Автор: Валентина Неловска

Охриѓани заинтересирани за користење на средства од ИПАРД Програмата

Post Views: 3 Голем интерес пројавија охриѓани за начинот на аплицирање и користење на средствата од Ипард програмата. Тие се едуцираа на инфо денот кој се одржа во Охрид во организација на Телото за управување со ИПАРД фондовите од ресорното министерство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Главниот фокус беше ставен на мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Повикот за оваа мерка беше објавен на 4. октомври и ќе трае до 18. ноември 2019 година. „Корисници на оваа мерка може да се правни и физички лица. Физичките лица треба да...

Continue reading

јахја кемал

Врачени дипломите на матурантите од ПСУ Јахја Кемал

Post Views: 11 Стреужанката Настасја Краљевска е дел од 58 матруранти од приватното средно училишет Јахја Кемал. Таа и нејзините школски другари ги добија завршните дипломи. Краљевска своето школување ќе го продолжи на Љубљанскиот универзитет на политички науки. Во иднина себе си се гледа како дипломиран комуниколог. Од четиригодишното школување во Јахја Кемал, вели дека ќе замине понатака во животот со богато искуство и стекнато знаење. „Се чувствувам прекрасно како и сите 4 години поминати во ова училиште. Едно прекрасно едукативно искуство, пред се забавно за учениците. Во ниеден...

Continue reading

Охридските гимназијалци добиваат можност за две годишна стипендија во Британските училишта

Post Views: 8 Во охридската гимназија денес беше претставен HMC Projects кој доделува стипендии за средношколци. Учениците на возраст од 15 и 16 години добиваат стипендија за две годишно школувањето во некое од училиштата во Англија. Весна Цветкоска директор на гимназијата Св. Климент Охридски вели дека е добра можност учениците да аплицираат и да ја искористат оваа понуда. „Секако квалитетот на децата ќе е примарен.Нема да е одлив на млади, она што ни случува  туку да се вратат назад. Има веб страна за услови кои треба да се исполнат и преку интервјуа ако успеат да земат стипендиии...

Continue reading

Учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Пиштошески“ постигнаа резултати на два меѓународни натпревари во неколку диспциплини

Post Views: 2 Со учество на два меѓународни натпревари ученици од ДУТ „Ванчо Питошески“ му донесоа забележителен успех на школото. Освоија пет сребрени и бронзени медајли во неколку дисциплини. На натпреварот Гатус во Пореч учествуваа 9  мина ученици во конкуренција од 13 Балкански држави. Се вратија дома со две сребрени медалји во дисциплините барменство и поставување маса и туристички аранжман, а бронза добија за готварство и слаткарство. На домашен терен пак , на Гастромак Охрид , исто така, претставници од школото постигнаа забележителен резултат. За подготвување на паста заработија...

Continue reading

Министерството за култура одобри средства за замена на крововите и конзервација на фрескоживописите во три цркви

Post Views: 1 Ќе започнат санации и конзерваторски зафати врз значајно недвижно кулутурно историско наследство во Охрид. Од НУ Завод за заштита на спомениците и музеј прават подготовки за санација на кровни конструкции на неколку цркви како и на заштитени објекти во приватна сопственост во охридското градско јадро и во Струга. Министерството за култура одобри средства за отпочнување на заштита Охрид за три цркви посветени на Света Богородица и тоа Болничка, Челница и Захумска, информира Даниела Недељковиќ , в.д. директор на НУ Завод и Музеј. Прво ќе им се заменува кровот па ќе се...

Continue reading

Центарот за јавно здравје подготвува мобилна апликација за квалитетот на водата од артерските и јавните чешми

Post Views: 2 Се подготвува карта на јавните чешми и артерските, подземни води од кои се пие вода на јавни места во Охрид. Податоците ќе бидат достапни на веб страната на Центарот за јавно здравје, но и на мобилна апликација. Јавноста ќе има постојано информации каков е квалитетот на водата за пиење од чешмите, но и на брегот на Охридското езеро. Регистерот со податоци го подготвуваат од Центарот за јавно здравје , а ќе биде во употреба од идната пролет. Засега се мапираат артерските чешми на јавни места како кај ОУ Григор Прличев, кај Комерцијална банка и пазарот, а дополнително...

