Автор: Јаковлева Лионела

екстерно

Започнаа уписите во среднообразовните училишни центри

Post Views: 2 Во гимназијата Св. „Климент Охридски“ со завршено основно училиште ќе се запишат 272 ученици во осум паралелки. Новина е што годинава  економското училиште и медицинската паралелка се одделуваат од гимназизското. Па така во средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ односно во економското училиште ќе имаат можност да се запишат вкупно 170 ученици. Од нив 136 во економско-правната и трговската струка, а 34 ученици во здравствената струка. Уписите се спроведуваат денес и на 25 јуни. Ланската година паралелките броеја околу 25-27 ученици па се очекува тој...

Continue reading

otpadoci

Кој затаи во спроведувањето на Законот за јавна чистота

Post Views: 11   Охриѓани како да подзаборавија да го почитуваат Законот за јавна чистота. Насекаде по градов повторно можат да се видат расфрлани отпушоци, гуми за џвакање, повторно се сечат дрва на јавна површина, се фрлаат отпадоци на улица се продава зеленчук на импровизирани тезги. –Хигиената не е на завидно ниво, се фрлат отпушоци насекаде, вели еден наш сограѓанин. -Криви сме и ние граѓаните ама и тие кои треба да го спроведуваат законот. Нека казнуваат па ќе видиме дали некој ќе фрла каде ќе му текне, вели друг. –Секој фрла каде ќе му текне, кај нас ништо не функционира,...

Continue reading

zeleznicka

Булеварот „Железничка“, страв за пешаците

Post Views: 14 Булеварот „Железничка“ стана бетонски ѕид за граѓаните кои живеат од едната и од другата страна на оваа сообраќајница. Поради големата брзина со која се вози  и поради лошата патна сигнализација пешаците се плашат да ja преминат  улицата. Граѓаните реагираат дека „Железничка“ плаче или за надвозник или за кружен тек. Тие секојдневно стравуваат за својата безбедност а посебно за безбедноста на децата за време на школската година. –На овој булевар досега се имаат случено повеќе сообраќајни незгоди а во дел од нив за жал имаше и жртви. Ние како Урбана заедница баравме...

Continue reading

francuski festival

Бледнее сјајот на Фестивалот на француски филм во Охрид

Post Views: 1 Годинава Охрид наместо домаќин на Фестивалот на француски филм мораше да се задоволи само со една проекција. Синоќа во Центарот за Култура “’Григор Прличев“ по седми пат беше послан црвениот тепих но за разлика од претходните години по него поминаа само мал број љубители на седмата уметност. Пред проекцијата на  филмот посветен на познатиот француски моден креатор Ив Сен Лоран на присутните им се обрати Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој говореше за македонско – француските културни врски и за отворањето на Охрид кон светот, а посебно кон филмот како уметност. –...

Continue reading

bucava

Ќе се реши ли проблемот со бучавоста во градов

Post Views: 4 Инспекторите од општинскио инспекторат заедно со службите од СВР деновиве интензивно работат на изготвување на акционен план за справување со бучавоста. Според планот ова лето ќе има многу позачестени контроли и акции бидејќи минатите лета бучавата беше проблем број еден во градов за кој не се најде соодветно решение. Надлежните ветуваат секојдневно мерење и на бучавоста која доаѓа од објектите на брегот на езерото кои во летната сезона приредуваат разно разни концерти на отворено. Граѓаните , посебно оние од стариот дел на градот години наназад реагираа, собираа потписи,...

Continue reading

urbana oprema

Ова лето нема пченки и крофни на градскиот плоштад

Post Views: 11 Доколку летово ви се пријаде печена прченка или американски крофни ќе мора дома да си направите бидејќи надвор ќе нема каде да купите. Општинскиот инспекторат во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не предвиде локации за продажба на храна на отворен простор. Нема да може да се купи ниту скара по тротоарите како што тоа беше случај минатите лета. Подготвување и продажба на храна ќе може да се врши само во затворен простор кој ги задоволува сите стандарди за тоа. –Не е дозволено продавање храна по тротоари и на плоштад. Доколку се затекне таква...

