Кој ќе стопанисува со плажите во Охрид

И ова лето со 9 плажи на охридското крајбрежје ќе стопанисуваат концесионерите кои пред три години потпишаа договори со општината.  Со останатите плажи стопанисува општината која има обврска да ги одржува и да се грижи за хигиената на нив. Од месец април започнува нивно интензивно чистење.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Со доаѓањето на пролетта се актуелизира темата околу одржувањето на плажите на охридското крајбрежје. Од локалната кажуваат дека и ова лето со 9 плажи ќе стопанисуваат концесионерите кои потпишаа договор со општината и кој тарае до 2017та. Досега најголемиот дел од концесионерите ги почитуваат одредбите од договорите и општината нема некои поголеми проблеми со нив, но има и такви кои не се толку ажурни, вели портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски.

Можам да кажам дека двајца концесионери сеуште не ги имаат подмирено давачките кон локалната. Повеќе пати се опоменати, но сеуште не го платиле борџот. Се надевам дека на заедничко задоволство овој проблем за брзо време ќе биде решен како не би дошло до раскинување на договорите со овие концесионери, вели  Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната самоуправа.

За плажите кои немаат концесионер се грижи општината. Таа треба да ги чисти и уредува. Многупати досега локалната се соочила со проблем на несоодветно однесување на граѓаните кои ја користат оваа јавна површина за рекреација и одмор. Тие зад себе не ретко оставаат отпадоци кои ја нагрдуваат сликата на плажата. Локалната не презела никакви законски мерки против граѓаните, но апелира да се подигне нивната еколошка свест и да се грижат за општото добро. Во периодов што следува најавени се поголем број акции за чистење на плажите без концесионер.

Месец април вообичаено е месец за вакви активности. ЈП „Комуналец“ ќе биде максимално ангажирано околу чистењето на плажите, а ќе бидат организирани и дополнителни акции од страна на еколошки здруженија и невладини организации за чистење на охридското крајбрежје, вели Џамтоски.

Инаку, за ова лето локалната најави дека ќе ја уреди и плажата кај Лагадин која според проектот треба да добие еден современ лик. Повеќе детали околу тоа најавија дека ќе откријат на специјална пресс конференција која треба да се одржи наскоро.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top