Автор: Јаковлева Лионела

taksi

Ново лето, стари проблеми

Post Views: 17 И ова лето Охриѓани и туристите со низа забелешки во врска со такси превозот во градов. Никако да се надминат  старите проблеми. Повторно  некои од таксистите одбиваат да возат на кратки релации, не издаваат фискална сметка па цената која ја наплаќаат  ја тресат од ракав, љубезноста не е на завидно ниво како и услугата. Многупати патниците сами треба да си го сместат багажот, а таксистот си седи во возилото, ова се само дел од поплаките на патниците.Од Локалната велат дека свесни се за проблемите кои се провлекуваат во такси превозот во градов. –Знаеме за полаките...

Continue reading

пат

ЈП „Комуналец “хортикултурно ќе ги уредува сообраќајниците во градов

Post Views: 0 Хортикултурно ќе се уредува зелениот појас на патниот правец Охрид-Св. Наум. Иако овој магисрален пат е под ингеренции на Македонија пат, Јп „Комуналец“ согледувајќи ја потребата од негово уредување на сопствена иницијатива ќе го исчисти, нивелира и оплемени просторот. -Во наредниот период подготвени сме да направиме два бунари и на целиот ќе се постави водоводна мрежа за наводнување, а наесен ќе го озелениме со соодветни растенија за ваков простор, вели Елена Скрческа, директорката на ЈП „Комуналец„. Директорката вели дека ќе се погрижат за хортикултурно уредување ...

Continue reading

perivlepta

Започнува конзервацијата на фрескоживописот во црквата Св. Богородица Перивлепта

Post Views: 2 Започнува конзервацијата на фрескоживописот во црквата СВ. Богородица Перивлепта. Конзерваторското одобрение е добиено и најавено е дека околу 15ти август ќе се отпочне со работа.  На реализацијата на проектот се ангажирани конзерватори од Македонија и двајца експерти од УНЕСКО кои во Охрид треба да пристигнат на 1ви Септември. –Се надеваме дека со оваа конзервација конечно ќе се стави крај на оние зборувања дека живописот во Перивлепта пропаѓа, се рони и го губи својот пигмент. Се надеваме дека со оваа конзервација ќе се направи најдоброто бидејќи отстранети се...

Continue reading

parking

И на малиот полигон ќе се наплаќа за паркинг

Post Views: 1 Со паркингот кај поранешниот полигон за мали спортови од денес ќе стопанисува ЈП „Билјанини Извори“. Тој паркинг простор е сопственост на ГП „Гранит“.  Ова градежно претпријатие склучило договор за издавање под закуп на просторот наЈП „Билјанини извори“ во траење од една година.  Со тоа  ова јавно претпријатие  ќе врши економско оперирање на паркингот за што на „Гранит“ ќе му исплаќа соодветен процент. Во случајов „Гранит“ добива, но граѓаните губат. Инаку паркингот ќе биде дел од зоната Б, така што за еден час паркирање  ќе се наплаќа 20 денари. Уредувањето на просторот...

Continue reading

bina

Дали тартанот на атлетската патека повторно ќе настрада

Post Views: 2 Љубителите на музиката на познатата балканска ѕвезда Цеца Ражњатовиќ со нетрпение го очекуват вечерашниот концерт. Локацијата на концертот добро позната, стадионот на СРЦ „Билјанини извори“. Додека фановите се во исчекување на овај музички настан, атлетичарите од АК „Охрид“ се во грч за судбината на тартан патеката. Стравуваат да не дојде до оштетување на подлогата бидејќи тоа и претходно се случувало при вакви големи концерти кои се одржувале на стадионот. Од ЈП „Билјанини извори“ смируваат тврдејќи дека се превземени сите мерки за заштита на тартанот. –Ние цело...

Continue reading

trotoar

Maси и столици на тротоарите, а пешаците на коловозот

Post Views: 2 Maси и столици на тротоарите а пешаците на коловозот.  Ваква е сликата на улицата “Коста Абраш“, пред рестораните „Александрија“ и „Чун“. На овој потег има огромна фрекфенција на  пешаци и автомобили кои се движат по коловозот затоа што тротоарите се пренаменети во угостителски објекти.   Пешаците стравуваат за својата безбедност и се прашуваат како Локалната дозволила поставување урбана опрема на двата тротоари и тоа не само во летниот период туку преку целата година. Од Локалната велат дека  опремата е поставена согласно програмата што се носи за поставување урбана...

