Автор: Валентина Неловска

ЈП Комуналец секојдневно ги дезинфицира градските и приградските улици, тротоари , паркинзи

Post Views: 0 Секојдневно се дезинфицираат градските и приградските улици со две цистерни, информира Стевчо Маслов ОД ЈП Охридски Комуналец. Во вонредни услови, според програмата за работа градот е поделен на 4 зони и покрај улиците се прскаат тротоарите, паркинзите, игралиштата, автобуските постојки. Денес се прскаа Кејот, Чаршијата, населбите Билјанини извори и Гоце Делчев, селата Косел и Вапила. Имаме за прскање по две села во програмата секој ден. Користиме дезинфекционо средство Дизентал кое го имаме во доволни количини , кажува Маслов. „Тоа е концентриран раствор се меша со...

Continue reading

Во вонредни услови започна да функционира за сите училишта првата националната програма за далечинско учење

Post Views: 9 Од денес започна да функционира за сите училишта националната веб платформа за образование. Досега, наставницте од средните и основните училишта изведуваа интернет настава индивидуално прилагодена секој како знае и умее. ТВМ Телевизија ги контактираше директорите на неколку основни и средни училишта како ќе се одвива наставната програма и отценувањето на знаењето на учениците во овие вонредни услови. Сите ги очекуваат препораките на МОН и Бирото за развој на образованието. „Размислуваме да одржиме наставен совет преку on -line платформата и ќе ги слушнеме искуствата...

Continue reading

Не е загрозено снабдувањето со крвни деривати по затварање на одделот за трансфузилогија во Охрид

Post Views: 0 Службата за трансфузиологија во Охрид целосно е преземена од одделението кое што се наоѓа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Трансфузиолошкото одделение во Охрид е затворено. Епидемиолозите одлучиле 10 мината вработени лекари, медицински и помошен персонал од одделението да бидат во домашна изолација. Иако сите вработени не биле во директен контакт со пациентот кој подоцна бил дијагностициран со Ковид 19 се наоѓаат дома, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека во моментов во Охрид има доволно единици крв и крвни...

Continue reading

Граѓаните кои не ги платиле сметките за струја нема да бидат исклучени од електричната мрежа

Post Views: 2 ЕВН Македонија нема да ја исклучува струјата на граѓаните кои не ги подмириле сметките за потрошена енергија, уверува Атанас Ковачески портпарол на компанијата за снабдување со електрична енергија. ЕВН ќе ги следи препораките на Владата и Регулаторната комисија за енергетика и ќе ги преземе сите мерки за спречување на корона вирусот и ќе ги заштити и корисниците и своите вработени, вели Ковачески. „Никој не треба да биде загрижен за дистрибуција на електричната енергија и одржувањето на системот за дистрибуција. Тоа е работа на ЕВН. Снабдувањето со електрична енергија...

Continue reading

Во охридскиот центар за јавно здравје земени материјали за скрининг тестови на 5 лица

Post Views: 0 Центарот за јавно здравје утрово започна со скрининг тестови кај пет лица за Ковид 19. Брисевите се земаат од грло и нос од страна на стручни лица од центарот соодветно опремени за оваа постапка, вели Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. „На пациентите кои претходно преку матичниот лекар добиле термин за да се изврши таа услуга доѓаат во центарот. Сите пациенти кои сметаат дека треба да се тестираат имаат симптоми или имале ризичен контакт треба да се јават кај матичниот лекар по телефон за да ги остават потребните податоци и да ја спроведат анкетата. Матичните лекари врз основа...

Continue reading

Двајцата охриѓани заболени од корона вирус засега се на домашно лекување

Post Views: 3 Двајцата охриѓани кај кои е потврдено постоењето на вирусот Ковид 19 се наоѓаат на домашно лекување. Тие засега се со лесна клиничка слика и не се сместени во болнички оддел при инфективното одделение, информираат од ЈЗУ Општа болница. Од Центарот за јавно здравје посочуваат дека инфектолозите од општа болница телефонски контактираат два пати во текот на денот со заболените и го следат текот на нивната здравствена состојба. Славица Малеска Стојадиновиќ, директор на ЈЗУ Општа болница за ТВМ Телевизија информира дека нивната установа постапила по насоките и препораките...

