Автор: Јаковлева Лионела

отпис

Oхриѓани најмногу заинтересирани за простување на кредитни долгови

Post Views: 7 Од денес започнува аплицирањето за отпис на долговите за ранливата категорија граѓани.  Пред шалтерот на социјалните работници  во Охрид од утрово интересот на граѓаните  е голем. Социјалниот работник Лилјана Арнаудоска вели дека граѓаните се добро информирани  што може да бараат за да им се отпише како  направен долг. „Луѓево најмногу поднесуваат барања за кредитни картички, и за потрошувачки кредити. За  струја има малку затоа што долгот се однесува до 31. 12 . 2013 години , не се однесуваат за 2014 и радиодифузна такаса, но најмногу за кредити“, напоменува Арнаудоска. Со...

Continue reading

trotoari

Мисли ли некој на безбедноста на пешаците

Post Views: 4 Maси и столици на тротоарите, а пешаците на коловозот. Сеуште ваква е сликата на улицата “Коста Абраш“, пред рестораните „Александрија“ и „Чун“. На Овој потег од  улицата според одлука на Совет во текот на летниот период од 05 до 20 часот е сообраќајница. На ова место има и огромна фрекфенција на пешаци кои се приморани да се движат по коловозот затоа што тротоарите се пренаменети во тераси на угостителските објекти. Твм пред извесно време на барање на граѓаните  пишуваше за овој проблем. Тогаш од Локалната се изјаснија дека опремата е поставена согласно програмата што...

Continue reading

игри

Се враќаат „Водени лудории“ на охридскиот базен

Post Views: 8 Се враќаат „Водените лудории“ на охридскиот базен. Игрите ќе се одржат на градскиот базен „Атина Бојаџи“ на 25 и 26 август. Овие игри се организираат во рамките на спортско лето во организација на ЈП Билјанини извори и се под покровителство на  општина Охрид. Идејата е да се возобноват некогашните игри кои замреле пред повеќе  години. Намерата на организаторите е дружба на младите во Охрид, промовирање на спортскиот и натпреварувачкиот дух, јакнење на тимската работа, вели Наум Јамандиев главен судија  и еден од креаторите на игрите. „ Правилата се едноставни ќе им бидат...

Continue reading

jovanovik

IN MEMORIAM

Post Views: 0 По долго и тешко боледување во 75 година од животот почина Маринела Јовановиќ, поранешна директорка на  установата библиотека Григор Прличев, писател и публицист од Охрид.      Јовановиќ беше активен општествено- политички работник. 4 години беше претседател  на  Собаранието на здруженеи на пезнионерита на Охрид и Дебрца, член на Сојузот на борци од Охрид. Колегите од Здружението на пензионери одржаа комеморација во спомен на ликот и делото на  Маринела Јовановиќ. Телеграма со сочуство по повод смрта на Јовановиќ испрати и Сојузот на пензионери на Македонија. Посмртните...

Continue reading

poetska nok

Поезијата е важна за малите земји

Post Views: 1 Поетите Патрик Котер и Тања Бакиќ се дел од  учесниците на овогодинешната Поетска ноќ во Велестово.  Покрај нив, на интернационалната вечер ќе се чита поезија и од словенечката поетеса  Барбара Погачник. Тие се дел од интернационалната вечер на манифестацијата воведена пред 6 години, а која  привлекува силно внимание кај странските поети. Ирскиот поет Патрик Потер е втор пат на оваа манифестација, а за Македонија дознал повеќе од Струшките вечери на поезијата. Тоа е доказ колку поезијата може да биде силно маркетиншко оружје за да се знае повеќе за една земја. Ирска...

