Автор: Валентина Неловска

кувари

Готвачите се „сопнаа“ на анасон

Post Views: 13  Готвачите од угостителското училиште се вратија без медлја, но со многу искуства од меѓународен гастро натпревар. Гоце Савески, ученик по готварство во 3 година, е дел од тимот на млади готвачи од СОУ „Ванчо Питошески“ кои учествуваа на меѓународен гастро натпревар на Брач, Хрватска. Учениците по готварство Гоце, Александра, Момир и Бесард ги покажаа своите вештини во три категории на подготвување на храна. Готвачите имале зададени обврски даподготват топло предјадење од анасон, главно јадење од риба и крем десерт. Савески ги споделува впечатоците и задоволството од...

Continue reading

сонце

Упевче автор на мозаикот „Сонце“

Post Views: 6 Мозаикот како симбол на животот и вечноста, топлина и светлина ќе ги грее срцата на децата со инвалидитет без родители во Белград. Оваа порака ја носи новиот мозаик изработен од вредните раце на академски сликар, конзерватор и реставратор. Со посветеност и упорност Никола Упевче рачно обработил над 10.000 минијатурни камчиња, црн гранит и златен оникс, а за тоа му биле потребни три месеци ефективна работа. „Станува збор за класична техника на редење на камчиња каде што е употребен каменот оникс кој е многу мек, ронлив и нежен, и гранит во црна боја, многу цврст и груб,...

Continue reading

zemjodelie

Младите не сакаат мотика

Post Views: 0 Младиот човек не може да се мотивира да ја засака природата и родината. Иако во многу рурални средини е сменет амбиентот на живеење сепак младите не се доволно мотивирани за да егзистираат од интензивно сточарство или земјоделство, велат повозрасните земјоделци. Излезот од таквата ситуација го гледаат во ангажирање на државата за подобрување на законските нормативи, образованието на младите и во субвенционирање на прозиводителите, вели познатиот калемар од Завој, Крсте Трајчески. Активните пак земјоделци, ги мачат бројни проблеми. Бараат државата преку ресорните министерства...

Continue reading

летра

Актерот Жан Луи Трентињан добитник на Златната маска

Post Views: 3  Жан Луи Трентињан, легендарниот француски актер е годинешниот добитник на Златната маска за животно остварување, која се доделува на Францускиот филмски фестивал во Охрид. Трентињан е партнерот на Анук Еме и Брижит Бардо во култните француски филмови „Еден човек и една жена“ и „Господ ја создаде жената“. Неговото име, сега се вбројува покрај Клод Лелуш, Шарл Азнавур, Патрис Томас и Ив Боасе, меѓу досегашните добитници на Златната маска, која се врачува за животно остварувања на познати француски актери и режисери. „Актерот Жан Луи Трентињан ја прифати поканата за доделување...

Continue reading

инфо

Охрид ќе се „поднови“ со инфо центар

Post Views: 5 Нивните очекувања се дека со повеќе инфо центри ќе се решат и низа проблеми во туризмот. Надминување на проблемот со промотивен туристички материјал, до кој туристите во моментов тешко доаѓаат. Но, очекувањата се насочени кон елиминирање на грдата слика, со приватните станоиздавачи кои на улица ги нудат своите сместувачки капацитети, нагласува туристичкиот менаџер Стефан Каневче. „Она што се случува со приватното сместување е срам за градот, туристите се влечат за раце, им се тропа по прозорите на автомобилите. Оваа глетка под итно треба да се реши, а инфо центрите се...

Continue reading

гимназија

Тепачките се поретки во охридските училишта

Post Views: 6 Во охридските училишта опаѓа бројот на евидентирани насилни однесувања. Во образовните институции се поретки се тепачките и расправиите помеѓу учениците. Мирната работна и училишна атмосфера е карактеристична и за ОСУ „Св. Климент Охридски“. Директорот на оваа образовна институција, Наум Рилкоски, вели дека за високиот степен на безбедност свој придонес има соработката со полицијата и ангажманот на агенциите за лично обезбедување, кое го обезбедува општината. Охридските училишта може да се пример како да се спречи и превенира насилството во останатите школи во земјава,...