Continue reading

Регистер на микро производители на храна

Post Views: 4 Охридските производители на храна и пијалоци ќе ја промовираат локалната гастрономија. Поголема промоција се овозможува со конвивиумот на SLOW FOOD организацијата на Македонија. Досега нашиот регион е познат само по автохтоната Охридска пастрмка, а гастрономската понуда може да е многу поголема, информира професор д-р Ангела Крстаноска Пјачели, која активно е вклучена во македонската SLOW FOOD организација која брои 10 конвивиуми и 3 президиуми. Од големата палета на локални производи ги наведува охридските цреши и праски, домашната зимница, ѓомлезето, домашниот леб...

Continue reading

Баба Надежда Герасмова доби пакет со намирници од волонтерите на ОО ЦК

Post Views: 8 96 годишната охриѓанка Надежда Герасимова доби домашна достава со пакет производи од ОО ЦК. Волонтерите денес го посетија нејзиниот дом, но и на останатите лица кои се обратиле до членовите на оваа хуманитарна организација преку телефонската линија за помош. Со давање помош на ранливата категорија сограѓани волонтерите започнаа од 10 март, информира Сашо Точков, претседател на ОО ЦК. „Оваа недела имавме повици. За два дена имавме опслужено 48 луѓе од социјален ризик кои седат дома, не излегуваат, им ги носиме дома потребните намирници , лекови и средства за лична хигиена“,...

Continue reading

Наставничката Петковска одржува настава со своите ученици од дома

Post Views: 10 Виолета Петковска, професор по одделенска настава од 0У Кочо Рацин, одржува настава со своите ученици од дома и во овие вонредни услови. Наставата лице во лице од нашата училница секако, многу ми недостасува и мене и на моите 16 второодделенци, но замена имаме со користење на ИТ технологијата, објаснува Петковска. За да не се изгуби наставниот процес Петкоска потенцира, дека наставникот сам одлучува во изборот каква и која алатка им одговара на учениците во зависност од возраста, од наставните предмети и наставните програми. Денот ми започнува со снимање видео и утрински...

Continue reading

Сеуште има такси компании кои возат не ги дезинфицирале возилата

Post Views: 0 Некои такси компании сеуште вршат јавен превоз со недезинфицирани такси возила. Додека поголемите превозници од јавниот превоз како автобуси, минибуси и комбиња во Охрид и Дебрца извршиле дезинфекција на возилата, некои сопственици на такси компаниите одолговлекуваат со почитување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Од Центарот за јавно здравје, како единствено овластена институција, кажуваат дека од пред неколку дена ги контактирале нивните служби, такси компании и побарале услуга за дезинфекција на возилата, информира Сашо Точков,директор на Центарот...

Continue reading

СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанец кој не ја почитувал мерката „здравствен надзор и домашна изолација“

Post Views: 6 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишен охриѓанец со иницијали А.М. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Полициските службеници вчера, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се приддржува кон мерките за 14-дневна самоизолација, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „ Пријавениот, на 17.03.2020 година, кога со авионски лет од Холандија пристигнал на Меѓународниот...

Continue reading

Продолжен мораториумот за градење

Post Views: 2 Со 17 гласови ЗА , Советот на Општина Охрид едногласно ја донесе одлуката за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации, како и за времен прекин на постапките за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти. Советниците со тоа го продолжија мораториумот за градење до 01 октомври 2020 година. „И покрај вонредната состојба со епидемијата , градот мора да функционира и да се носат одлуките кои се од витално значење за Охрид. Една таква одлука е продолжувањето на мораториумот за градење. “ – кажа градоначалникот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top