Continue reading

драма

Премиера на албанскиот театар со претставата „Предавање“

Post Views: 6 Утревечер премиера на претставата Предавање на албанскиот театар на текст од  Мартин Мек Донах. Предавање е приказ на 4 човечки драми. Станува збор за црна комедија од обичното секојдневие. Ова е претстава е слика на времето во кое живееме, со сите недостаоци и проблеми, со сите радости и таги. Црната  комедија преку карактерите , преку комична реплика  во една трагична ситуација успева да третира и изнесе на површина комична ситуација од најтрагичен начин  имајќи во себе вистинско емоционално доживување.  Актерите се задоволни што повторно играат претства на Охридско...

Continue reading

inf.biro

Се анкетираат гостите и туристичките работници

Post Views: 1 И ова лето туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има. -Генерално анкетните прашалници се исти како и минатата година со мали модификации кои ги направивме врз основа на тековната состојба во туризмот, вели Ѓоко Апостолов од...

Continue reading

свр

Кривични пријави за злоупотреба на службена положба за две лица од Секторот за комунални дејности

Post Views: 3 СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица Е.С.(59), раководител на Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици и З.Ш.(48) советник во Сектор за сообраќај во општина Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.  Во 2006 година, градоначалникот на општина Охрид донел решение за градење на фекална и атмосферска канализација, што требало да поминува низ приватен имот, сопственост на Џ. А. По ова, Е.С. во периодот од 2008 до 2010 година и З.Ш. од 2009 до 2012 година иако знаеле дека имотно правните односи каде што требало...

Continue reading

upisi

Започнуваат уписите на охридските факултети

Post Views: 5 На Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид, за четиригодишни универзитетски студии вкупно ќе можат да се запишат 285 студенти, од кои 150 редовни, 85 со кофинансирање и 50 вонредни. На насоката Туризам, за четиригодишни универзитетски студии слободни места има 100, на Осигурување 50 и на Царина и шпедиција 15. За тригодишни студии на насоката Гастрономија, исхрана и диететика можат да се запишат 50 студенти, а на Хотелско- ресторански менаџмент 40. На Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“  слободни се вкупно 440 места, од кои 220...

Continue reading

школо

Помал број првачиња во Охрид, родителите емигрираат во странство

Post Views: 1 Продолжува  намалувањето на  првачиња кои треба да се запишат во некое од 8-те  основни училишта во Охрид и околните селски населби. 660 деца кои се родени во 2008 година  во оваа учебна година треба да стартуваат во прво одделение, информираат од подрачната единица на министерството за образование.  Но, овој број  не се совпаѓа со бројот запишани првоодделенци во охридските училишта. Од општинското одделение за образование  потврдуваат  дека во моментов се запишани  511 првачиња. Состојбата е можно да претрпи мали измени затоа што во месец агуст ќе следува и вториот...

Continue reading

хорски фестивал

По шести пат охридски хорски фестивал

Post Views: 1 По шести пат охридски хорски фестивал. Од 21ви до 25ти август сите љубители на хорската музика ќе можат да уживаат во настапите на 30 европски хорови. Концептот на фестивалот останува ист како и минатите години. Отворањето на фестивалот започнува со кратки настапи на хористите на отворена сцена.–Атмосферата ќе е прекрасна. Сите хорови се квалитетни и ги покануваме сите граѓани и туристи кои ќе престојуваат во Охрид да ги посетат концертите, а причина повеќе е што влезот е слободен, вели Александар Димоски, директорот на Охридскиот хорски фестивал . И годинава на...

Continue reading

vino

Викенд на вино и сирење во Охрид

Post Views: 7 Викенд на вино и сирење во Охрид. После петгодишна пауза дегустаторско-продажната манифестација „Вино и сирење“ повторно ќе се одржи. Овојпат таа ќе има регионален карактер, па учество ќе земат производители на вино и сирење и од другите општини од Македонија, како и од Корча, Албанија. Производите ќе бидат поставени на дваесеттина штандови распоредени околу фонтаната кај чинарот. –Она што е иновативно за ова издание  на фестивалот „Вино и сирење“ е што ќе има еден многу добро осмислен вид на презентација преку посебно дизајнирани штандови на кои ќе бидат изложени...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top