Автор: Јаковлева Лионела

центар за култура

Центарот за култура „Григор Прличев“ доби современа техника

Post Views: 16 Во рамките на тригодишниот проект кој е во контекст на заложбите за унапредување на состојбите во областа на театарската дејност, предвидено е опремување на девет од постоечките 15 театри во Република Македонија. До крајот на 2015 ќе се осовремени и техниката во  Театарот „Комедија“, Театарот за деца и младинци, Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово и Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Останатите театри во државата не беа опфатени со овој проект од причина што веќе добија нови современи објекти,...

Continue reading

sostanok

Полицијата и трговците заедно во борба против крадците

Post Views: 9 Трговските објекти од градов најмногу на удар на крадците. Според податоците со кои располага СВР Охрид дури 35% од кражбите во градов се извршени во златарите, бутиците и другите трговски објекти во охридската чаршија. Речиси да нема трговски субјект кој не се соочил со ваква непријатна и опасна ситуација. Имаше и кај нас обиди за кражба, а имаше и неколку поситни кражби. Оваа појава тешко дека може да се искорени, но сите треба да направиме напори кражбите да бидат што поретки, вели сопственикот на фирмата „Маеми“, Боро Нечкоски. Со цел да се слушнат проблемите на...

Continue reading

zbornik

„Зборникот за Охридското востание“ промовиран пред охридската јавност

Post Views: 2 „Зборникот за Охридското востание“ после долгогодишни подготовки денес промовиран пред охридската јавност. Ова дело произлезе од минатогодишниот научен собир што се одржа во Охрид и Дебар по повод 100 години од избувнувањето на Охридско-дебарското востание. Во зборникот се опфатени единаесет реферати во кои е обработено охридско- дебарското востание во кое учествувале од 2500 до 5000 жители од овој крај, од кои голем број биле албанци. Во востанието биле уништени и запалени стотина села и 1000 куќи. Ова востание не беше промовирано во нашаат историја и покрај тоа што...

Continue reading

semafori

Сега кој е крив

Post Views: 8   Радоста кратко траеше . Семафорите на раскрсницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“ кои на почетокот на учебната година беа поставени после многугодишни барања од страна на родителите и училиштето, оштетени. Овие софистицирани сообраќајни помагала кои работеа на допир не се знае дали се уништени намерно или од незнаење, вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски. Оштетувањето на семафорите не е точно утврдено дали е од учениците или од некои други лица. Потребно е да се направи едукација за користењето...

Continue reading

skolo

И без раководител се може

Post Views: 3 Дел од вработените во образовните институции во градов реагираат затоа што сеуште нема назначен раководител на Секторот за јавни дејности, поконкретно на одделението за образование, култура, детска, здравствена и социјална заштита. Тие велат дека поради тоа се отежнува функционирањето на училиштата. Коко пример го посочија почетокот на учебната година кога дошло до хаотична состојба во училиштата поради неусогласеност на смените поради немање претходна координација помежу директорите на школките што вообичаено пред почетокот на секоја учебна година се правела на заеднички...

Continue reading

penzioneri

Охридските пензионери на прием каj Градоначалникот Никола Бакрачески

Post Views: 2 Охридските пензионери на прием каj Градоначалникот Никола Бакрачески. Повод за тоа се постигнатите резултати и освоеното прво место  на Деветнаесеттата спортска олимпијада на пензионерите на Република Македонија.  Претседателот на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески се заблагодари во име на нивните 9.600 членови и рече дека соработката со Локалната е на завидно нива, а оти се надева дека во иднина ќе биде уште поуспешна.  Пензионерот Цветко Попоски и оваа година освои златен медал во стрелаштво. Тој раскажува дека досега седум пати се закитил...

