Автор: Валентина Неловска

Зголемен бројот на повици во охридската итна медицинска помош

Post Views: 8 Граѓаните деновиве многу почесто од вообичаено го вртат бројот на Итната медицинска помош. Зголемениот број на повици се однесуваат на здравствени проблеми од кои граѓаните креваат паника, вели д-р Ајсел Зејноска, директорот на Здравствен Дом. „Дуплирани се повиците затоа што граѓаните паничат викаат за обична настинка, зголемена температура, вртат на 194, тимовите на итна медицинска помош се должни да дојдат на повик, ги смируваат пациентите. Апелирам да сите да се смират, трезвено да се придржуваат на сите препораки на министерството за здравство и се ќе биде во ред,...

Continue reading

Околу 150 припадници на МВР и Армијата се ангажирани за обезбедување на кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа

Post Views: 19 Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешани работи инфромира за 14 нелегални обиди на граѓани да го напуштат кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа . Тие се обиделе да ги напуштат Дебар и Центар Жупа без лекарска согласност и биле спречени од полицајците кои го обезбедувале реонот. „Од страна на одделот за Специјални полициски операции, има 14 обиди за напуштање на кризното подрачје без лекарска согласност тоа е на подрачјето на општина Дебар и Центар Жупа. Извршено е обезбедување и придружба на 22 дотури на намирници на територија на кризното подрачје. Овозможено...

Continue reading

Директорот на охридскиот дом смирува нема место за паника

Post Views: 14 Паника внесе кај студентите и родителите вчерашната информација од работната средба во охридската локална самоуправа дека во случај на потреба студенскиот и училишниот дом ќе бидат пренаменети во центри за карантин за изолација и лекување на лесни случаи заболени од Ковид-19 во општина Охрид. Веднаш почнаа јавувања од родителите кои загрижени прашуваа како се ќе се одвива, информира директорот м-р Жарко Куциноски од СД Никола Карев. „ Апелирам да нема паника да не се создава страв кај студентите и родителите, домот нормално функционира, нема заболени нити некој сместен...

Continue reading

Студенскиот и училишниот дом ќе се пренаменат во центри за изолација

Post Views: 1 Градоначалникот Константин Георгиески го свика координативното тело кое презема оперативни мерки за справување со коронавирусот во општина Охрид. Донесени се низа конкретни мерки кои ќе се имплементираат во таа насока, информира Георгиески. На состанокот беа присутни претставници од Центарот за јавно здравје, директорите на здрвствените установи и приватните матични лекари, сите директори на ЈП , Пазарниот инспекторат, како и директорите на Студенскиот дом и училишниот интернат на угостителското училиште чии обејкти ќе се адаптираат за лекување на полесни случаи од корновирус. „Двата...

Continue reading

Дезинфекцијата на јавниот превоз делумно се почитува

Post Views: 21 Дополнителната законска обрска за заштита од заразни болести за дезинфекција на јавниот превоз досега ја испочитувале поголемиот дел од автобуските и комби превозници кои вршат линиски и меѓуградски превоз. Меѓу одговорните компании кои го испочитувале Законот за заштита на населението од заразни болести, а со тоа покажале и грижа за здравјето на нивните корисници и вработени се Ад „Галеб, Пупе компани, Експрес Димакс, Дебрца Експерес, Бале турс, информира Сашо Точков, директор на Центарот за јавно здравје. Службите на Центарот се единствената јавна здравствена установа...

Continue reading

Не се усвои урбанистичка планска документација за изградба на бетонски бази

Post Views: 5 Охрид не доби локација каде што ќе се дислоцираат бетонските бази од населените места. Пропадна предложената локација во близина на Мауцкер , во КО Долно Лакочереј на 6 хектари. Ова го одлучија повеќето советници иако досега градот немаше локација. Раководителот на секторот за урбанизам образложи зошто ја избрале таа локација според која согласно Законот за просторно урбанистичко планирање требаше советниците да дадат зелено светло за локална урбанистичка планска документација каде што ќе се градат бетонските бази. „Ние сметавме дека најсоодветно место да се дислоцираат...

