Автор: Валентина Неловска

Тројца учесници во сообраќајот настрадале на некој од кружните текови во Охрид

Post Views: 6 Се подобрува сообраќајната безбедност и се зголемува протокот на возила на Булевар Туристичка по воведувањето на кружните крстосници, информира Стефан Димоски портпарол на СВР. Додава дека се бележи континуиран пад на бројот на случени сообраќајни несреќи меѓу моторните возила и другите учеснци во сообраќајот во близина на кружните раскрсници. Во првите два месеца од оваа година, во и околу раскрсниците со кружен тек на сообраќајот, на Туристичка, евидентирани биле три сообраќајни несреќи во кои двајца пешаци и еден велосипедист се здобиле со тешки телесни повреди. „Најчести...

Continue reading

Вмро Дпмне: И понатака се депонира градежен шут и ѓубре на Мауцкер

Post Views: 1 Власта на СДСМ се однесува несериозно кон животната средина и создава депонија на Мауцкер и не се грижи за зачувување на статусот на УНЕСКО. Локалната власт на СДСМ секојдневно депонира градежен шут и ѓубре на локацијата Мауцкер, иако тоа е забрането, обвинуваат од ОК Вмро Дпмне. Прашуваат зошто и покрај забраната и спротивно на законите повторно се одлага ѓубре на Мауцкер. „Зошто распишавте тендери и потрошивте милиони, а сликата од Мауцкер го кажува спротивното? За жал вистината е дека останаа само лажните изјави дека наводно е отстрането ѓубрето. Градоначалникот Георгиески...

Continue reading

Ќе се изготвува Стратегија за развој на туризмот во општина Охрид

Post Views: 1 Градот ќе работи Стратегија за развој на туризмот која треба да ги вклучи сите субјекти кои учествуваат директно или индиректно во развојот на туризмот. Последното истражувања за сликата на туристичкиот импакт во Охрид не е многу поволна. Ова го покажа стручната анализа изработена од тимот професори од ФТУ. Меѓу економските показатели еден од најпоразителните факти е податокот дека иако расте бројот на посетители во земјава опаѓала сумата од потрошувачката на пристигнатите гости. Со стратешките насоки градот треба да избира каков туризам ќе развива масовен или елитен. „Тоа...

Continue reading

Граѓаните габаритниот отпад може да го пријавуваат на еко линија

Post Views: 2 Се загадува животната средина и се расфрла секаков вид дотараени електрични и електронски апарати, а постои можност да бидат бесплатно подигнати од домовите. Лиценцираното друштво за управување со отпад „Нула отпад“ ги собира габаритни непотребни електронски и електрични предемети како фрижидери, шпорети и слични апарати од домаќинството. Пријавувањето е на Еко-линијата 070 23 60 00 информира Билјана Костадинова маркетинг агент од оваа компанија. Компанијата паралелно работи на едукација за подигнување на еко свеста кај граѓаните , но сепак има грешки заради несовесно...

Continue reading

Општина Дебрца со над шестотини илјади евра ќе ја подoбрува локалната патна инфраструктура

Post Views: 1 Општина Дебрца доби над 676.000 евра средства за подoбрување локалната патна инфраструктура од владиониот проект за поврзување на локалните патишта. Овие средства се добредојдени за општина Дебрца вели градоначалникот Зоран Ногачески. „Ние веќе имаме аплицирано со еден проект до Министерството за транспорт и врски. Тој е препратен на одобрување кај Светска банка бидејќи проектот е со заем од Светска банка. Се работи за реконструкција на патниот правец од Белчиша до Злести во должина од оклку 3 км и изградба на една заобиколница околу селото Злести“.   Општината со ресорното...

Continue reading

Ридот над Чекоштина секојдневно се затрупува со разни видови отпад

Post Views: 2 Разни видови отпад се растовараат и се затрупува шумата на ридот Чекоштина. Со тоа продолжува да се загадува природата и животната средина во овој пригардски дел од градот каде што живеат околу 100 тина семејства . До загaдувачите не допираат поставените табли со натписи кои укажуваат на еколошката свест до несовесните кои се ослободуваат од отпадот на крајно несоодветни места како што е шумата, вели екологистот Ванчо Стојаноски. „Инспекторите многу добро знаат како ефикасно и ефтино да го решат проблемот. Со поставување на мала камера која ќе следи 24 часа. Денес има...