Continue reading

угостителско

Во училиштата недостасуваат педагози и психолози

Post Views: 0  Во општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, во кое учат 450 ученици, нема психолошка служба. Во ова училиште никогаш не бил вработен педагог, а тоа не е решено ни со воведувањето на задолжителните педагошки служби, кои треба да се составени од стручни тимови, во сите основни и средни училишта. Засега улогата на педагог ја извршува професор по психологија, вели директорот на училиштето Секула Баткоски. „Засега е одржан еден совет со родители чии деца имале проблематично однесување или имале слаби оценки по повеќе од три предмети, а закажан е и состанок...

Continue reading

biljanini izvori

Охриѓани не се жедни

Post Views: 6 Градот може да се пофали со добар квантитет и квалитет на вода за пиење. Охриѓани не се жедни. Пијат микробиолошки  и хемиски исправна вода, но со променлив квалитет. Ова е коментарот на д-р Атанско Михаилов  од Центарот за јавно здравје за тоа каков е квалитетот на водата која тече низ градскиот водовод. „Има периоди кога квалитетот на водата  по хемиски состав е поблиска до највисоките класи  вода, но има периоди кога заради видот на доток на подземните води и место положбата на бунарите, квалитетот се менува“, објаснува Михаилов. Од МЈП „Проаква“, нагласуваат,  водата...

Continue reading

gradinka

Охриѓанчињата го поздравија првиот пролетен ден

Post Views: 5 Голем број ученици на градскиот Плоштад и на Кејот, традиционално го поздравија доаѓањето на пролетта. Основците облечени во најразлични костими, со песна и смеа го разубавија и поздравија првиот пролетен ден. Децата не ги заборавија и транспарентите со кои упатија еколошки пораки до возрасните. Тие порачаа да ја чуваат животната средина.  И најмалите дечиња од 5-те детски градинки на ЈДУ „Јасна Ристеска“, на свој начин го поздравија првиот пролеттен ден. Во детската градинка „Лихнида“ најмладите покрај пригодните песнички за пролетта, засадија цвеќиња во дворот на градинката....

Continue reading

pesak

Рекреативците кон Горица „голтаат“ прашина

Post Views: 0  На рекреативниот потег кон Горица, Локалната самоуправа започна да гради, според  најавите, современ парк и пешачка патека. Почнатите зафати со нанесување на земја, го отежнуваат спортувањето на рекреативците. Постојната асфалтна патека е покриена со земја и ситен шлунак кои го остваат зад себе камионите. Рекреативците место чист воздух вдишуваат облаци од прашина. Тие погодени од ваквата состојба со негодување гледаат на градежните зафати кој ја уништуваат нивната омилена патека за рекреација. Од Локалната самоуправа, пак повикуваат рекреативците да имаат разбирање,...

Continue reading

sare

Локалната должи пари за училишниот превоз

Post Views: 1 Локалната самоуправа должи пари за транспортната услуга на училишниот превоз. Парите кои за оваа намена ги добиваат како блок дотации од ресорното министерство не се доволни за да ги подмират давачките кон превозниците. Јован Мирчески, сопственик на Пупе компани, една од осумте избрани транспортни компании за училишен превоз, потврдува дека општината за превоз на учениците во основните и средните училишта само на неговата компанија и должи околу 9 милиони денари. Сериозноста на овој проблем ја потврдува и советникот за образование Серафим Наумоски. Тој вели дека средствата...

Continue reading

stefan

Полицајците до низа поволности преку ИПА

Post Views: 0  Македонските полициски службеници дел од Интернационалната полициска асоцијација. Тие ќе градат пријателски релации со останатите колеги од светот. Соработките ќе можат да ги развиваат во неколку области од културата, спортот и туризмот. Сега, низа придобивки на македонските полициски службеници ќе им бидат овозможени со влезот во Интернационалната полициска асоцијација. Од денес и македонските полицајци се дел од меѓународната асоцијација во која членуваат околу 300.000 полициски службеници од 63 земји. Претседателот на регионалната охридска секција, Стефан Димоски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top