Автор: Валентина Неловска

Градскиот мешан хор Вокс Лихнидос нижи успеси дома и на меѓународни натпревари

Post Views: 1 Вокс Лихнидос, градскиот мешан хор нижи успеси и го зацврстува своето реноме на музички план дома и надвор. Охридските хористи се активни и учествуваат на музички меѓународни и домашни натпревари и во ова специфично време на живеење. Пробите ги работат он лине од дома, преку зоом платформата, појаснува Бурим Хидри диригент на градскиот мешан хор Вокс Лихнидос. Со новиот начин на работа пеењето е поинакво, но добиваме нов квалитет кај членовите, појаснува охридскиот професор по музика. „Секој хорист мора да покаже индивидуално што знае и да се потпре на сопствените квалитети....

Continue reading

Следната година во општина Охрид ќе се финансираат проекти за енергетска ефикасност и патна инфраструктура

Post Views: 6 Центарот за Југозападен плански регион поднесе два регионални проекти за финансирање на 9те општини од Програмата за рамномерен регионален развој. За 2021 година има на располагање средства во висина од 41 милион денари. Прифатени се проекти од 4 општини за подобрување на енергетска ефикасност на објекти и за 6 општини за подобрување на патната инфраструктура и економскиот развој. Од општина Охрид се прифатени по еден проект од двете области за користење средства од Програмата за регионален рамномерен развој, инфромира Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за Југозападен...

Continue reading

Блесна Новогодишна зимска бајка во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 5 Во ОУ Григор Прличев заблеска Новогодишна волшебна атмосфера. На иницијатива на Советот на родители од школото се внесе празничен дух во училиштето за да ги развесели срцата на учениците. Сашко Георгиески, претседател на Советот на родители од ова училиште, информира дека проектот бил прифатен од родителите, учениците и раководството на училиштето и се реализирал за еден викенд. Во изработка на декорациите учествувале 330 деца кои заедно со помош на родителите во домашни услови изработиле над 600 снегулки. На приземје во училишниот хол поставени се снегулки и елка укрсена...

Continue reading

Македонскиот угостителски сектор „гладен“ за квалитетни стручни кадри

Post Views: 0 Угостителското средно стручно училиште „Ванчо Питошески“ од следната учебна година преминува во државен регионален центар за средно стручно образование. Со одлука на владата угостителското училиште добива нови можности за едукација на кадри од формалното и неформалното образование. Покрај едукација на профили од угоститеството за средношколци се добива можност и за прекфаликации на повозрасни лица, како и обуки и за наставниот кадар од Југозападниот регион, информира директорт Марјан Радески. „Голем број на луѓе кои ќе сакаат да направат прекфалификација на своето образование...

Continue reading

Од охридската општа болница стравуваат од притисок врз здравствениот систем по претстојните празници

Post Views: 2 Сто пациенти се лекуваат во ковид центарот во општа болница Охрид во моментот. Половината од пациентите кои се на болничко лекување со потешка клиничка слика се на кислородна поддршка. Засега има слободни кревети, лекови и кислородни боци инфромира д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Опша болница Охрид. Директорот е сепак загрижен од неизвеснит тек на пандемијата по претстојните новогодишни и верски празници. Повикува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот и да не се групираат. „Искрено стравувам многу сега почнуваат празниците. Охрид од Св Никола до...

Continue reading

ЈП „Охридски комуналец“ ќе набави ново пајак возило

Post Views: 5 Голем број сопственици на моторни возила ги паркираат колите каде што ќе најдат место или каде што им одговара. Со непрописното паркирање гo попречуваат движењето на другите учесници во сообраќајот и не водат грижа за почитување на сообраќајните правила за паркирање на дозволени места. Пајак службата е постојано на терен и се справува со несовесните возачи. Службата функционира во рамките на ЈП Охридски комуналец и работи секој ден, информира Љупчо Грданоски директор на јавното претпријатие. Во соработка со сообраќајната полиција и локалната самоуправа се надеваме дека...

