Автор: Јаковлева Лионела

Каде ќе зимуваат охриѓани

Post Views: 1 Охриѓани ги менуваат своите навики па се почесто својот одмор го планираат неколку месеци однапред. Уште од септември почнуваат да размислуваат каде ќе одат на зимување. Туристичките агенции ги пратат новите трендови и веднаш по завршувањето на летната сезона прават аранжмани за зимската. Сите оние кои ќе уплатат неколку месеци однапред добиваат многу поволности, вели Елида Битрак од ТА „Елида турс“.Уште во месец октомври ние извадивме програми во кои  ги наведовме предностите во поглед на раното букирање така што доколку граѓаните уплатија во месец октомври добија попуст...

Continue reading

Израелците повторно се враќаат во Охрид

Post Views: 1 Охрид се попривлечен за израелските гости. Природните убавини, културното наследство на градот според кое е познат како балкански Ерусалим, храната и поволните цени е она што ги поттикнува овие туристи да го одберат нашиов град како дестинација која сакаат да ја посетат. Веќе се започнати првичните анализи каков профил на гости се  израелските туристи  и врз основа на тоа ќе се планираат и понатамошните активности земајќи во предвид дека наредната година ќе имаме и чартер летови од Израел, вели Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР.При неодамнешната посета на Израел...

Continue reading

Маалските дуќанчиња во целост не го почитуваат Законот за алкохолни пијалоци

Post Views: 0 Во охридските продавници генерално се почитува Законот за алкохолни пијалоци. Според овој закон после 19 часот во зимскиот период и после 21часот во лето, не смее да се продаваат алкохолни пијалоци. Ѓорѓи Бошалевски, раководителот на подрачната единица на пазарниот инспекторат вели дека во големите маркети во целост се почитува овој закон, но помалите продавници и малските дуќанчиња знаат да направат пропусти. Во некои продавници не дека се продава алкохол по дозволеното време, туку сопствениците или продавачите дозволиле слободен пристап до фрижидерот со алкохолни...

Continue reading

Семејството Илбер засега останува во својот дом

Post Views: 12 Демо Илбер заедно со неговата сопруга и 8 те малолетни деца засега нема да ја напуштат бараката во која живееле 15 години. Иако пред една недела добија решение за иселување, директорот на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов вели дека ќе имаат одредена толеранција додека семејството не се снајде каде да се смести. Нема да ги иселиме за осум дена. Ние многу пати досега сме пуштиле вакви решенија, но не сме ги иселиле. Преовладуваат човечките и хумани чуства, но ова е само за некое време, можеби да ја поминат зимата бидејќи од таа...

Continue reading

ribi

Охриѓани слабо јадат риба

Post Views: 0 Охриѓани иако живеат на езеро многу малку јадат риба. Според статистичките податоци македонецот годишно конзумира само 2 кг риба. Ова го потврдуваат и сопствениците на рибарниците во градов. Јахја Јахја кој веќе дваесет години се занимава со продажба на свежа и замрзната риба кажува дека граѓаните се поретко го купуваат овој прехрамбен производ иако речиси сите знаат колку е здраво да се јаде риба. Според него има повеќе причини за тоа. Првенствено во прашање е се помалата куповна моќ на граѓаните. а и менталитетот поради кој луѓето побрзо би купиле еден кг. свинско...

Continue reading

Каналите и речните корита натрупани со отпад и обрасната со бујна вегетација

Post Views: 0 Доаѓа есента, а со тоа и обилните есенски дождови. Граѓаните сугерираат Локалната што поскоро да ги исчисти каналите и речните корита како не би дошло до појава на поплави на некои критични места во градот. Моменталната состојба на каналите и реките е на незавидно ниво. Натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад може да се види во оние кои не се обраснати со бујна вегетација. Од Локалната тврдат дека каналите и речните корита не се во толку лоша состојба. Денес и утре екипи од нашиот сектор и од ЈП „Комуналец“ ќе одат на терен ќе ја снимаат состојбата...

