Post Views: 0
Во овој зимски период охриѓани, но и граѓани од цела Македонија заминуваат на зимски одмор во познатите ски центри. Најмногу се барани аранжманите за зимување на дестинации во Бугарија и Србија, информира Јаким Маленко од ТА Вис пој.
„Тоа се центрите во соседна Бугарија, Боровец и Банско. Од оваа година и Пампорово почна да станува интересна дестинација. Доста граѓани се одлучуваат да се одмараат и таму како помирно место и нешто ново. Во тој поглед , предност имаат соседните држави, покрај Бугарија тука е и Копаоник. Но, се патува и во останатите Европски држави Австрија,...
Post Views: 1
Стојмир Барач е еден од припадниците на српската заедница во Охрид и член на друштвото Коштана. Барач раскажува дека во Охрид е преку 5 децении, тука завршил училиште, се вработил, се оженил, создал семејство. Денес, празникот Св. Сава го одбележаа заедно со своите роднини, соседи пријатели со богата трпеза и музика. Раскажаува како Србите живеат во Охрид.
„Српската заедница живее како сите граѓани во Охрид, ни добро ни лошо. Се снаоѓаме во ситуацијата такава како што е. Секој настојува да живее подобро и да му биде подобро. Тоа е исконски во човекот да се бори за подобро....
Post Views: 1
Интензивно се работи на прочистување на колекторскиот систем после 30 години од неговото ставање во функција за заштита на Охридското езеро. Екипите од Еко тим,Скопје, подизведувачи на хрватската фирма Индеко, која го доби тендерот за изведување на работите, кажуваат дека користат најсофистицирана компјутерска технологија во работата која се изведува без ископи. Започнале со чистење на пумпните станици од талог на суво, се мнуваат лежишпта и редуктори, вели Игор Атанасовски, машински инжинер од оваа фирма.Тој при тоа кажува кои се најчестите причини за затнување на најкритичните...
Post Views: 3
Националниот парк Галичица, конечно, ја напушта доскорешната пракса на самофинансирање од продажба на огревно дрво од сеча на шума. Сега се свртуваат кон обезбедување на средства од туристички активности. Со тоа НП Галичица почна да го следи управувањето со природните ресури на национални паркови во западно европските земји, информира Андон Бојаџи од НП Галичица.
„Во 2020 нема да има огревно дрво за продажба. Сите кои во минатото се снабдуваа со огревно дрво од ЈУ НП Галичица ќе треба да се обратат во Македонски шуми, шумско стопанство Галичица“, укажува Бојаџи.
Во...
Post Views: 13
Практична работа ќе се воведува во наставниот процес во сите стручни училишта. Се продолжува со започнатиот процес на реформи како што е примерот со дуалното образование во средното стручно улилиште „Св Наум Охридски. Ученици од електро- машинското училиште 2 години изведуваат практична настава во компаниите ОДВ, Костал и Леарница, а со поддршка од Делегацијата на Германското стопанство. Од примерот на ова училиште се констатира дека на овој начин учениците добиваат повеќе знаење и вештини и се поподготвени во производниот процес, кажа Мила Царовска, вицепремиерот за...
Post Views: 5
Десетина нови фиданки се засадени кај каналот Студенчишта. Тие се посадени по сечата на повеќе стебла брези за кои Комисијата за сечење дрва дала согласност дека се опасни за минувачите, вели општинскиот портпарол Томе Џамтоски.
„На секое пресечено дрво се разбира со дозвола од нашeто одделение за животна средина пропорционално на дебелината на исечените стебла се засадуваат 1, 2 или повеќе дрва“, вели Џамтоски. Општинскиот инспекторат е задолжен за контрола дали се почитуваа законските одредеби и решенијата од Комисијата која издала согласност дали се заменети исечените...
Post Views: 0
На вратата на ЦК секојдневно се појавуваат граѓани во социјален ризик кои бараат најразлични видови на помош , вели секретарот на ООЦК Мимоза Ставрева. Помагаме во различни ситуации со храна, облека, за лекување, со покуќнина, додава таа. Тоа го правиме преку различни програми, собирни акции и донации од општествено одговорни фирми и поединци. Минатата година помогнале на повеќе охридски семејства во социјален ризик и им овоможиле поудобен дом за живеење.
„Направивме уредување на купатило, уредување дневна и детска соба или купување на неопходни технички апарати во домаќинството...
Post Views: 1
За да се одржи статусот на Охридскиот басен како дел од културното и природно Светско наследство под Унеско од двете страни на езерото се формира Меѓудржавен Комитет за заштита, помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Едмонд Адеми, претседателот на Националниот комитет на Унеско, кажа дека во иднина двете земји ќе имаат обврски и задачи во процесот на менаџирање на сите активности кои се однесуваат на Охридскиот регион.
„Сите одлуки ќе се носат со консензус било да станува збор за рибниот фонд, заштитата на културното и природното наследство или други...
Post Views: 3
Граѓани поединци сеуште се со ниска комунална свест. По улиците се фрлаат разни видови ситен отпад почнувајќи од догорчиња на цигари па се до хартиени паковки од чоколадо или пециво. Службите на комуналец се трудат да ја одржуваат хигиената на улиците и тротоарите и секојдневно метат големи количини на расфрлан ситен отпад, вели Љупчо Граданоски директор на ЈП Охридски Комуналец.
„Улиците и тротоарите се метат од 5 часот наутро од единиците за јавна хигиена. Има потреба од чистење, има секојдневна собирање на поголеми количини ситен отпад. Не можам да споредам како...
Post Views: 12
ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги заменува блокаторите со платни налози за неплаќачите на јавниот паркинг. Оваа мерка ќе се применува од 20 јануари за неплаќање на користен јавен паркинг во А и Б зоните, информира Гордана Јованоска директор на ЈП Билјанини извори кое стопанисува со јавниот паркинг простор во градот. Недиспциплинираните возачи ќе имат можност казната да ја платат веднаш или за 8 дена, а по истекот на овој рок се активира преку извршител.
„Охриѓани се дисциплинирани плаќачи, но има луѓе кои се инаетат и не сакаат платат. Има проблеми, расправии со вработените...
Post Views: 10
Охриѓани кои имаат вишок на покуќнина и мебел имаат моженост да ги донираат во ОО на Црвен Крст. Тие ги кординираат потребите на граѓаните во социјален ризик со граѓаните кои имаат нешто да подарат, информира Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК.
„Се јавуваат луѓе во Црвен крст. Пуштаме наша екипа да види дали мебелот е функционален, се сликаат понудените делови од покуќнината во каква состојба се. Потоа од нашата дата база на податоци ги контактираме лицата од социјален ризик кои имаат потреба од разни видови на мебел“, објаснува Точков како функционира конекцијата...
Post Views: 5
Боки 13 и Катица Јанева, но и многу други маски продефилираа, синоќа, на традиционалниот Курајчки карневал. Голем број на гости и учесници беа дел од традиционалниот карневал кој е со долга традиција во ова охридско село и годинава се одржа по 22-ри пат. Со музика, песна и смеа се одбележа празникот Василица. Василичарите беа маскирани и на шегобиен начин преку различни маски придонесоа за веселата празнична атмосфера. Беа прикажани разни маски инспирани од многу теми, а не изостанаа секако и политичките случувања во земјава.
Месната заедница од село Куратица, здружението...