Continue reading

Д-р Влаши Хиса: Св. Климентовата повелба чест и мотив за вложување во професијата која ме прави среќна

Post Views: 3 Гинекологот д-р Мимоза Влаши Хиса е една од тројцата годинешни добитници Св Климентовата Повелба  за особени заслуги. Покрај сите предизвици и потешкотии кои ги носи нејзината хумана професија, таа вели дека и по 2 децении ја чувствува истата љубов и елан при доаѓањето на нов живот на свет. Наградата ме прави неизмерно горда, а чувството е возвишено и не може да се опише со зборови посебно кога доаѓа од сограѓаните, вели д-р Влаши Хиса. „Преку нашите избраници градоначалникот и советниците во Советот се слуша гласот на народот. Ова е признание добиено од нив и ме прави...

Continue reading

Во алпинизамот продолжуваат само најупорните спортисти

Post Views: 1 Алпинизмот како спорт е интересен за охриѓани  и  има интерес за членување во Алпинситичкиот клуб  Патагонија, вели алпинистичкиот инструктор Антонио Додевски. Тоа е спорт во кој успеваат дисциплинираните и истрајните спортисти. Алпинизмот е специфичен спорт, дејност, еден од најкомплексните планинарски спортови, вели Додевски. „Времето кое треба да се посвети на алпинизмот е сериозно. Има интерес, луѓето прашуваат, но само 5 проценти од оние кои се заинтересирале и почнале ако се задржат во алпинизмот за нас е среќна околност“. Во јавноста не е многу познато како...

Continue reading

Охридската болница најавува изградба на систем за снабдување со течен кислород за сите одделенија

Post Views: 1 Изградба на систем за снабдување на течен кислород за сите болнички одделенија, најавува д-р Горан Балевски директор на општа болница Охрид. Довод на течен кислород има само во ново изградениот хируршки блок. Стариот дел на охридската болница и болничките павилјони се без централен довод на кислород. „Се обидуваме со градоначалникот да направиме еден систем на течен кислород кој би го обезбедил како донација општината. За наредните 50 години болницата да добие течен кислород. Тоа би биле големи танкери од кои ќе го добиваме кислород во течна форма. Со посебен систем...

Continue reading

Општина Охрид ќе формира партиципативно тело за урбанизам

Post Views: 2 Општина Охрид ќе формира партиципативно тело за урбанизам. Заврши огласот на кој имале парво да се пријавуваат граѓани, НВО и правни лица за да бидат дел од телото кое треба да се формира според најновите измени на Закон за просторно и урбанистичко планирање. Телото ќе брои 7 члена и ќе има за цел да ја вклучи јавноста во подобрување на просторното и урбанистичко планирање на градовите, објаснуваат од Секторот за урбанизам при Општина Охрид. „Има пријавени лица кои по донесувањето на Деловникот за работа ќе го формираат Партиципативното тело. Тоа ќе работи со нас. Според...

Continue reading

Предлози како до подобра детска и социјална заштита во општина Охрид

Post Views: 1 Претставници од образовни институции, невладиниот сектор и граѓани учествуваа на трибина каде што се даваа предлози како да се подобрат детската и социјалната заштита во општина Охрид. На средбата се слушнаа потреби и проблеми на здруженијата на лица со посебни потреби, здруженијата на родители на деца со церебрална парализа, потребите на подобрување на условите во основните и средните општински училишта. Меѓу изнесените предлози се изгградба на пристапни рампи за лицата со инвалидитети насекаде низ градот, обезбедување чуварски служби во училиштата, како и формирање...

Continue reading

Јога центар Охрид 3 децении постоење достапни и во пандемија

Post Views: 2 Јога Центарот Охрид одржува он лине часови преку почетна и напредна група во време на пандемија. Во моментов се поактивни жените за разлика од мажите. Тие бараат начин за релаксација и ослободување од стресот кој го наметна пандемијата во последните месеци, вели Александра Јанеска, која 2 децении е инструктор по јога вежби. Јогата помага да се опуштат. Се работат техники на дишење, релаксација и се вежбаат аксана телесни положби кои помагаат во урамнотежување и хармонизирање на сите системи во телото, кажува Јанеска. „ Иако он лине работевме со бремени жени. Последниве...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top