Автор: Валентина Неловска

Пандемијата со Ковид 19 ја пролонгира изградбата на покриената југоисточна трибини на СРЦ

Post Views: 3 Стопирани се градежните работи врз изградбата на модерната покриена југоисточна трибина на СРЦ Билајнини извори. Пандемијата со Ковид 19 се рефлектира и ја пролонгира изградбата на трибините на СРЦ, информира Гордана Јованоска, директор на СРЦ Билјанини извори, за моменталните случувања со започнатото модернизирање на спортскиот фудбалски стадион. „Основата е поставена се чека надзорот. Тие се од Скопје, а имаат проблем со доаѓањето во Охрид заради пандемијата со Ковид 19. Се продолжи втората фаза со која ќе се поставуваат стопите и издигнувањето на трибините, “информира...

Continue reading

ОУ „Братство Единство“ одбележува 7 децении од постоењето

Post Views: 0 Општинското основно училиште Братство Единство го одбележува патрониот празник 25 мај и 7 децении од работата. Во ова школо низ годините завршиле бројни генерации успешни луѓе во своите професии. Одбележувањето на патронатот и јубилејот годинава ќе изостанат од вообичаениот начин, свечности, без детската смеа и врева, како и гостите од збратимените училишта од Република Турција и Храватска, информира Џемал Мехмед, директор на основното училиште. Невидливиот непријател Ковид 19 ги затвори сите па и нашето училиште, вели Мемед. Додава дека во изминатите месеци успешно...

Continue reading

Во Охрид се регистрирани 8 активни случаи на Ковид19 и над 90 лица во изолација

Post Views: 1 Во Охрид се регистрирани 8 активни случаи на Ковид19 и над 90 лица се во изолација. Вчера се дијагностицираа уште два нови случаи, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Еден од случаите е поврзан со погон од фабриката во струшкиот дел и лицето е од Охрид. Другото лице сеуште се истражуваат контактите, не било подолго време надвор било дома и се надеваме дека нема да е голем  бројот на контакти“, вели Точков. „Ние го избегнуваме  да го користиме  зборот кластер, но ако има 3 лица од ОДВ може да го дефинираме како кластер. Но другите лица од таа фабрика кои се во изолација...

Continue reading

Црн Дрим Струга

Струшките трговци ја почитуваат законската одредба за неработна недела

Post Views: 4 Струшките инспектори од пазарната и трудовата инспекција не затекнале трговци кои работат во недела во струшката околина. Во изминатиов месец, од 10-ти јануари откако стапија на сила измените за недела неработен ден, контролите од двата инспекторати покажале дека досега струшките трговци се придржуваат кон одредбите од Законот за работни односи, информира Шпендим Иљази, раководител на Државниот пазарен инспекторат од Струга. Секоја недела сме на терен и досега не сме констатирале неправилности, се почитуваат одлуките. Во општина Струга се пријавени седум маркети кои...

Continue reading

Припадниците од друштвото Луњина од Охрид бараат промена на називот Власи во Армани

Post Views: 2 Националната заедница на Власите бараа промена на досегашниот назив во Армани. Јордан Трца од Здружението Луњина ја појаснува причината на припадниците од влашкото друштво за ова нивно барање во пресрет на 23 мај Националниот ден на Власите , кој се одбележува утре. „Официјалниот назив на националниот ден на Власите е содржан во преамбулата на Уставот, влашки народ но тоа е грешка и навредливо за нас. Врзано е со занимањето на Власите. Ние се викаме Армани. Арман, во еднина значи останат, а во множина Армани, луѓе кои останале. Со називот во Македонија кој не викаат...

Continue reading

Belica

Едно лице го загуби животот, а две се тешко повредени во вооружен инцидент во Долна Белица

Post Views: 1 Едно лице е убиено, а две се повредени со огнено оружје во инцидент кој синоќа околу 22.30 минути се случил на патот кон струшкото село Долна Белица. Убиството и обидот за убиство се извршени со пиштол и автоматско оружје, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. „ Од здобиените повреди на место на настанот  починал 23 годишен жител на струшкото село Горна Белица, еден 18 годишник е тешко повреден, а 45 годишен жител од Велешта е тешко повреден. Тој е пренесен во Општа Болница Струга, и му е извршена хируршка интревенција“, информира  Димоски.   Повреденото...

