Post Views: 23
Пожар го зафати студенскиот дом „Никола Карев“. Оган и чад утрово околу 9. 30 минути ги вознемири гостите сместени во овој објект. За среќа повредени во пожарот нема. Оганот започнал во помошната просторија на домот и предизвикал паника кај гостите и неколку случаи на полесно труење. Очевидците раскажуваат дека чадот ги исполнил собите до 4 спрат.„ Имаше голема паника меѓу луѓето, чадот беше проширен нагоре. Имаше мајки со мали деца, се обидовме да ги извлечеме безбедно. Им кажавме да стават влажни крпи на устата, а од кога видовме дека нема оган ги отворивме прозорците...
Post Views: 3
Архитектите се размрдаа па преку стручни дискусии ќе дадат свои видувања за актуелните состојби во архитектурата. Со стручни дебати ќе го дефинираат сегашниот културно- креативен идентитет преку освртот на обичната и стручната јавност, но и на студентите. Заедно ќе извлечат заклучоци колку субјектите се пронаѓаат во архитектонските феномени за кои се зборува денес, колку знаат за едукацијата, заштитата и приемната на креативните индустрии. Само преку едукацијата на младите архитекти може да делуваме врз општествениот амбиент, тврди Проф д-р Кокан Грчев, од факултет...
Post Views: 4
Добива разрешница дилемата дали ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон. Директорот на агенцијата за млади и спорт, Лазар Попоски најави дека сепак нема да се прекине 58 годишната традиција на најголемиот меѓунроден спортски настан. Попоски признава дека има финсиски проблеми и средствата за одржување на маратонот се големи и не е лесно да се обезбедат, но се прават напори ситуацијата да се надмине.„Се знае со поголеми средства ќе се направи повеќе. Многу често финансиската поддршка зависи што е останато од претходно. Ако се работело домаќински и транспарентно...
Post Views: 3
Високи треви покрај патот и во средишниот појас ја загрозуваат прегледноста на регионалниот пат кој води кон Албанија. Регионалниот патен правец со ознака Р 1310 кој води од кључката Св. Еразмо до Св.Наум е запуштен и несреден. Од ЈП„ Македонија пат“ признаваат дека тоа е резултат на отежнатите финансиски услови во кои работат. Ракововодителот на охридската единица на „Македонија пат“ најавува екипи на терен веќе од среда. Дел од нивните работници ќе бидат ангажирани за подобрување на оптичката видливост на патот. Финаниските проблеми во кои западна ова јавно...
Post Views: 5
Реконструкцијата на спотската сала во Велгошти ќе започне наскоро. Нејзината доизградба ја најави директорт на Агеницијата за млади и спорт Лазар Попоски. Владата веќе одобрила 20 милиони денари за нејзино ставање во целосна функција, кажа Попоски пред велгоштани. „Во услови на светска економска криза која реално с е проширува и во реалниот сектор во Македонија сепак инвестициите во спортот нема да се запостават. Секој вложен денар се седум денари заштеда во фондот за здрвственоосигурување и тоа е минимален потик да продолжиме со инветсициите, кажа Попоски.
Оваа...
Post Views: 7
Простор на плажа во Лагадин од 300 метри квадратни причина за сериозна кавга помеѓу двајца корисници. Од 19 -ти април, кога Комисијата од Министерството за транспорт и врски ја постави границата меѓу соседните плажи на хотел Макотекс во Лагадин и соседниот корисник, почнале да пристигнуваат првите закани по животот за вработените од Макотекс, раскажува Климе Тренески. Соседниот концесионер на просторот од плажата поставил маси и столици и го узурпирал просторот кој со договор од ресорното минитерството е доделено на користење на хотел Макотекс, тврди Тренески. Овој...
Post Views: 5
Охридската и струшката противпожарна единица имаат сериозен проблем при воспоставување контакт со дежурните служби на Евн. При интервенции врз опожарени објекти службите на ЕВН стигнуваат со задоцнување за да ја исклучат струјата за потоа пожарникарите да го гаснат оганот, вели командирот на противпожарната единица од Струга, Урим Каба. Дежурните служби на ЕВН многу пати не се одзиваат или пак доаѓаат со задоцнување по нашиот повик, објаснува Каба.
„ Ние имаме водено усмени разговори со раководителот на подрачната единица во Струга за проблемите кои ние ги имаме....
Post Views: 0
Каналот во близина на плажата Горица кој започна да се чисти пред две недели остана недоисчистен. На овој потег кој води кон плажите секојдневно проаѓаат туристи кои реагираат на грдата слика од неподигнатиот отпад која го нарушува убавиот предел. Гостите кои летниот одмор го поминуваат во Охрид порачуваат дека треба да се посвети поголемо внимание на чистотата на околината. Мора да се исчисти и среди простoрот повеќе, се честите коментари упатени кон надлежните за глетката на овој простор.Со оглед на тоа што туристичката сезона е веќе започната побаравме одговор...
Post Views: 10
Високите температури ги мобилизираа вработените во НП „Галичицa“ да ги превенираат можните појави од пожари. Степенот за опасност од појава на пожари и степенот на мобилизација во НП „Галичица“, веќе две недели се на 1 или на највисок степен. Тоа значи дека екстремно високите температури кои ја зафатија земјава се идеални за појава на шумски пожари, информира Наум Новески, раководител на секторот за заштита од пожари, во НП „Галичица“. Од националниот парк не седат со скрстени раце. Поделиле 3000 флаери наменети за посетителите на националниот парк, за да ги потсетат...
Post Views: 9
Зоран Станкоски и Љупчо Стојаноски се лиценцирани спасители на вода. Со оваа квалификација се стекнале пред пет години. Двајцата се обучиле и полагале во ОО Црвен крст. По стекнатите вештини и дозвола за спасување на вода досега биле ангажирани на бројни плажи в долж охридското крајбрежје. Интервенирале во многу ситуцаии, но за среќа ризичните моменти завршувале среќно. „ Досега не сум имал ситуации со давење, но имало бројни ризични ситуции со губење на свест или посекотини кои звршувале во најдобар ред“, нагласува Станкоски.
Во моментов Стојаноски и Станкоски...
Post Views: 1
По 51-ви пат, на сцената на Долни Сарај, ќе започне традиционалното издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. На шестте фестивалски вечери ќе биде промовиран светскиот и нашиот фолклор. По свеченото дефиле низ охридската чаршија, во 21 часот со целовечерен концерт фестивалот ќе го отпочне ансамблот Танец. На фестивалот покрај македонски ансамбли ќе земат учество и фолклорни ансамбли од Австрија, Полска, Хрватска, Србија, Албанија, Турција и Бугарија.„ Ревијално ќе се престават анасамблите од Полска, Австрија и Србија. Тоа е еден новитет на затворањето...
Post Views: 5
Свеченото отворање, на еден од трите информативни центри ќе се случи до крајот на неделава, информираат од Локалната самоуправа. Тука туристите од прва рака треба да ги добиваат сите поважни информации за Охрид. Едниот ќе биде лоциран на северниот, најфрекфентен влез во градот, а последни припреми се прават и за другиот во центарот, во комплексот Летница. На прашањето зошто се доцни со нивното отворање, портпаролот на Локалната самоуправа, Симон Илиески, појаснува дека за нивното поставување не се оставило ништо случајно туку се испочитувале сите законски прописи,...