Автор: Валентина Неловска

владо

Инвалидите без пристап на плажа

Post Views: 6 Охридските плажи непристапни за луѓето со инвалидитет. Луѓето со различен степен на инвалидитет и покрај желбата да се капат во езерските води, тоа не можат да си го дозволат. Владимир Дојчиноски од Скопје укажува дека со мала инвестиција плажите на брегот би можеле да се прилагодат за луѓето со телесен ивлаидитет, кои како и сите останати луѓе сакаат да уживаат во летниот одмор. Ние сакаме да се почуствуваме како и другите луѓе, да бидиме самостални, а не да не третираат како инвалиди. „Саат и пол барав по плажите каде што ќе можам да влезам со количка. Ставиле песоци,...

Continue reading

kej

Концесионерите без договори со Комуналец

Post Views: 2  Концесионерите на плажите, по се изгледа ги интересира само заработката, а не и имиџот на Охрид како туристички центар. Иако туристичката сезона не е официјално започната, на охридските плажи се присутни и првите капачи. Но, ниеден концесионер досега не потпишал договор со Комуналец за подигање на сметот од нивниот простор, вели првиот човек на Јавното претрпијатие, Сашо Алче. „За разлика од лани ниеден закупец не е дојден во Комуналец да склучи договор за подигање на смет.Она што ние тешко е што не знаеме кој стопанисува со плажата. Со закупците се склучуваат и други...

Continue reading

bri

Волонтеризам или акцијаштво- на потег младите

Post Views: 6 На иницијатива на група охридски учесници на некогашните младински сојузни акции, во Охрид, се формира граѓанското здружение „Брег на младоста“. Станува збор за клуб кој на волонтерска основа ќе ги спојува младите луѓе кои сакаат да учествуваат во работни акции. Доброволното ангажирање на младите во изградба на капитални објекти беше карактеристично за просторите на поранешна Југославија. Сега оваа форма на работно ангажирање, пред се на младите луѓе, е прифатена во Европа и светот, вели еден од иницијаторите на здружението Љупчо Милкоски. ОН минатата година ја посвети...

Continue reading

куки

Во Дебрца пријавени 170 оштетени објекти

Post Views: 9 Советот на општина Дебрца денес ја формира Комисијата за проценка на настанатите штети од земјотресот што го погоди ова подрачје. Советниците, на денешната седница која имаше само една точка на Дневен ред, одлучија Комисијата да ја предводат дипломираниот архитект Симон Мартиноски и дипломираниот правник Зоран Ногачески, информира за ТВМ градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски. „Комисијата утре во 9 часот ќе излезе на терен за да ја отпочне постапката за проценка на штетите. Потоа следува изработка на Елаборат кој ќе се најде пред совентиците за усвојување,...

Continue reading

mini

Ставрески и Јанкулоска ja посетија Дебрца

Post Views: 5 Министрите Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска дојдоа во општина Дебрца. Владините министри се сретнаа со вознемиреното население од Белчишта и Велмеј, кои пред два дена ги погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени по рихтер со епицентар во Илинска планина. Земјотресот предизвика материјална штета врз објектите, а ги исплаши и жителите од овој дел на Дебрца. Министерот за Финансии Зоран Ставрески оствaри средба и со градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски. На средбата со населението Ставрески вети владина помош за оштетните домови од земјотресот за жителите...

Continue reading

geri

На геријатрија се бара кревет повеќе

Post Views: 3 На одделението за геријатрија се бара кревет повеќе. Брзото и новото темпо на живеење наметнува нови потреби на населението за лекување и нега од ваков тип на болничко сметување. На геријатрија во моментов располагаат со капацитет за сместување од 30 пациенти. Оваа бројка не ги задоволува потребите и барањата на граѓаните, вели директорот на Општа болница Љубен Арнаудов.  „Нашите анализи покажуваат дека во моментов на Охрид му се потребни од 70 до 100 болнички кревети. Посебно внимание водиме за пациентите на кои с ена лекување во геријатрија. Повеќето од нив се долго...