Continue reading

vlez biljahnini

Како еден турист да стигне до Билјанини извори

Post Views: 0 Како еден турист да стигне до Билјанини извори? Ова не е наградно прашање туку прашање кое си го поставуваат туристите, но и охриѓани кои често го посетуваат ова место кое е едно од обележјата на градот. Нема патокази, нема ниту некоја табла која ќе асоцира дека натаму води патот до изворите каде Билјана го белела своето платно. –Јас многу често доаѓам овде и секогаш доаѓајќи си размислувам како еден турист би стигнал до Билјанините извори. Срамота е за градот за едно вака значајно место да нема никакво обележје, вели една наша сограѓанка. –Ова е уште еден...

Continue reading

брод

(обновено)Бродска линија Охрид- Поградец

Post Views: 13 Денес се воспостави бродската линија Охрид- Поградец. Пред тргнувањето на бродот „Александрија 2“ со кој се реализира ова патување, се одржа мала свеченост на охридското пристаниште, со сечење на лента. Присутните уживаа во звуците на охридската староградска песна на ансамблот „Билјана“ како и во настапот на подмладокот на КУД „Гердан“. На промотивното патување покрај многу видни луѓе од градов присуствуваа Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кои на пристаништето во Поградец беа пречекани од албанските колеги,...

Continue reading

брод

Од денес официјално се воспостави бродската линија Охрид- Поградец

Post Views: 8   Од денес Охрид и албанскиот град  Поградец поблиску еден до друг. Овие два езерски града години наназад правеа напори да се поврзат преку воден сообраќај. Од охридското пристаниште исплови бродот „Александрија 2“. Конечно се реализира долгонајавуваната бродска линија Охрид- Поградец. На бродот се наоѓаа видни луѓе од градов како и министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Пред тргнувањето на бродот, се одржа мала свеченост на охридското пристаниште, со сечење на лента. Присутните уживаа во звуците на охридската староградска песна на ансамблот „Билјана“ како...

Continue reading

матуранмти 64

50 години од матура

Post Views: 2 Генерацијата матуранри 1964 од Гимназијата Св. „Климент Охридски“ го одбележа својот  50 годишен јубилеј. Дваесет некогашни ученици заедно со нивниот класен раководител Зарко Баче евоцираа спомени за нивните школски денови, за сите згоди и незгоди, скриени љубови. Во саботата претпладнето се собраа на класен час а вечерта прославија во ресторанот „Далга“. Тие се договорија ваквите дружби да ги практикуваат почесто бидејќи тоа им дава еден поголем смисол на нивните пензионерски денови. {loadposition content9}

Continue reading

stolici

Општинскиот комунален инспекторат во акција

Post Views: 0   200 столови и 50 угостителски маси беа подигнати при акцијата што ја спроведе Општинскиот комунален инспекторат. Ова следуваше поради непочитување од страна на голем дел од угостителите на одлуката која беше донесена уште во зимскиот период од Локалната, а со која сите беа обврзани да достават барања за поставување урбана опрема до Секторот за урбанизам најдоцна до 15 април оваа година. Од општинскиот инспекторат после овој рок спровеле акција и уште еднаш на терен ги опоменале сите кои немале доставено барања во рок од 15 дена да го направат тоа, но и покрај тоа голем...

Continue reading

pristaniste sv.naum

Пристаништето во Свети Наум во незавидна состојба

Post Views: 1 Пристаништето во Свети Наум во незавидна состојба. Ова го тврдат некои сопственици на пловни објекти кои се усидруваат таму. Додаваат дека на пристаништето нема никакви услови и дека е прилично руинирано. Од Охридската капетанија ги отфрлаат ваквите забелешки објаснувајќи дека зимата бил извршен еден зафат на продлабочување на влезот на пристаништето и бил отстранет нанос од 1000метри кубни. Во месец февруари било санирано свлечилиштето кое се појавило од јужната страна односно на пристапниот дел на пристаништето –Пристаништето е во функционална состојба и без...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top