Continue reading

Се зголемува бројот на охриѓани кои примаат трета доза вакцина

Post Views: 2 Над 120 охриѓани ја примиле третата доза на вакцина по препорака на Националната комисија за имунизација, информира д-р Соња Мариноска, раководител на Службата за здравствена заштита на деца и младинци. Бустер доза може да примат граѓаните кои пред три месеци се имунизирале со кинеските вакцини, а по шест месеци лицата кои примиле вакцини на Спутник, Фајзер и Астра Зенека. На трета доза со вакцината Фајзер се одлучиле граѓани над 50 години, а меѓу нив има лица од различни професии меѓу кои и вработени во образование и здравство. Оваа бројка на имунизирани лица постојано...

Continue reading

Во регионов инфективен оддел има само Општа болница Охрид

Post Views: 22 Инфективен оддел за лекување на пациенти од различни видови инфективни болести има само во охридската болница. Голем број на пациенти од целиот регион добиваат медицинска помош при потешки здравствени компликации од сезонски грип или вирозни и во лето и во зима. Она што загрижува е што на инфективното одделение болничките услови се лоши. Објектот каде што е сместено одделението е многу стар иако овде се лекуваат повеќе од 1.000 пациенти годишно. Располага со 6 соби и капацитет за лекување од околу 20- тина пациенти. Медицински се згрижуваат пациенти од Охрид, Струга,...

Continue reading

Одбележани 76 години од смртта на охридскиот револуционер од НОБ Андон Дуков и изведувањето на Фебруарскиот поход

Post Views: 3 ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца , претставници од ЛС , почитувачи на борците за слободна на Македонија од НОБ им одадоа почит на револуционерот Андон Дуков и изведувањето на Фебруарскиот поход во 1944 година. Се одбележаа 76 години од двата настани , од смрта на Андон Дуков и изведувањето на Февруарскиот поход. „Борбата зеде бројни жртви пред кој ние се поклонуваме и чие дело го славиме. На овој ден им оддаваме почит за нивната пожртвуваност, храброст, борбеност, истрајност и визија. Без почит кон минатото нема просперитетна сегашност ни подобра иднина. Денес...

Continue reading

ЈП Градски пазар врши продажба на метални тезги

Post Views: 2   ЈП Градски Пазар Охрид, врши продажба на расходовани метални тезги, поставени на отворениот Зелен Пазар на Бул. Туристичка бр. 79.  По Одлука на Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар Охрид бр. 02-117/7 од 14.02.2020 година, ЈП Градски Пазар ќе врши оттуѓување на расходовани метални тезги и тоа: -Комплетни метални тезги за расходовање по цена од 2.000,00 денари/парче -некомплетни метални тезги за расходовање по цена од 10,00 денари /кг Продажбата ќе се врши од 02.03.2020 до 06.03.2020 година , во стариот отворен Зелен Пазар од 08.00 до – 14.00 часот

Continue reading

Oдбележана годишнината 145 години од раѓањето на Кирил Прличев

Post Views: 49 Се одбележаа 145 години од раѓањето на Кирил Прличев револуционер, новинар, писател, преведувач. Во Прличевата одаја на НУ Библиотека Григор Прличев се одржа историски час за неговото општествено и револуционерно дело посветено на самостојноста на македонската државност. Денешното одбележување на годишнината од раѓањето на синот на охридскиот Хомер, големиот охриѓанец Григор Прличев, во организација на општина Охрид. За неговата општествена дејност осврт даде Живка Ангелоска, претседател на Советот на Охрид. „ Кирил Прличев е македонски патриот, револуционер, журналист,...

Continue reading

Природни реткости крие блатното езерце Сино Дувло во Белчишкото блато

Post Views: 9 Со подводни активности на охридкси нуркачли се  разоткриени  тајните на Белчишкото Блато кое се нарекува и Сини вирој. Охридските нуркачи од центарот  АКВАТЕК  и Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016″ од Охрид  регистрирале многу природни особености во најголемото блатно езерце Сино Дувло. Со нуркањето е утврдено присуство на бројни подводни карстни извори кои го хранат езерцето со вода, речиси исти како Светинаумските извори од езерцето формирано од истекот на Црн Дрим. Подводните богатството покрај со вода изобилува и со рибна фауна.Од подводните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top