Continue reading

bol

Лекувањето во Општа болница трае просечно седум дена

Post Views: 5 Со изградбата на новиот хируршки блок во општата болница Охрид и неговото опремување се очекува траењето на болничкото лекување да се намали и стави во оптималнистандарди. Намалувањето на болничкиот ден не подразбира кратење на лекарските услуги туку нивно стандардизирање во реални рамки, нагласува директорот на Општа болница, д-р Љубен Арнаудов. Болничкото лекување во охридската болница минатата година, во просек траело седум дена. По барање на Министерството за здравство и Фондот, општа болница води грижа и за времетраењето на болничкото лекување, информира директорот...

Continue reading

bot

Спасители, лекар и психолог на охридските плажи

Post Views: 2  Охридските плажи ова лето ќе бидат побезбедни, ова го ветуваат од општинскиот Црвен крст кој се максимално подготвени да стартуваат во оваа туристичка сезона. Општинскиот Црвен крст има 208 лиценцирани спасители на вода, а наскоро ќе започне и обука на нови 40 -тина спасители, информира нејзиниот претседател Сашо Точков. На плажите ќе бидат ангажирани околу 100-тина од нив кои ќе се грижат капачите да бидат сигурни во езерските води. „За безбедноста на плажите се грижи самиот концесионер кој ќе ја повика службата или пак Капетанијата, односно Министерството за транспорт...

Continue reading

cinar

Охридскиот Чинар ќе добие нов силикон

Post Views: 0 Од понеделник ќе стартуваат конзерваторските зафати врз Чинарот предводени од скопоскиот конзерватор Љупчо Иљоски. Во меѓувреме, стручниот тим од Министерството за животна средина направил увид за состојбата на чинарот. Директорот на просторниот и информативниот систем при ресорното министерство, Димитри Ролевски, вели дека констатирале сериозни механички оштетувања на обвивката и на шиндрите предизвикани од човечко вандалско однесување. Тоа придонело да се развијат габни форми кои се грда слика за Чинарот. Забележани се и други појави кои се појавиле по првата конзервација....

Continue reading

Dimce maturant

По пет децении средба пропратена со емоции

Post Views: 12 Генерацијата економисти од учебната 1961-1962 година го одбележаа јубилејот 5 децении од матура. Многу возбуда, насолзени очи и прегратки споделија некогашните соученици од оваа генерација на економското училиште. Сега возрасни луѓе навлезени во седмата деценија од животот со голема возбуда се потсетија на времето од своите средношколски денови.    „Ми се чини како да бевме пред 5 години во  овој школски двор. Поголем дел од соучениците не се тука некои  заради староста, а некои  од други причини, но атмосферата на средбата е полна со возбуда и емоции“ вели организаторот...

Continue reading

zok

Обид младинските акции да се вратат на сцена

Post Views: 6 Зоран Стевоски е еден од иницијаторите за рестартирање на акцијашкиот клуб „Брег на младоста“. Стевоски е поранешен учесник во акцијашкиот клуб „Илинден“ и учествувал на 12 сојузни младински акции. Овој поранешен учесник на младински акции и неговите истомисленици се залагаат да го вратат духот на некогашните работни акции кај денешните млади луѓе. Стевоски потсетува на минатото кога несебично давале допринос за изградба на земјата, а покрај тоа се граделе како вистински личности со морални вредности, а стекнувале и работни навики. „Тоа беше вистинска школа на животот,...

Continue reading

dul

Интрепелација нема, а разрешување може да побараат на секоја седница, вели Јаковчески

Post Views: 7 Претседателот на Советот, Душко Јаковчески, на прес конфренција ги изнесе своите ставови во однос на барањето на советниците од редовите на Вмро Дпмне кои бараат негова интерпелација. Ова е типично во нивен стил, дефукусирање на јавноста во моменти кога централната власт се соочува со бројни проблеми во надворешната политика, економијата и безбедоноста на земјата, рече Јаковчески. Нивното барање да се свика итна седница поврзана со состојбите во Трпејца не можев да го реализирам затоа што за тоа немаше предуслови. Нема итна седница, туку вонредна, која се свикува во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top