Continue reading

Наскоро ќе се познати цените за резервации во хотелското и приватното сместување за домашните туристи

Post Views: 5 Хотелиерите ги прават пресметките за формирање цени за сите категории резервации во приватното и хотелското сместување, информира Крсте Блажески претседателот на Хотам. Хотелиерите се благодарни на владините мерки за помош на нивниот сектор и ќе треба да понудат избор на граѓаните кои ќе ги користат ваучерите и платежната картичка за да летуваат дома. Се очекува домашните туристи да ја спасат летната сезона и да не банкротира туристичката индустрија. Цените за семестување ќе се намалени во зависност од категоријата на објектот за да може секој да избере каде ќе оди на...

Continue reading

Се расчистуваат исушените врби на просторот Мазија

Post Views: 7   Започна да се средува дрворедот на самиот езерски брег на просторот Мазија. Утрово беа исечени четири врби за кои било констатирано дека се исушени и се опасни за посетителите на паркот во овој дел од градот. Нити едно еколошко друштво не се јавило на повикот од општината да дадат свое мислење за сечењето на дрвата и да присуствуваат на терен доддека се врши сечата. „Ние сме отворени за соработка со сите па и со здруженијата. Не го минимизираме нивното размислување и важно ние да го слушнеме мислењето. Некогаш и ние може да погрешиме, да не корегираат. Она што го правиме...

Continue reading

Се бара место повеќе за закотвување на пловни објекти во Студенчишкиот канал

Post Views: 0   Место повеќе се бара за паркирање на пловните објекти во каналот Студенчишта. Сопствениците на глисери, кајчина и бротчина бараат безбедни места за да ги закотват пловилата по преземањето на дел од каналот под ингеренции на СРЦ Билјанини извори, информира директорот Гордана Јованоска. „Интересот за паркирање на глисерите и другите пловни објекти од оваа страна на каналот е многу голем. Капацитетот е исполнет сто посто и сите се задоволни од нашиот начина на работа, отвореност, транспарентност и љубезност на вработените. Сигурноста која ја имаат сопствениците на глисерите...

Continue reading

Петиција Охрид да добие парк за миленици

Post Views: 0 Иницијативата Охрид да добие парк за миленици прерасна во петиција. Група на сопственици на домашни миленици собраа 122 потписи за еден ден, доволно за да поднесат петиција до Советот на Охрид кој треба да даде зелено светло за градот да добие современ парк за домашни миленици, информира Илина Велјаноска, дел од иницијативниот одбор. Подносителите на иницијативата сметаат дека вакво катче е потребно за секој град, а особено за туристичко место како што е Охрид. Се работи за парк за миленици во  Охрид од кој градот има потреба посебно во летниот период кога има зголемена...

Continue reading

Хотелиерите гледаат помош во третиот сет на владините мерки

Post Views: 2 Со владиниот трет сет мерки ќе се помага туристичката индустрија. Ќе се доделуваат ваучери на граѓани за да одмараат во Охрид, Струга, Дојран, Преспа, на планина или во некое рурално подрачје. Помошта за домашниот туризам значи по 100 евра за околу 100.000 граѓани, кои ќе ги добијат средствата во вид на ваучери, плус дополнителна платежна картичка во вредност од 50 евра. Ваучерите се наменети само за оние граѓани кои имаат плата до 15.000 денари и немаат други приходи. Туристичката индустрија трпи големи загуби како никогаш досега. Затворени хотели, откажани резервации...

Continue reading

Објавени конкурсите за упис во средните училишта

Post Views: 17 Објавени конкурсите за упис во сите средни школи. Пријавувањето за првиот јунски уписен рок ќе почне на 16 и 17 јуни. Резултатите од запишаните ученици , но и слободните места ќе бидат објавени на 18 јуни. Основците ќе може да изберат каде да го продолжат школувањето и во едно од 4 средни училишта во Охрид. Во охридската гимназија Св. Климент Охридски во прва година во првиот уписен рок ќе може да се запишат 272 ученици. Во насоката гимназиско образование се предвидени 8 паралелки и тоа во јазично-уметничко подрачје, општествено-хуманистичко подрачје и природно-математичко...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top