Post Views: 11
Охрид како туристички центар е привлечен за луѓе и деца кои питаат по охридската чаршија, а не само за летување на домашни и странски туристи. Овие луѓе најчесто доаѓаат од други градови да заработат на лесен начин со питање, од битолски Бајро ,од скопска Шутка, а поретко од Штип и Велес, вели Илче Миштакоски, специјален педагог од охридскиот центар за социјални работи. Ние се соочуваме со овој проблем посебно во пролетните и летните месеци,кога и градот е пофрекфентен со гости. Постапуваме во координација со полицијата , но тоа не го решава проблемот. За лицата кои...
Post Views: 3
17 годишниот охридски, средношколец Никола Грунчевски е најмладиот член на македонската репрезентација на математичари. Грунчевски за една недела со репрезентацијата треба да отпатува на светската Олимпијада во Колумбија, Латинска Америка. Трошоците за патувањето и визата се во висина од околу 2000 евра и треба да ги покрие неговото семејство. Грунчевски штотуку се врати од натпреварот на Балканската Олимпијада во Кипар и тоа со бронзена медалја каде што се натпреваруваше под боите на македонското знаме, но без финасиска поддршка од државата. Никола и неговото семејство...
Post Views: 0
Пред стартот на туристичката сезона, како некое непишано правило, се актуелизира проблемот со јавни тоалети. Тоалетите не дека се потребни само во лето, но тоа е период кога градот како туристички центар е посетуван од бројни домашни и странски гости. На изглед банален, но сериозен проблем, кој се провлекува со години наназад. Приказната со изградба на тоалети од цврста градба секоја година е позната и почнува со ветување дека на проблемот се работи. Ставот на новата Локална самоуправа е со истата реторика, архиетктите работат на негово решавање. „ Во моментов...
Post Views: 8
Полициските службеници од СВР Охрид не регистрирале нарушувања на полицскиот час од 22 до 5 часот утрово. Охриѓани биле дисциплинирани за време на спроведување на забрана која почна од синоќа по препорака на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на корона вирусот. Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид упатува апел до граѓаните.
„И понатаму да се придржуваат до одредбите на плицискиот час и останатите одредби од заштита од ковид 19, на сите безбедносни – хигиенски мерки и протоколи за сите заедно да придонесеме за ефикасно елиминирање на заразниот...
Post Views: 3
Заврши првата летна школа за архитектура и дизајн организирана од Факутетот за архитектира и дизајн при Американ Колеџ, Скопје. Во текот на една седмица, триесеттина студенти од овој факултет, работеа на изработка на проекти на три локации во Охрид, на плоштадот кај Чинарот, кај поранешното училиште Свети Сава и на Долни Сарај. Владимир Георгиев, студент на трета година на скопскиот Американ колеџ, беше дел од летната школа за архитектура и дизајн. Георгиев е задоволен од можноста да работи и учи од врвни имиња од светот на архитектурата, а не го крие воодушевувањето...
Post Views: 4
Нелегалната сеча го загрозува одржливото управување со македонските шуми. Во земјава шумата се уништува со сеча за огревно дрво. Се сечат шуми насекаде, а не е исклучок ни подрачјето кое го покрива шумското стопанство Галичица на делот од охридската општина и Дебрца, информира Славчо Голабоски, раководител на охридската поддружница.
„Нелегалната сеча е насекаде на територија на општина Охрид. Се забележува нелегална сеча на Буково, во атарите на селата Вапила, Мешеишта. Во Дебрца има поголема нелегална сеча на границата со струшката општина на делот со Црвена Вода. Таму...
Post Views: 2
Песнички за сливата, јаболкото, калинката и другите овошки кои виреат во земјава се дел од најновото издание „Македонски овошни приказни во стих“, наменети за најмладите читатели. Весна Пирузева Петровска е автор на аудиовизуелниот проект, песни за деца и боенка пропратени со аудиозапис на стиховите. Идејата на авторката првично била да напише книга со детски песнички за секое овошје, но подоцна добила поинаков тек.
„ Пишувајќи ги песничките се внесов во детскиот свет, па идејата сама по себе се наметна и произлезе друга целина. Помислив зошто стиховите да не се пропратени...
Post Views: 16
Дел од охриѓани останаа непријатно изненадени од последните сметки за струја испорчани од ЕВН. Во тарифата ефтина струја им беше впишан износ нула. ЕВН не им ја пресметала потрошената електрична струја по ефтината тарифа што предизвика револт и прашалници кај корисниците зошто во сметките не е пресметана струја. Од компанијата уверуваат во никој случај потрошувачите нема да бидат оштетени.
„ Вакви случаи има кај поедини корисници каде очитувањата се направени оптички. Очитаната вредност била претпоставена за потрошената електрична енергија. Од повеќе причини...
Post Views: 2
Одделението за радиологија при општа болница Охрид остана без специјалисти рендгенолози. Во моментов болницата располага со еден рендгенолог ангажиран на одделот за компјутерска томографија. Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов информира дека го известил ресорното Министерство и покренал иницијатива да се најдат излезни решенија за настанатата ситуација од недостаток на специјалисти рендгенолози. За нормално да се одвиваат болничките прегледи на болницата и се потребни минимум тројца рендгенолози, вели д-р Арнаудов. Засега болницата располага со доволно...
Post Views: 2
Градежни зафати врз водоводната мрежа во населбата на потег Рача и Горица ги разлути тамошните станоиздавачи. Со изведување на земјените ископи се затвара приодот кон дел од апартманите во населбата, а станоиздавачите на објектите кои очекуваат гости сега стравуваат дека ќе им бидат откажани резервациите. Со нетрпение ја очекувавме туристичката сезона, а сега со овие зафати пред самиот почетокот на сезоната ќе останаме без гости, стравуваат станоиздавачите. Тие се прашуваат кој ќе сноси одговорноста за нивната штета.
А Локалната самоуправа на овој потег поставува...
Post Views: 4
Актерите од Охридскиот народен театар во сопствена продукција ќе имаат премиера со претставата „Сирано“. Станува збор за комедија на текст од Душан Ковачевиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризевски, информира за новиот театарски проект, Горан Симоноски, директор на НУ ЦК Григор Прличев.
„Во ова време невреме ја поканувам публиката да ја посети претставата да ужива, да се насмее и да однесе дома една позитивна атмосфера“ .
Во претставата „Сирано“ играат актерите Горан Стојаноски, Никола Тодоровски, Филип Кипровски, Ивица Цонев, Павел Маслов и Биљана Билаловиќ Вељаноска. Актерите...
Post Views: 2
До 8 јули тече третиот повик за користење на средства од владината Агенција за за поддршка на земјоделски и рурален развој. Од ЕД Грашница во соработка со жителите од село Орман реагираат дека институциите се неажурни во подготвување на апликациите за да се искористат средства за развој на селата. Борис Стојаноски од ЕД Грашница, напоменува дека досега охридските села не искоритиле пари за развој нити од ИПАРД фондовите на Европската унија , но ни од Владата на Македонија. Поголемиот број на села имаат нужна потреба од канализација, водовод, патна инфрстатруктура,...