Continue reading

Точката за продолжување на мораториумот не беше ставена на дневен ред

Post Views: 8 Точката за продолжување на мораториумот за градење како дополнителна точка од сферата на урбанизмот не се најде на денешниот дневен ред на седница на градскиот Совет. Гордана Коњаноска, од опозицијата ВМРО ДПМНЕ, побара оваа точка да се разгледува на посебна седница. „Имаше доволно време и роковите беа познати и нема оправдани да се носи ваква точка под превезот на итност без можност советот детално да се запознае со содржините на материјалот кој денес треба да се разгледува и носи. Ние како совет ќе побараме на наредната седница само со таа точка на дневен ред да биде...

Continue reading

Таксистот Ацо Бакрески позитивен пример во заштитата од корона вирусот

Post Views: 0 Таксистот Ацо Бакрески  е возач од компанијата Сузики .Тој презел мерки на самозаштита, но и на патниците кои ги вози. Самоиницијативно во неговата секојдневна работа заради заштита од болеста набавил ракавици, маска и спреј со дезинфекционо средство.     „ Може некому ќе му е смешно, но ова е сериозно . Не знам како ќе го толкуваат  луѓето ова , не знам, но давам апел за користење на самозаштита која би требало да помогне. Кризниот штаб да им препорача на газдите на такси компаниите да ги дезинфицираат возилата“, порачува Бакрески.

Continue reading

„ Екотим“ бара соработка со граѓаните во термините кога ќе се изведуваат работи инсталирање цевка во цевка

Post Views: 2 Фирмата Еко тим која работи на санација на колекторскиот сиситем бара од граѓаните иинстиутциите соработка при изведување на градежните зафати. Во периодот кој престои, ќе почне изведување на методата инсталирање цевка во цевка. При процесот ќе мора да се прават бај пасови со кои краткотрајно ќе се наруши сообраќајниот режим посебно кај Лагадин и Далјан. Исто така, при процесот на работа во цевките нетреба да има допир со други материи кои би направиле проблем при обложувањето на цевководот. Од Еко тим замолуваат граѓаните во одреден период од денот за кој ќе бидат информирани...

Continue reading

Започна дезинфекција на јавниот превоз на автобусите на автопревозната компанија Галеб

Post Views: 85 Почна дезинфекција на сите 80 автобуси на автопревозникот Галеб кои возат на меѓународни, републички и локални линии. Почнавме со превенции и претходно со едукација на возачите и вработените како да се заштитат себе си , но и патниците вели Димитар Василески директро на АД Галеб. „Денес вршиме и дезинфекција и ќе ги опремиме вработените возачите и шалтерските работници со заштитни маски и ракавици. Тоа е максимумот кој што може да го направиме како фирма“, вели Василески. Центарот за јавно здравје ги следи препораките и обврските во делот на секој кој обавува автобуски...

Continue reading

Во Охрид побарувачката на станови бележи пораст, а во соседна Струга е во опаѓање

Post Views: 11 За купување стан во Охрид на прва крајбрежна линија купувачот ќе плати и до 1500 евра за метар квадратен , а во Струга 800 евра. Агенциите за недвижности во двата соседни града имаат различна понуда и побарувачак ,а со тоа и движење на цените на пазарот на недвижности. Наташа Спасеска Цветкоска, од охридската Агенција за недвижности Капитал, информира дека иако понудата на станови е во опаѓање побарувачката на недвижности се зголемува. Според таквите движења на пазарот цената во Охрид бележи пораст и до 20 посто. Цените на недвижностите во изминативе години паѓаа, но...

Continue reading

На Преспанското Езеро му се заканува катастрофа доколку не почнат разумно да се користат неговите води

Post Views: 5 Критична е состојбата на Преспанското езеро со намалување на нивото на водата не само во последниве месеци туку во последнава деценија, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот институт. Бесмислица и не точна е последната информација дека Охридското Езеро истекува од месноста Казан пред с. Стење. За намалувањето на водостојот покрај сушата виновници се и земјоделците од двете страни на езерото со исклучок од албанската страна. Земјоделците ги користат водите за наводнување на своите овошни насади од двете страни на езерото . „Виновници сме ние и Република Грција бидејќи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top