Continue reading

Во завршна фаза е изградбата на училишната спортска сала во ЕМУЦ Св Наум Охридски

Post Views: 1 Електро машинскиот училишен центар Св. Наум Охридски ќе добие современа спортска сала. Во внатрешноста се местат спортските реквизити. Од идната недела се очекува да се направи технички прием на објектот по завршување на приклучоците на градската комунална инфраструктура, информира Сашо Недески, директор на ЕМУЦ Св. Наум Охридски. Салата е со површина од 650 метри квадратни со што ученициите добиваат одлични услови за изведување на наставата по спорт. „Не само за учениците туку и за околината ќе може да ја користат сите од градот за рекреативни спортски цели по завршување...

Continue reading

Тротоарот на Булевар Туристичка со пресекот на улица Стив Наумов наскоро ќе добие слој асфалт

Post Views: 21 Слој асфалт наскоро ќе биде поставен на тротоарот на Булевар Туристичка во населбата Лескајца, ветуваат од Фондот за комунален развој. Овој дел од улицата за пешаците е проблематичен подолг период. Оние кои секојдневно минуваат на Булевар Туристичка на пресекот на улица Стив Наумов неасфалтираниот дел од тротоарот во должина од околу 50-тина метри го оневозможува нормалното движење по зоната предвидена за пешаци. Родителите посебено стравуваат за безбедноста на учениците кои посетуваат настава во основното училиште Братство Единство. Тие честопати се принудени тој дел...

Continue reading

Есма Ќазим е млада модна дизајнерка која го живее својот сон

Post Views: 4 Охридската модна дизјанерка Есма Ќазим својата уметничка енергија ја трансформира во модни креации. Среќна сум што создавам модели, а посебно задоволство ми се креациите со вез врз кои оставам свој белег каде што можам да ги истакнам и да почуствувам дека тоа сум јас Есма, вели со насмевка оваа млада дизјанерка. Есма потекнува од семејство каде што неколку генерации негувале занаетчиска уметност, почнувајќи од нејзината баба која била позната моделарка, мајка и која везела, дедо и работел бакарни производи, а  татко и изработува филигрански накит. Љубовта кон занаетчиството,...

Continue reading

Treck me организираа промотивна рекреaтивна тура низ Галичица

Post Views: 4    Четириесетина љубители на природата два часа беа дел од промотивнатa пешачка тура на атрактивната патека која води низ НП Галичица. Маја Чубриќ и Душица Матова, локални партнери од Treck me ја промовираа живописната, рекреaтивна тура која се протега над Охридското езеро во дoлжина од 9 км. „ Турата почнува од селото Велестово води кон Шипокно, па кон Горно Коњско. Вообичаено место за одмор е добро позната тераса „Утарна “ од Горно Коњско која нуди домашна, традиционално подготвена храна. Имаме мала пауза и продолжуваме кон селата Шипокно и Велестово и на крај денот...

Continue reading

Сопствениците на приватни рибници ќе добијат финансиска поддршка од државата

Post Views: 4 Министерството за земјоделие го објави јавниот повик за реализација на мерките од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура за 2019 година. Сопствениците на приватни рибници добиваат можност за финансиска инјекција за подбрување на својот бизнис и зголемување на прозиводството на риба.„ Тоа се 40 посто каде се покриваат трошоците од помладок во нивните рибници, средства од Националната програма“, напоменува Димковски. Ресорниот министер, Трајко Димковски напоменува дека со тие средства ќе можат да се направат развојни, истражувачки и апликативни...

Continue reading

Струшката фирма „Летница- Белвица“ и официјално е новиот концесионер на Охридското езеро

Post Views: 12 „Подобро е да има концесионер кој ќе воведе ред. Инспекторите ќе имаат контрола. Ќе излезат на терен ќе направат увид.  Од  информациите кои ги имаме некои мрежи се запленети и инспекторите  ќе имаат кого да повикаат. Кога немавме концесионер имаваме полоша состојба. Никој  не стопанисуваше и рибокрадството  имаше послободен простор. Сега знаеме каде да интервенираме, кого да пријавиме. Од Институтот Хидробиолошлошки подготвуваат програма за порибување. Ако немаше концесија не можевме да имаме порибување“ ,кажа министерот  Трајан Димковски. 

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top