Post Views: 1
Не поучени од досегашното искуство на национално и локално ниво од СДСМ се повеќе и почесто го допираат дното од кое најверојатно нема уште долго да се кренат доколку и понатака критикуваат се што е добро и на кое вредно и посветено се работи а е во интерес на Охрид и охриѓани. По денешната “бледа“ и вообичаено неаргументирана прес – конференција, бараме од СДСМ јавно да им се извинат на сите охриѓани затоа што со самиот факт што за нив не се битни патиштата , улиците и другите проекти од инфра структурата кои Општина Охрид ќе ги гради со средства од Светска Банка ...
Post Views: 9
За каква цел е земен кредитот во висина од 127 милиони денари, прашуваат oд општинската СДСМ. Тие бараат од градоначалникот Никола Бакрачески, да каже и дали под капитални инвестиции се подразбира асфалтирање улици и поставување атмосферска канализација кои што се редовна обврска на секоја општина.
–Она што дополнително загрижува е фактот дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески кријат колкави камати ќе плаќаат охриѓани за земениот кредит од 127 милиони денари. – За тоа ли граѓаните на Охрид ќе враќаат кредит до 2030 година?, прашува координаторот на советничката...
Post Views: 1
Во книгата „Билките на баба Рада“ можат да се најдат многу совети, рецепти и препораки како да се користат билките кои се наоѓаат во природата, а кои можат да ни бидат од животно значење. Промотор е самата авторка познатата баба Рада со која граѓаните ќе можат лично да се запознаат и да поразговараат, вели Александра Белеска-директор ката на НУ библиотека „Григор Прличев“.
{loadposition content9}
Post Views: 7
Летово направени 100 надзори од страна на општинскиот пазарен инспекторат во врска со спроведувањето на Законот за заштита од пушење. На триесеттина прекршители изречени им се казни во висина од 2000 евра за правно лице и 500 евра за физичко лице. Ѓорѓи Бошалески, раководителот на општинскиот пазарен инспекторат вели дека нема отстапување и дека и понатаму ригорозно ќе го спроведуваат Законот за заштита од пушење. Контролите се прават секојдневно и тоа не само по угостителските објекти, туку и во сите трговски и занаетчиски објекти, бутици, продавници и сите единици...
Post Views: 1
Почнаа да функционираат двете дисперзирани спортски паралелки. Министерството за образование заедно со Спортаската академија од оваа учебна година отворија една паралелка за фудбал и една за ракомет во рамките на средното училиште „Ванчо Питошески“. Голем број дечиња се определија своето средно образование да го продолжат токму во овие паралелки, но само триесетина од нив беа избрани од селекторите.
Во паралелката за ракомет има десет деца, а во паралелката за фудбал има дваесет и пет.
Интересот беше голем но критериумите низ кои поминаа децата беше многу ригорозен....
Post Views: 3
Започнаа подготовките за проширување на НУ библиотека „Григор Прличев“. Со тоа се реализира одлуката на Владата на РМ донесена уште пред една година, а со која просториите каде моментално функционира НУ фестивал„Охридско лето“ и беа доделени на библиотеката на трајно користење без надомест.
Ние изминатиов период распишавме јавен оглас за спроведување тендерскам постапка на која беше избран економски оператор односно фирма која даде најповолни услови и која од комисијата за јавни набавки во библиотеката беше избрана како најдобар понудувач. Фирмата во наредниов период...
Post Views: 16
Охриѓани се жалат на хигиената и организираноста на градскиот пазар. Велат дека производите кои се продаваат не се чуваат правилно, голем дел од пазарџиите зеленчукот и овошјето го оставаат преку ноќ на тезгите покриено само со некои најлонски кеси,а многу пати гајби со производи можат да се видат и до тезгите поставени буквално на земја. Од ЈП „Градски пазар“ објаснуваат дека уредувањето на пазарот е пропишано со посебен правилник според кој закупците се задолжени секојдневно наутро да ја изложуваат стоката, а навечер да ја прибираат. Додаваат дека продавачите на сопствен...
Post Views: 4
Дрвокрадци ги пустошат шумите во охридско-струшкиот регион. Дивата сеча години наназад е доброорганизиран бизнис од кој одлично се профитира. Организирани групи собираат големи количини огревно дрво кое со патнички, теренски и товарани возила најчесто го превезуваат ноќе и го продаваат по многу пониска цена од онаа на пазарот. Според граѓаните кои биле очевидци најмногу дрвокрадци има на планината „Петрино“и тоа над селото Велгошти. Се сечат сите видови дрва, но најмногу се сече бука, велат тие. Според Секторот за шумска полиција при Министерството за земјоделство шумарство...
Post Views: 7
Августовските сметки за струја, шок за граѓаните. Многу од нив ги изненади сумата која треба да ја платат за потрошена електрична енергија која е речиси двојно повисока од месеците јуни и јули.
Од ЕВН велат дека нема место за загриженост бидејќи пракса на оваа компанија е неколку пати годишно да доставува паушални сметки. Тоа се прави и во месец август поради годишните одмори кога најголем дел од граѓаните не се во своите домови, па инкасаторите не можат да им ги прочитаат броилата.
-Следниот месец состојбата ќе биде порамнета, а корисникот ако сака и сега може да...
Post Views: 1
Позициите за кои се бара пројавување на интерес се Раководител на Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште, Раководител на Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици, Одделение за инспекциски надзор-инспекторат Раководител на Одделение за инспекциски надзор-инспекторат, Овластен градежен инспектор, Раководител на Одделение за јавни набавки, Командир на територијална противпожарна единица. Огласот се однесува и на позицијата Директор на јавните претпријатија во градов, Директор на основните училишта во градов, Директор на средните училишта како и за...
Post Views: 2
Тим од Македонија составен од неколку преставници кои години наназад работат на заштита на Охридското Езеро десет дена беа во Јапонија каде имаа можност да ги согледаат начините за рехабилитација на цевките на колекторските системи и начинот на којшто се управува со водоводниот систем. Оваа посета е дел од проектот за рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро.
– Она што го видовме на лице место, презентацијата за начинот како ќе се врши рехабилитацијата на системот беше навистина позитивно и апликативно за нашето езеро и неговиот колекторски систем....
Post Views: 0
Денес се одбележа петгодишнината од најголемата бродска трагедија во водите на Охридското Езеро. Пред спомен-плочата на загинатите туристи од Република Бугарија кои настрадаа во потонување на бродот „Илинден“ цвеќе положија делегации на Општина Охрид, на Конзулатот на Република Бугарија во Република Македонија, на Здружението „5ти Септември“, на Капетанијата, како и млади македонски ротаријанци.Бугарскиот конзул во државава Чавдар Младенов не можеше да ги скрие солзите истакнувајќи дека болката и секаќавањето на луѓето кои снастрада на овој ден сеуште се свежи.–Утринава...