Continue reading

Ohrid

Извештаите за работа на ЈП и училиштата во градов, камен на сопнување

Post Views: 7 Извештаите за работењето и остварените резултати за првата половина од 2014 година на јавните претпријатија, за некои советници одраз на позитивен тренд во овие претпријатиа, а за некого сеуште показател на тешката состојба и проблемите со кои истите се соочуваат. Советникот од ЛДП, Дејан Блажески рече дека тие како опозиција не се задоволни бидејќи побарале да им се достави образецот за задолжувањата на јавните претпријатија како и информации околу направените трошоци во истите, но ништо не добиле од тоа. ЈП имаат сериозни проблеми и потребен е еден радикален рез и...

Continue reading

avtobuska postojka

Ново ветување од Локалната дека градов ќе добие современи автобуски постојки

Post Views: 2 Трета среќа. Оваа локална власт по трет пат во година и половина ветува дека граѓаните кои го користат градскиот превоз ќе добијат пристојно место за чекање. Во повеќе наврати пишуваваме дека автобуските постојки низ градов се во очајна состојба и дека охриѓани кои чекаат градски превоз најчесто се под ведро небо по што Локалната ветуваше дека за брзо овој проблем ќе биде решен. Последното ветување дадено во јуни беше дека со почетокот на летото Охрид ќе добие современи постојки. Летото помина, но со старите постојки. Сега Локалната со ново ветување. –Изготвена...

Continue reading

protest

Станоиздавачите денес протестираа изреволтирани од предлог измените на Законот за угостителска дејност

Post Views: 1 Дел од приватните станоиздавачи денес протестираа пред општинската зграда изреволтирани од предлог измените на Законот за угостителска дејност. Меѓу другото со нив се предлага на физичките лица да не им се дозволува  издаваат станови, соби или апартмани во колективни стамбени згради. Образложението на предлагачот на законските измени, ХОТАМ е дека на овој начин ќе се намали сивата економија кај лицата кои вршат туристичка дејност. Станоиздавачите бурно реагираа на овие забелешки со образложение дека тие се регистрирани и легално ја вршат оваа дејност а при тоа ги подмируваат...

Continue reading

sdsm Ohrid

Бакрачески си поигрува со оние вработени во општинската зграда во Косел, обвинуваат од ОО на СДСМ

Post Views: 7 Од  СДСМ обвинуваат дека дел од вработените во општина Охрид незаконски, непрофесионално и сосема непотребно веќе 9 месеци се преместени да работат во село Косел. Од таму велат дека ветувањaтa дадени пред неколку месеци од страна на градоначалникот дека целата општинска администрација ќе се ротира и по неколку месеци ќе работи во Косел се само празни ветувања. Општинската организација на СДСМ денес одржа прес конференција во врска со вработените во општина Охрид кои според нив незаконски, непрофесионално и сосема непотребно веќе 9 месеци се преместени да работат во село...

Continue reading

kanal

Дождовите доаѓаат, а каналите и речните корита плачат за чистење

Post Views: 3 Од вчера и официјално започна есента, а со тоа доаѓаат и обилните есенски дождови. Граѓаните сугерираат Локалната што поскоро да ги исчисти каналите и речните корита како не би дошло до појава на поплави на некои критични места во градот. Моменталната состојба на каналите и реките е на незавидно ниво. Натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад може да се види во оние кои не се обраснати со бујна вегетација. Од Локалната тврдат дека каналите и речните корита не се во толку лоша состојба. Според она што лани нашите екипи го сработија каналите не се во...

Continue reading

општина охрид

Реакција на Локалната на прес конференцијата на СДСМ

Post Views: 2 Како што се покажа , констатацијата на Градоначалникот дека СДСМ нема да настапи со аргументи на говорницата и дека во деновите по неа, ќе организира прес конференции повторно за жал се покажа како точна и денес како и секогаш од како ќе доживеат фијаско на седниците имаме прес конференција на оваа партија, а вчера на седницата имавме наведнати глави и молк.Во интерес на јавноста и вистината уште еднаш чувствуваме за потребно да ги објасниме поволните услови на овој заем кој исклучиво го добива општина која направила извесен напредок во однос на финансиското работење...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top