Post Views: 6
Охрид нема ликовна градска галерија. Пред дваесеттина години градов имал ваков простор во кој биле изложени дела на врвни македонски и светски уметници, а тоа била зградата каде сега се наоѓа ОМУ „Методиј Патчев“, но му бил одземен и даден на тогашниот шаховски клуб. Одтогаш па наваму се организираат само ликовни изложби од времен карактер и тоа најчесто во двете галерии на Центарот за култура „Григор Прличев“, во куќата на Уранија и на Робевци.
Ние имаме една извонредна збирка на уметнички дела кои стојат во депоата и кои за жал никој не ги видел. Една ваква галерија...
Post Views: 1
Локалната изнајде нов начин за работа на Јавните претпријатија во градов како истите би можеле да се одржат во добра финансиска кондиција. Во еден париод може да се видат вработени од ЈП „Гробишта“ како ставаат бекатон плочки по градов, после некое време тоа го прават вработените во ЈП „Нискоградба“, а на истата таа задача можат да се затекнат и работници од ЈП „Пазар“. Малку збунувачки како претпријатија чија основна дејност е сосема различна се занимаваат со иста работа. Но, градоначалникот Никола Бакрачески објасни дека овој нов принцип е воведен со цел обезбедување...
Post Views: 2
6ти април со одлука на Генералното собрание на ООН во 2013та година е прогласен за меѓународен ден на спортот. Со тоа му се дава заслуженото место на спортот кој е најголемиот амбасадор во светот и кој ги руши сите бариери и предрасуди. Асоцијацијата „Спорт за сите, сите за спорт“ со низа активности се приклучи кон одбележувањето на овој ден. Организираа спортски настан за сите граѓани, а во ОУ „Григор Прличев“ децата и нивните родители ќе можат да вежбаат аеробик на отворено. Во ланч барот „Ноа“ за повозрасните ќе се промовира ЕХО фестивалот кој е фестивал на планински...
Post Views: 2
Собранието на РМ ги донесе измените на членот 46 од Законот за вршење угостителска дејност со што им се овозможи на приватните станоиздавачи кои се наоѓаат под ист покрив како што е случајот со стамбените згради да можат да ги издаваат своите објекти. Досега право на тоа имаше само еден станоиздавач и тоа по принципот прв дојден, прв услужен. Сите наредни барања за вршење туристичка дејност беа одбивани од Комисијата за категоризација. Локалната самоуправа и ТЛЕР, со подршка на Агенцијјата за подршка и промоција на туризмот, Министерството за економија, а најмногу...
Post Views: 3
Со средства од ЕЛЕМ ќе се гради катна гаража кај Центарот за култура „Григор Прличев“. Државната компанија објави конкурс за избор на идејно решение, а архитектонските трудови треба да се достават најдоцна до 6 мај. За изгледот на катната гаража ќе одлучува посебна жири – комисија оформена од ЕЛЕМ.Проценките се дека катната гаража ќе почне да се гради во втората половина од оваа година, или пак во текот на 2017 година.
Не се работи за специјална катна гаража туку се работи целосно нов комплекс односно изградна на нов Центар за култура на местото каде што е постојниот....
Post Views: 1
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска денес меѓу охриѓани. Таа на заедничката средба со граѓаните уште еднаш истакна дека Македонија се наоѓа во сериозна политичка, економска и државна криза предизвикана од погрешните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ. Како резултат на тоа голем број граѓани се иселуваат од државава, се соочуваме со низок економски стандард, со медиумски мрак, изборни измами и сериозни индиции за голем криминал, рече Шеќеринска. Ваквата состојба може да се промени само со фер и демократски избори, но и овие денови може да се види дека...
Post Views: 4
Со доаѓањето на пролетта се актуелизира темата околу одржувањето на плажите на охридското крајбрежје. Од локалната кажуваат дека и ова лето со 9 плажи ќе стопанисуваат концесионерите кои потпишаа договор со општината и кој тарае до 2017та. Досега најголемиот дел од концесионерите ги почитуваат одредбите од договорите и општината нема некои поголеми проблеми со нив, но има и такви кои не се толку ажурни, вели портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски.
Можам да кажам дека двајца концесионери сеуште не ги имаат подмирено давачките кон локалната. Повеќе пати се...
Post Views: 8
„Нада Филева“, една од улиците во старото градско јадро, поточно кај Саат Кулата, остана неасфалтирана повеќе од седум децении, кажуваат жителите од овој дел на градот. Прашуваат како може во 21 век на само неколку метри од центарот на Охрид да поминуваат низ кал кога времето е врнежливо , а на лето пак да голтаат прашина. На оваа улица има повеќе од дваесеттина куќи во кои живеат околу стотина жители и секојдневно се соочуваат со овој проблем.
Жителите на ул „Нада Филева“ во неколку наврати до Локалната самоупрва, односно до Фондот за комунален развој доставиле...
Post Views: 0
Улицата „Кирил и Методиј“ ќе се подновува. Започнаа градежните работи околу нејзината реконструкција. Ова е дел од годишната програма на општината за санација на улици и потпорни ѕидови во УЗ Стар град, а пред два месеци општината распиша и тендер за изнаоѓање најдобар изведувач. На тендерот најповолна понуда имаше АД „Илинден“ од Струга, со кого е потпишан договор за извршување на градежните работи.
Согласно планираното АД „Илинден“ треба да изврши санација по цела должина на овој крак, од чинарот, па до Горна Порта. Вредноста на проектот е 2милиона и 400 000 ден.,...
Post Views: 3
Одбележан 71виот роденден на Општинската организација на Црвен крст Охрид. На 17 март 1945 година е формиран Црвениот крст на Македонија, а веднаш потоа, меѓу првите општински организации, на 26 март 1945 година е формирана охридската организација. По тој повод денес беше отворена изложба на фотографии и изданија кои го прикажуваат историјатот, формирањето, растежот и развојот на Црвениот крст на Македонија и Црвен крст Охрид.
Се одлучивме на ваков начин наодбележување на роденденот бидејќи сакавме посебно најмладите да видат преку фотографиите од нашата архива како...
Post Views: 3
Извештаите од УНЕСКО недостапни за советниците, реагира Дејан Блажески од ЛДП. Тој со низа забелешки за работењето на Секторот за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура за 2015та год. Блажески посочи дека поради несоодветниот начин на презентација на извештаите кои треба да бидат преведени и доставени до советот на општината многупати истите се погрешно толкувани и од советниците и од медиумите. Тој рече дека секторот кој е задолжен за нив треба со официјален преведувач да ги обработи и да ги достави препораките од УНЕСЕКО до советниците кои се градски...
Post Views: 1
60 оброци зготвени од врвни кулинарски мајстори од Македонија и 40 десерти од слаткарницата Анабела денес ќе добијат социјално загрозените семејства кои се хранат во народната кујна во Охрид. Ова е дел од акцијата Готвачите и хуманоста која ја организираат маркетите Тамаро заедно со Вкусот на традицијата.
Целта на денешната акција е да готвиме со љубов и хумана димензија и да им помогниме барем за миг на оние на кои тоа им е најпотребно, рече Адријана Алачки водителката на емисијата Вкусот на традицијата.
Повеќе познати готвачи од Македонија подготвуваа различни специјалитети...