Continue reading

kontejner

Полни раце работа за ЈП „Комуналец“

Post Views: 3 Градов полека, но сигурно се полни со гости. Се очекува во викендов што доаѓа Охрид да биде дестинација за голем број домашни туристи поради престојните илинденски празници. Но, тоа значи и полни раце работа за ЈП „Комуналец“ бидејќи зголемениот број на гости носи и преполни контејнери со смет. Од ова јавно претпријатие велат дека превземени се сите мерки за поголема ангажираност на вработените за подигање на сметот, одржување на хигиената на јавните површини и на јавното зеленило. –За подобра организација во работата воведовме и трета смена. Возилата ќе подигаат...

Continue reading

most na zelbite

Ќе се пишува монографија за Охрид

Post Views: 6 Ќе се пишува монографија за Охрид. Тоа ќе биде еден репрезентативен примерок за историјата на градов. Во книгата ќе бидат опфатени сите значајни настани, личности, културно-историски објекти, археолошки локалитети и природни убавини или со еден збор се она што му дава белег на градов. Иницијативата за пишување на една ваква монографија е на Општина Охрид, односно на Секторот за Туризам и локален економски развој. -Во моментов сме во фаза на избор на стручни лица  кои ќе работат на оваа монографија и веднаш штом ќе завршиме со тој избор пристапуваме кон процес на нејзина...

Continue reading

trotoar

Граѓаните си го бараат ветеното

Post Views: 4 Добре дојдовте во Охрид, градот на УНЕСКО, но и на раскопаните тротоари. Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сте стигнале во некоја селска населба. Трње од сите страни на патот, раскопани тротоари и прашина, се жалат граѓаните кои токму таму живеат. Тие велат дека сликата не е изменета повеќе од 20 год. Иако во Локалната им рекле дека овој тротоар е ставен во приоритетите и дека  оваа пролет ќе биде направен, се останува само на ветување, вели Илија Магденоски, претседателот на УЗ Воска. Тој раскажува дека...

Continue reading

mrvica

Концертoт на виртуозот на пијано, Максим Мрвица, исфрли на површина повеќе организациони фалинки

Post Views: 10 Хрватскиот пијанист Максим Мрвица на сите кои саботата навечер беа на „Антички“ им приреди едно незаборавно доживување. Овој виртуоз на пијано кој настапи во рамките на фестивалот „Охридско лето“  на начин препознатлив само за него изведе кросовер композииции од своите десет албуми, како и еден помал блок класична музика и ја стана публиката на нозе. Овој концерт по се изгледа ќе се вброи во еден од најдобрите на овогодинешното фестивалско издание. Но, зачуди фактот што и за еден ваков светски настан античкиот театар пред почетокот на концертот остана полупразен па...

Continue reading

охрид

Без стратегија нема развој на туризмот

Post Views: 3 Ќе се изготвува нова национална стратегија за развој на туризмот. На постоечката која е донесена во 2009год., а ревидирана во 2011 и истекува рокот нареднава година. Стратегијата е многу важен документ, вели Проф. Др. Науме Мариноски од ФТУ од Охрид, бидејќи врз нејзина основа се донесуваат многу закони кои се значајни за развојот на туризмот. Врз основа на овој општ акт се донесуваат документи на регионално и локално ниво, како и стратешки документи, објаснува Мариноски. Тој учествувал во ревидирањето на стратегијата од 2009 при што тогашниот тим ставил акцент на развојот...

Continue reading

LES

Итна седница на Локалниот економски совет поради нарушениот туристичкиот углед на Охрид

Post Views: 2 Неодамнешните пишувања и прилози во некои електронски и печатени медиуми околу ниското ниво на услуги во туристичкиот сектор и високите цени на туристичките услуги и производи во Охрид, беа причина Градоначалникот да свика итна седница на Локалниот економски совет во екот на туристичкава сезона. Седницата се одржа во проширен состав и на неа присуствуваа претставници од сите субјекти кои учествуват во креирањето на туристичката понуда во градов. Бакрачески рече дека  општ впечаток на сите бил дека обидите да се оцрни градов со констатации дека е прескап и дека не нуди...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top