И без раководител се може

Сеуште нема назначен раководител на Секторот за јавни дејности па поради тоа се отежнува функционирањето на училиштата, реагира дел од  образовниот кадар. Од локалната ги негираат ваквите реакции објаснувајќи дека нема застој во секторот бидејќи иако нема раководител со него непосредно раководи Градоначалникот Никола Бакрачески и секретарот на општината , Димитар Спасески.

 |  Јаковлева Лионела  | 
skolo
школо

Дел од вработените во образовните институции во градов реагираат затоа што сеуште нема назначен раководител на Секторот за јавни дејности, поконкретно на одделението за образование, култура, детска, здравствена и социјална заштита. Тие велат дека поради тоа се отежнува функционирањето на училиштата. Коко пример го посочија почетокот на учебната година кога дошло до хаотична состојба во училиштата поради неусогласеност на смените поради немање претходна координација помежу директорите на школките што вообичаено пред почетокот на секоја учебна година се правела на заеднички состанок со раководителот на образование. Од Локалната негираат дека имало некакаов проблем.ученици

Сите училишта функционираат непречено. До нас и до секторот досега немало забелешки за неусогласеност меѓу училиштата и не стигнала никаква поплака ниту барање, вели Томе Џамтоски-портпарол на локална самоуправа.

Џамтоски тврди дека нема неопходност од поставување на раководител на Секторор за јавни дејности додавајќи дека сега со тој сектор непосредно раководи Градоначалникот Никола Бакрачески и секретарот на општината , Димитар Спасески така што за секој проблем засегнатите можат да им се обратат.op[tina

Ние во нашиот сектор имаме вработени кои си ја вршат работата во однос на интеракција со основните и средните училишта така што не гледам причина за било каков проблем, дециден е Џамтоски.

Портпаролот на локалната вели дека во секој случај раководител на Секторот за  за јавни дејности ќе биде назначен. Тој рече дека се чека да заврши и огласот за пројавување на интерес што според локалната е уште една можност за изнаоѓање соодветно лице за оваа раководна функција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top