• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Од охридската општа болница стравуваат од притисок врз здравствениот систем по претстојните празници

Од охридската општа болница стравуваат од притисок врз здравствениот систем по претстојните празници

Повикуваат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ковид 19. Досега искуството покажа дека секое несовесно однесување на граѓаните кон заразната болест завршува со болничко лекување.

 |  Валентина Неловска  | 

Сто пациенти се лекуваат во ковид центарот во општа болница Охрид во моментот. Половината од пациентите кои се на болничко лекување со потешка клиничка слика се на кислородна поддршка. Засега има слободни кревети, лекови и кислородни боци инфромира д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Опша болница Охрид. Директорот е сепак загрижен од неизвеснит тек на пандемијата по претстојните новогодишни и верски празници. Повикува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот и да не се групираат.

„Искрено стравувам многу сега почнуваат празниците. Охрид од Св Никола до Водици е еден од најубавите градови и исполнет со гости за празниците. Како ќе се одвива тоа врз болеста не знам ама искрено стравувам. Мора да се почитуваат мерките за заштита, да сме совесни и одговорни. Илјада казни не спречуваат ако народот нема совест. Притисокот ќе го трпи општа болница. Секоја несовесност завршува во нашата болница“.

Пациентите на кои во моментов им се дава болничка нега се повозрасни лица над 60 години. Но низ охридскиот ковид центар поминале и помлади граѓани. Во борбата за лекување и спас на секој еден пациент кај сите владее страв бидејќи болеста е непредвидлива, вели д-р Балевски.

„Можам да кажам дека сум видел многу човечки судбини во овие 9 месеци. Моментално еден млад пациент е 30 дена со тешка клиничка слика. Последните 10 дена е подобар. 30 дена се трудиме да го излекуваме. Ова е непредвидлива болест и  има многу непознаници.“

Во моментов во кругот на болницата во полн ек се градежни зафати за подготовка на теренот за поставување на модуларната болница со капацитет од 40 кревети. Понатака по завршување на пандемијата капацитетите од модуларната болница ќе се користи за герантологија или за друг вид на сместување на пациенти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top