи квалитетот на амбиенталниот воздух, вели Дарко Блинков од Државниот инспекторат за...