Post Views: 5
Од ОК на Вмро Дпмне од Дебрца се упатуваат критики за несовесно и недомаќинско работење во изминативе години на градоначалникот на Општина Дебрца, Љупчо Којчиноски. За обвинувањата упатени на адреса на актуелниот градоначалник, претседателoт на ОК Игор Трајкоски се повикува на раководењето со буџетот на Општина Дебрца, на неговата приходна и расходна страна. Во општина Дебрца не се спровеле или многу малку се направило од ветеното за подобрување на инфраструктурата, укажува Трајкоски. Нема јавно осветлување, изградба на системи за водоснабдување, систем за одведување...
Post Views: 6
Шест делегации од градови пријатели на Охрид засадија дрвца во паркот на пријателството кој денес беше свечено пуштен во употреба. Паркот се протега покрај пешачката патека која води од мостот кон Горица. Идејата за еден ваков симболичен простор е на охридскиот градоначалник Александар Петрески кој го следи примерот на збратимениот град Трогир. Денес, кога Охрид го одбележува Свети Климент големиот хуманист и заштитник на градот, од паркот на пријателството беше испратена една многу значајна порака.„ Oд Свети Климент преку нас до Европа порачуваме дека пријателството,...
Post Views: 2
Зелс или Асоцијацијата на локалните власти, која како институција ги штити интересите на општините го одржа последното, генерално собрание во овој состав на градоначалници. За тоа како протече четригодишниот период од работата на Зелс , мислењата се поделени. За претседателот на ЗЕЛС, скопскиот градоналалник Коце Трајановски, во овој период се постигнати значајни придобивки во интерес на општините. Законот за управување со градежното земјиште, законот за легализација на дивоградбите, зголемувањето на стапката на ДДВ-то и персоналниот данок, како и обезбедувањето...
Post Views: 1
Од денес започнаа чествувањата по повод патронатот на градот Св. Клиемнт Охридски. Средното општинско училиште кое го носи името на патронот на градот организира бројни активности. Вечерва учениците од гимназијата во Центарот за култура со почеток во 20 часот ќе одржат хуманитарен музички концерт. Хуманитарен карактер ќе има и спортскиот настан кој ќе се одржи во петок во 13 часот, напоменува директорот на средното училиште, Наум Рилкоски, а потсетува и на други бројни активности.
„ Спортскиот настан „Со велосипед до похуман свет“ има хуманитарен карактер, а ќе...
Post Views: 1
Во населбата Радојца Новичиќ, на улицата 130 бр. 16 утрово се запали семејна куќа. Соседите во 8 .40 минути во охридкста пожарна пријавиле пожар на оџак во соседството. Пожарот го зафатил кровот и горниот кат од семејна куќа и направил огромна материјална штета. По дојавата веднаш било испратено навално противпожарно возило кое пристигнало на местото на пожарот, а со оглед на големината на стихијата во гаснењето биле вклучени и останатите 4 противпожарни возила, информира командирот на противпожарната единица Спасе Прентоски.
„По првичната дојава на пожарот целокупното...
Post Views: 29
Младиот фармер, 27 -годишниот Ристе Василевски од Горно Лакочереј набавил трактор со помош на владините мерки за поддршка на земјоделците. Обработката на земјоделските и овоштарските површини му е полесна откако го заменил тракторот стар околу 20 -тина години, вели Василевски. Цената на еден нов трактор е околу 8000 евра. Половина од цената ја плаќа земјоделецот, а останата половина е неповратен износ од државата. Младиот фармер Василевски е крајно благодарен на владината мерка и поволноста што ја добил за да ја обнови земјоделската механизација.
„Аплицирав за трактор,...
Post Views: 0
Се почесто старите лица зачукуваат на вратата на Центарот за социјални работи барајќи помош. Во последно време се поевидентен е проблемот со старите лица и задоволување на нивните основни потреби, нагласува директорот на Центарот Екрем Каљоши.
„ Во центарот се јавуваат лица кои живеат сами и бараат адекватно решение. Не сите лица кои живеат сами имаат и доволно приходи за сместување. За жал во моментов во градот нема установа која би се грижела за нив, ако се исклучат геријатриското одделение и костозглобна. Редно е надлежните да размислуваат за центар за старите...
Post Views: 12
Оваа година, за среќа, за Охрид ќе протече без нити еден евидентиран случај на Хив/Сида. Во земјава пак, бројот на ново регистрирани случаи е 20 заболени, од кои 13 се Хив позитивни и 7 случаи отпаѓаат на заболени од Сида. Најмногу регистриарни има на возраст од 30 до 39 години 8 случаи, 6 случаи се на возраст од 40 до 49 и 5-мина случаи се на возраст од 20 до 29 години. Меѓу заболените се 15 мажи и 5 жени, а за жал има и едно дете на 6 години каде што преносител била мајката. Последните 2 случаи во Охрид се откриени во 2007 година. Од почетокот на Хив /сида епидемијата...
Post Views: 2
На вратата на охридскиот центар за социјални работи доаѓаат нови баратели за користење на народната кујна. Засега бројот на социјално загрозените лица кои ги згрижува државата обезбедувајќи им еден оброк е 80 лица, вели директорот на Центарот Екрем Каљоши.
„ Има нови баратели за користење на народната кујна, но за жал бројот не може да се зголемува. Се надеваме во иднина ќе има повеќе разбирање. Сега измените на корисниците се вршат доколку некој од корисниците го изгуби правото на социјалната парична помош или на постојаната парична помош“, појаснува првиот човек...
Post Views: 0
Забрзано се работи врз реконструкција на спортската сала во Велгошти. Во моментов се работи на ентериерот на салата, а се освежува и фасадата. Агенцијата за млади и спорт ги финансира градежните работи кои се одвиваат според планот кој што го најави директорот Лазар Попоски, при неговата посета на објектот во месец јули. Ставањето во функција на објектот ќе има големо значење за учениците од ОУ Живко Чинго и за спортските екипи. Агенцијата за млади и спорт има склучено договор со општината и со ОУ „ Живко Чинго“, вели Серафима Наумоски, од охридската Локална...
Post Views: 1
Редот и мирот во охридските основни и средни училишта е на високо ниво. Оваа година биле регистрирани само 3 помали инциденти, 2 во средните и еден во основните училишта. Советодавната група граѓани составена од психолози, педагози од средните и основните училишта, полицијата, невладини органзаиции и центарот за социјални работи се задоволни од безбедносната состојба во охридските училишта. Ситуацијата е резултат на преземените превентивни мерки, укажува портпаролот на СВР, Стефан Димоски.
„ Улогата на агенциите за обезбедување е крајно поволна Очекувано е оваа мерка...
Post Views: 0
Еколошко згадување со испуштање фосфор се случи викендов на албанската страна на Охридското Езеро, кај селото Дрилон, 3 и пол километри до граничниот премин „Св. Наум“.
Првичните информации укажуваат дека се работи за загадување на Охридското Езеро со фосфор, мошне опасна материја која го забрзува процесот на стареење на езерото. Аријан Мероли од Билатералниот Секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Албанска страна негира дека станува збор за еколошки инцидент.
Објаснува дека е вообичаен процес на третирање на отпадните води и дека во моментот тоа може да се...