Post Views: 8
Сликата на основачот на модерна Турција Kемал Ататурк ги разбранува страстите помеѓу нставниот кадар во ОУ Братство Единство. Дознаваме дека во понеделникот се случил инцидент кога професорка од турска националност сликата од Ататурк ја поставила над таблата во училница по одделенска настава. Во телефонскиот разговор таа ни образложи дека неодамна од директорот побарале и добиле дозвола во училницата по одделенска настава да постават слика од основачот на модерна Турција. Но според нејзиното кажување одкако сликата била поставена, истата предизвикала револт кај нејзината...
Post Views: 6
Американскиот Амбасадор во Земјава, Пол Волерс во посета на Факултетот за туризам и угостителство. На средбата со ректорот на Св. Климентовиот универзитет и деканот на ФТУ разговараа за младите и претприемништвото и за тоа како да се развие економијата во Македонија, а стана збор и за размена на универзитетски професори. Амбасадорот оствари средба и со студентите на факултетот, каде отворено им говореше за летната размена што може да ја остварат во САД кога можат да стекнат дополнителни искуства но и да заработат.Волерс искажа уверување дека за скоро време и Македонија...
Post Views: 11
Смарт табли во ОУ Братство Единство и Христо Узунов. Ова се двете Охридски училишта кои се пријавија на конкурсот објавен од министерството за образование и наука, и при тоа ги исполнија условите за да добијат една од 60 те табли кои ги обезбедија министрството и македонски телекомуникации. Од првиот момент од како таблите се инсталирале, истите се ставени во употреба и достапни за сите професори и ученици.
Професорката по информатика Марија Пупинова Гогова признава дека имало одредени критериуми според кои се распределувале таблите, како што е колку обуки биле посетувани ...
Post Views: 12
На влезот на струшкото село Мислешево вчера со пригодна свеченост беше кренато македонското знаме. Јарболот со знамето е поставен на имот од Ѓорѓи Трифуноски кој тврди дека не бил информиран дека земјиштето на кое се постави јарболот му било одземено од страна на државата. Оваа замисла Мислешевци ја реализираа и покрај тоа што општината не им даде дозвола за постаментот, на кој е поставен 25 метарскиот јарбол. Свеченоста за поставувањето на државниот симбол помина во знакот на патриотски песни, а беше интонирана и химната на РМ.Жителите на Мислешево велат дека доколку...
Post Views: 1
До саботата на полноќ во Општинската изборна комисија во Охрид кандидатури за градоначалник поднеле Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и 19-те партии, а кандидат за градоначалник е доктор Никола Бакрачески. Кандидат за градоначалник од Социјалдемократската унија на Македонија е Васил Ристески, а од Социјалдемократската партија на Македонија за градоначалничкото место во општина Охрид ќе се бори Александар Митрески. Од Демократската партија на Албанците кандидат за градоначалник е Фетак Елмази.
Актуелниот градоначалник Александар Петрески како што во повеќе наврати најави дека...
Post Views: 0
Охридскиот чинар – дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите. И по три месеци скршената гранка која попушти од тежината на снегот кој падна во Охрид на 6 ти декември, никој не ја отстранува. Од локалната самоуправа откриваат дека со амин од министртвото за животна средина се ситнат само делови од гранката. Скршената пак гранката сеуште никој не смее да ја пресече, туку тоа ќе се направи само во присуство на преставници од министерството за животна средина, кои никако да прецизираат кога ќе дојдат во Охрид. Портпаролот на...
Post Views: 3
Семејствата од Дебрца чии имоти беа оштетени во земјотресот кој се случи во месец јуни минатата година, конечно ќе добијат надомест за претрпената штата. По неколкуте увиди на епицентралното подрачје кои ги направи вице премирот Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и комисијата за проценка на штата при локалната самоуправа, до владата беа испратени 453 барања за финансиска помош. Од нив 6 биле одбиени, поради нецелосна документација.
Дознавеме дека комисијата за проценка на штети по увидот констатира оштетување на имотите на луѓето...
Post Views: 7
Синоќа во преполнатата сала на центарот за култура и уште поголемиот број граѓани пред киното, кои настанот го следеа на видео бимови, визијата за тоа во која насока треба да се движи Охрид, ја кажаа премиерот на Владата на Р Македонија – Никола Груевски и кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески.„Д-р Бакрачески целиот живот им помага на луѓето. Тој само тоа знае да го прави. Убеден сум дека и како градоначалник ќе го прави тоа“, истакна премиерот преставувајќи го кандидатот за градоначалник.
Груевски во своето обраќање присутните...
Post Views: 4
ВМРО ДПМНЕ синоќа во Вевчани, го престави својот кандидат за градоначалник и неговата програмата за престојните локални избори. На конвенцијата прв пред присутните се обрати вице премиерот по економски прашања во владата на Р Македонија Владимир Пешевски. „Имам чест да ви се обратам од местото што е синоним за непокорот на Македонија“,го започна својот говор Пешевски и додаде дека Вевчанци најдобро знаат дека човек вреди ако зад себе остави дела. Токму поради тоа додаде вицепремиерот ВМРО ДПМНЕ работи за да оставиме дела кои граѓаните ќе може да ги вреднуваат.Пешевски...
Post Views: 6
Книгата претставува избор на стихови од страна на авторот од целокупното лично творештво. Поезијата е пишувана на македонски и англиски јазик.
„Јас творам од својата шеста, седма година, а досега не сум имала можност ништо да издадам, па поради тоа сепак благодарност до оние кои ми излегоа во пресрет како издавач националната установа библиотеката Григор Прчичев, спонзорот Супер радио , печатницата Летра и промоторите односно лекторите Тоде Илиевски и Лилјана Мартинова. Моето творештво е обемно опфаќа поезија и проза. Буквално се пронаоѓам во сите литературно жанрови...
Post Views: 4
Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ викендов ќе биде домаќин на 24-часовен маратон во програмирање. Codefest. Codefest е трет ваков маратон кој ќе се одржи во Република Македонија, а воедно и прв организирaн по иницијатива и од страна на студентите: Јасна Тренгоска, Александар Митревски и Вилијам Асиама. Овој настан ќе се одржи и со огромна организациска помош и поддршка од нивни колеги студенти и пријатели кои волонтираа во организацијата на настанот. Организаторите велат дека лимитот за натпреварувањето бил сто натпреварувачи и истиот...
Post Views: 27
На влезот од нас Гоце Делчев никна уште едно собиралиште на зависници од дроги. Станува збор за објектот кој некогаш беше продавница на Охридска Трговија, а потоа на Напредок. Овој објект кој е цврста градба иако од надвор е во добра состојба, внатрешноста е нешто сосема друго. Расфрлани шишиња, шприцеви, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни.
Се обративме во СВР Охрид со цел да откриеме што секторот превзема со цел да им помогне на жителите од населбата Гоце Делчев. Од таму добивме уверување дека во рамките на нивните редовни активности ќе обрнат внимание...