Post Views: 1
Дали рентабилно работи автопазарот во Охрид. Граѓаните кои го посетиле овој пазар кој се отвори пред речиси две години, а и оние кои се само случајни минувачи покрај пазарот кој е лоциран на дел од паркинг просторот кај охридските градски гробишта, го поставуваат ова прашање. Сликата за овој автопазар е едно паркирано постаро возило, а најчесто и ниту едно.
Ние како Локална самоуправа сме задоволни што авто пазарот ја исполнува својата функција. Морам да сум искрен дека тој не работи со некоја добивка ама не генерира ниту загуба, објаснува портпаролот на Локалната, Томе...
Post Views: 4
Заврши конкурсот кој го распиша Министерството за Транспорт и врски за идејно решение за изградба на градска марина во Охрид. Од министерството информираат дека пристигнати се седум идејни решенија од архитекти и проектантски куќи од повеќе градови во Македонија. Во огласот, Министерството бараше идејни решенија за две можни опции односно изградба на потполно нова марина во близина на каналот Студенчишта, или пак надградба на градското пристаниште со потребните елементи како истото би прераснало во марина. Посебна жири комисија составена од преставници од министерството...
Post Views: 6
Охриѓани реагираат дека на Мауцкер се одлага комунален отпад. Кажуваат дека отпадот потоа се пали што создава непријатна миризба на чад. Се жалат дека овој простор кој веќе е затрупан со градежен шут сега прераснува во депонија. Од Локалната велат дека кај нив досега не е пријавен ваков случај и дека немаат никакви сознанија оти на Мауцкер се депонира комунален отпад.
Јас ве уверувам дека уште утре инспекциските служби ќе излезат на терен и ќе проверат дали навистина состојбата е таква. Одговорно тврдам дека ако има отпад тогаш тој е депониран од несовесни граѓани, а...
Post Views: 1
За Македонија е опасно да оди на избори на 24ти април затоа што не се испочитувани клучните столбови на пржинскиот договор, смета професор Стево Пендаровски. Според него во моментов не постојат услови тие да се одржат на овој датум затоа што не е извршена регулацијата на медиумите, пречистувањето на Избирачкиот список доцни, а не се обезбедени ниту услови за непречена работа на Специјалното јавно обвинителство.
Македонија не смее да си дозволи луксуз- да има еднострано закажани избори на 24 април не затоа што тоа не чини, е интерес или страв, туку затоа што не се обезбедени...
Post Views: 1
Средното општинско стручно училиште Св.„Кирил и Методиј“ час поскоро треба да се поднови. Од буџетот на Општина Охрид секоја година се издвојуваат средства за реновирање на основните и средните училишта, но на оваа образовна институција и е потребна поголема финансиска инјекција. Училиштето бидејќи години наназад работеше во рамките на гимназијата Св. „Климент Охридски“ малку беше подзаборавено. Уште пред четири години требаше да се реновира фискултурната сала, да се изградат нови соблекувални и кабинет по физичка култура, но досега сеуште ништо од тоа.
Во летниот период...
Post Views: 3
Средното општинско стручно училоште „Св. Кирил и Методиј за прв пат од неговото основање организира завршна екскурзија. Вчера излезе и јавниот повик за прибираење понуди од туристичките агенции. Комисијата која е формирана и која ќе е задолжена околу организацијата на екскурзијата треба да ја одбере најповолната понуда. Според претходно извршената анкета на учениците тие ќе патуваат на дестинација Будимпешта- Виена.
Ми се чини дека посетата на едно место е попродуктивно и поефикасно отколку посета на повеќе градови бидејќи на тој начин децата најголемиот дел од времето...
Post Views: 7
Во Охрид ќе се спроведуваат четиримесечни обуки на лицата со оштетен слух и вид. Обуките ги организира Агенцијата за вработување и тоа за струката водоинсталатер и заварувач каде можат да се пријават глуви и наглуви лица и масери каде можат да аплицираат лица со оштетен вид. Целта е да им се овозможи на оваа категорија граѓани да имаат поголеми можности за вработување.
Ова е убава иницијатива но сметам дека не треба да се застане тука. Најдобро би било овие струки да се воведат во средното специјално училиште за глуви ученици. Кај нас работодавачите сеуште немаат пракса...
Post Views: 6
Денес Локалната додели 85 стипендии на талентирани ученици од основното, средното и високото образование. 40 од нив се за основците, 35 за учениците од средните училишта и 10 за студентите. Вредноста на сите нив изнесува 1 174 500ден. За средноошколците и основците се издвоени 1 012 500 ден, а за студентите 162 000 ден. Овие суми се за 80% повисоки од минатата година. Основците ќе добиваат по 1500 ден. месечно и тоа за време од девет месеци, а средношколците и студентите по 2000 ден. Александар Грунчески кој е ученик во деветто одделение во ОУ „Христо Узунов“ по трет...
Post Views: 7
Дадено зелено светло за отварање на истурената паралелка на градинката „Јасна Ристеска“ во Пештани. Комисијата пред две недели направила увид на просторијата и дворната површина и констатирала дека условите се идеални за згрижување деца.
Веќе сме целосно подготвени за отварање на паралелката. Со помош на Министерството за труд и социјална политика и на Локалната успеавме да ги докомплетираме сите работи. Чекаме само термин кога ќе може бугарскиот конзулат да присуствува, бидејќи дел од средствата за изградба на оваа просторија ги донираа тие, вели Розе Костеска, директорка...
Post Views: 0
Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата од три до шест годишна возраст. Овај проект се спроведува во соработка со Министерството за труд и социјална политика, а потребата за вакви прегледи се јавила од фактот што се поголем процент од децата уште во најмала возраст имаат проблеми со видот. После 16 ти февруари треба точно да се определи во кои денови ќе се вршат прегледите за да можат родителите да донесат здравствени книшки, но и да ги подготват своите деца доколку кај нив се воочи некаков проблем.
И за возрасните носењето...
Post Views: 1
Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси. Досега до сревисот на Локланата самоуправа поднесени се 529 барања на граѓаните. Секојдневно се доставуваат и по десетина барања, објаснува портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски. Тој додава дека охриѓани брзаат да го запазат рокот кој го даде Владата на РМ.
Граѓаните треба да внимаваат. Само оние објекти кои се изградени до 3ти март 2013та година можат да се легализираат. Се останато нема право да биде легализирано, вели Џамтоски.
Доколку и има некакви обиди за легализација на...
Post Views: 4
Српскиот државјанин Бојан У. од Краљево обвинет за убиство на Димитар Матилоски од Охрид за време на Новогодишната забава пред кафе-барот „Табана“ во Охрид, ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства.
Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот српски државјанин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. Според полицијата, на 31.12.2015 година пријавениот бил сместен во вила во Охрид заедно со неговите пријатели М.П. и Ѓ.П. ,исто така државјани на Република Србија, и на истите...