Continue reading

pazar

Доцнат работите околу изградбата на новиот зелен пазар

Post Views: 7 Доцнат работите околу изградбата на новиот зелен пазар. Иако од Локалната најавија дека градежните работи ќе започнат при крајот на август или почетокот на септември, на терен сеуште нема ништо. Од градежната фирма АД „Илинден“ која е приватен партнер на локалната за изградба на пазарот, велат дека три месеци чекале согласност од Завод и музеј за да започнат со градба. Деновиве согласноста е добиена и треба да се испрати до Министерството за транспорт и врски кое треба да даде одобрение. Радован Трајковски, сопственикот на АД „Илинден“ објаснува дека тие како фирма се...

Continue reading

Започна имунизацијата со петтовалентната вакцинавв

Post Views: 2 Од денес започна имунизацијата со петтовалентната вакцина. Оваа вакцина е наменета за децата на возраст од 3,5 и 18 месеци кај кои имунизацијата е веќе започната.  Петовалентната вакцина во својот состав содржи заштита од дифтерија, тетанус, голема кашлица, парализа и хемофилус инфлуенце тип Б. Воведувањето на поливалентните вакцини започна од 1ви август кога беа промовирани шествалентните вакцини во кои покрај од погоре наведените вируси децата се заштитуваат и од хепатит Б. Шестовалентната вакцина се дава на новороденчиња во вториот и шестиот месец. Да нема сомнеж...

Continue reading

Започна новата академска година

Post Views: 3 Започна новата академска година. На ФТУ Охрид  на првиот свечен час добредојде на новите студенти им посакаа, новиот декан, новиот ректор и професорите .   ФТУ годинава може да се пофали со уште поголем број студенти кои се одлучиле своето високо образование да го стекнат токму на овој факултет. Во првиот и вториот уписен рок се запишале над 240 студенти, а на третиот се пријавени повеќе од 30 студенти. И оваа година најголем интерес студентите покажале за студиската програма Царина и шпедиција, каде квотата е пополнета уште во првиот уписен рок , како и за насоките...

Continue reading

Плоштадот на четирите рајски реки, ново катче за одмор и релаксација на охриѓан

Post Views: 3   Новиот плоштад кој се ноѓа кај некогашниот Мини маркет синоќа беше свечено отворен пред многубројните граѓани, претставници на локалната самоуправа, советници и пратеници. Овој простор од 1000 метри квадратни кој е партерно и хортикултурно уреден и оплеменет со две фонтани и целосно осветлен ќе биде ново катче каде граѓаните ќе се одмараат и релаксираат. Градоначалникот Никола Бакрачески вбо своето обраќање пред присутните рече дека ѓе остави граѓаните да му го дадат името на новиот плоштад. За повозрасните охриѓани овој простор беше познат како Дуборезачка, за помладите...

Continue reading

Несоодветно чуваните пијалоци кои се во ПЕТ амбалажа, темпирана бомба

Post Views: 6 Несоодветно чуваните пијалоци кои се во ПЕТ амбалажа, темпирана бомба. Граѓаните можеби во детали не го знаат ХАСАП системот и што се тој треба да содржи но можат да забележат кога со некои производи се постапува како што не треба. До редакцијата на ТВМ пристигнаа реакции од граѓани за несоодветно чување вода и пијалоци во пластична амбалажа. На температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина и дополнителна топлина која доаѓа од надворешни единици на клима уред се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци пред влезот на маркетот Рамстор во Охрид....

Continue reading

Дали засадените палми во Охрид се сушат

Post Views: 1   Дали засадените палми во Охрид се сушат. Дваесетина дрвца веќе покажуваат знаци на згинување па граѓаните коментираат дека овие тропски дрва воопшто не требаше да се садат овде бидејќи климата и поднебјето не им одговараат. Од ЈП „Комуналец“ пак ги демантираат ваквите коментари кажувајќи дека само шест палми се исушени, а другите десетина се во фаза на исушување, но сеуште имаат зелени листови па можно е и да успеат. Директорката на Комуналец Елена Скрческа кажува дека ги почитувале препораките дадени од ЈП „Македонски шуми“ за одржување на палмите во летниот период.Секојдневно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top