Автор: Јаковлева Лионела

semejstvo

Љубов и топол дом за секое дете

Post Views: 6 Анкица Крстаноска е мајка на три деца. Таа има три ќерки, но само на една од нив и е биолошка мајка. Другите две девојчиња ги има згрижено во своето семејство полно со љубов и разбирање. Анкица уште пред четири години заедно со нејзиниот сопруг се одлучиле да станат згрижувачко семејство. Ние долго време немавме деца. После многу години во брак ја родив мојата ќерка, но бидејќи сакавме уште деца со мојот сопруг решивме да згрижиме некое детенце, вели Анкица. Нејзиното семејство е едно од двете во Охрид кои згрижуваат дечиња. Од центарот за социјални грижи велат дека...

Continue reading

knigi

Основците од прво до трето одделениe ги добија новите учебници според програмата од Кембриџ

Post Views: 1 Основците од прво до трето одделение ќе учат по програма како онаа на Кембриџ. Дечињата веќе ги добија новите учебници а први ги разгледаа родителите. И имаа што да видат. По математика првачињата нема да ги учат само броевите од 1 до 10, туку ќе бројат до 100 и назад, а ќе читаат и пишуваат од 0 до 20. Во второ и трето одделение математиката уште поамбициозна, делење со остаток, равенки со една непозната со двоцифрени броеви, броење со прогресија и тн. Во предметот „природни науки“ учениците уште на оваа возраст ќе се запознаваат со основните поими во физиката, хемијата...

Continue reading

hristo uzunov

Охридските училишта започнаа со легализација на дворните места

Post Views: 0 Охридските училишта започнаа со легализација на дворните места. Досега ниту едно школо не можеше да врши било какви градежни зафати на дворната површина бидејќи имотот не беше нивни. Локалната започна процес на денационализација на приватните имоти на кои се наоѓаат дворовите на училиштата. За прв пат во историјата на Охрид ги започнавме процесите на расчистување на имотно правните односи на охридските училишта кои во изминатиот период не беа решени. Сето тоа се прави со средства на Локалната и дел од нив веќе се запишани во катастар, рече Градоначалникот Никола Бакрачески. Училиштето...

Continue reading

климент

Свечено одбележан првиот училишен ден вo ОУ„Св. Климент Охридски“

Post Views: 0 Со искрени желби за многу здравје и успех во учењето, првачињата и сите присутни ги поздрави директорот на училиштето Јордан Пуроски. Низ низа активности, забава и смеа успешно ги водеше познатиот аниматор Ивица Маринковиќ- познат како Ивце Пивце. Учениците го нанижаа охридското ѓерданче од бисери испишани со нивните имиња и оставија траен печат во училиштето  од првиот училиштен ден. Програмата која ја подготвија четвртооделенците со нивните наставнички Валентина Кузманоска и Виолета Илиевска, ја помогнаа и наставниците Павлина Климеска, Катерина Пецакова и Бобан Гаврилоски,...

Continue reading

приредба

511 првачиња денес за прв пат седнаа во училишните клупи

Post Views: 0 511 првачиња денес за прв пат седнаа во училишните клупи. Во основните училишта во општина Охрид утрово свечено започна новата учебна година. По тој повод во ОУ „Христо Узунов“ се одржа свеченост каде на првачињата успех во школувањето им посака и градоначалникот Никола Бакрачески. -Им посакувам среќа и успешно совладување на наставните програми. Нивните учители ќе вложат напори овој премин од нивното детство што полесно да го прифатат и што полесно да се прилагодат кон новата средина на знаења и учење и ќе им овозможат на првачињата да го засакаат училиштето, своите...

Continue reading

лисица

Центарот за јавно здравје предупредува на опасноста од појавата на лисици во градов

Post Views: 1 Лисица со шест мали лисичиња сеуште се шета во стариот дел на градот. И покрај бројните реакции на варошани никој не се најде надлежен за решавање на овај сериозен  проблем. Од локалната се оградија велејќи дека немаат никакви ингеренции и дека за тоа се задолжени други институции, а пред се Агенцијата за храна и ветеринарство која е одговорна за применување на Законот за благосостојба на животните. Од Агенцијата за храна и ветеринарство пак велат дека можат да интервенираат само во случај ако има отстрел на некое диво животно по што излегуваат на терен земаат мостри...

Continue reading

пештани

Депоата на Плаошник кријат богата археолошка поставка

Post Views: 1 Нема да се чека изградбата на Музејот на Плаошник за да можат да се видат експонатите. Оние кои се конзервирани можат да се видат и сега, најави Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска. Во Музејот на Плаошник треба да бидат изложени музејските предмети откриени при повеќегодишните археолошки истражувања на Плаошник, ќе бидат изложени највредните икони од Галеријата на икони, епиграфските споменици, старите ракописи, а ќе има и сала каде ќе бидат организирани повремени изложби.  Моментално археолошки истражувања се прават на местото каде што треба да никне...

Continue reading

memorandum

Потпишан меморандум за соработка помеѓу студентскиот парламент при Универзитетот “Св. Апостол Павле” и НАПАГ

Post Views: 7 Денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу студентскиот парламент при Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” и Националната асоцијација на престижни академски граѓани. Целта на овој меморандум е  да се искористи потенцијалот на најуспешните студенти преку низа одржани обуки и натпревари. Дел од нив ќе бидат организирани во странски земји. Оваа соработка со студентскиот парламент на универзитетот Св. Апостол Павле е само  почеток на неколку настани што во блиска иднина ги имаме договорено како и останата настани кои ќе...

Continue reading

книга

Охриѓани се помалку купуваат книги

Post Views: 1 Охриѓани се поретко можат да ги подноват своите домашни библиотеки со некое ново издание. Причина за тоа се високите цени на книгите, а нискиот стандард на граѓаниите. Вработените во книжарниците низ градов велат дека само мал број на граѓани можат да си купат книга бидејќи во денешно време тоа станува луксуз. Најчесто ги чекаат попустите на саемот на книгата кој се одржува во месец април во Скопје. „Но, оваа година и на саемот книгите не беа баш евтини“, објаснува Димитар Саков раководител на книжарата „Алби“. Попустот бил само за 10 до 20%, а не како изминатите години...

Continue reading

ftu

Доцни изградбата на ботаничката градина на ФТУ

Post Views: 3 Доцни изградбата на ботаничката градина на ФТУ. Уште пролетта беше најавено дека овој комплексен проект треба да биде завршен за 15 месеци, а постапката за распишување на тендер требаше да  започне веднаш после изборите кои се одржаа во април. Ботаничката градина е дел од проектот во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната,...

Continue reading

knizara

Нова учебна година, стари маки

Post Views: 1   Започнуваат главоболките кои се вообичаени пред почетокот на секоја учебна година. Се ситнат деновите до први септември. Децата, пред се  првачињата се возбудени, но нивните родители се загрижени. Тие од својот буџет ќе треба да издвојат околу 3000 денари за да го опремат своето прваче со школски прибор и со ранец. Само за илустрација тетратките од мал формат чинат од 15 до 35ден., тетратките од А4 формат чинат од 30 до 60ден., дрвените боици во зависност од квалитетот и производителот чинат од 90 до 140 ден., фломастерите се од 70 до 200ден., моливите и пенкалата...

Continue reading

gomleze

„Вкусови на традицијата“ на „Охридска софра“ во Скребатно

Post Views: 8   „Вкусови на традицијата“ на „Охридска софра“ во Скребатно. Екипата на емисијата посветена на традиционалните јадења заедно со нејзиниот водител Адријана Алачки ќе се дел од овогодинешната манифестација „Охридска софра“. Што е уште поинтересно на Алачки асистент во готвењето на еден познат охридски специјалитет ќе и биде градоначалникот Никола Бакрачески. Ова е една од новините кои годинава организаторот ги внесе со цел што повеќе да се испромовираат охридските специјалитети пред гостите. –Главната иницијатива и идеја потекна од соработката со организаторот на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top