Post Views: 1
Охридско-струшкиот регион според својата географска поставеност не е подложен на појава на феноменот водена бомба. Но за да има поточни податоци околу тоа, треба да се направат детални истражувања во кои ќе бидат опфатени сите фактори кои придонесуваат за да дојде до овој природен феномен кој се случи пред еден месец во околината на Скопје, кога настанаа големите поплави кои завршија со жртви. Стив Мек Нолти, професор од САД и претставник на Американските шумски служби кој веќе триесет години се занимава со научно истражувачка работа во оваа област, вели дека природните...
Post Views: 4
Охридските пензионери најдобри тркачи. Тие на 21виот републички спортски натпревар на пензионери во Македонија одржан на 3ти септември во Радовиш освоија две први места во трчање и едно во екипна конкуренција, женската екипа во стрелаштво, а охриѓанката Снежана Милошеска по втор пат досега е прогласена за најдобар стрелец. Сите овие резултати се постигнати со голем труд и ентузијазам на луѓето од третата доба. Благица Маркулеска која освои прво место во трчање вели дека тоа што е пензионер не ја спречило да се занимава со оваа дисциплина која ја сака уште од дете.
Јас...
Post Views: 10
Охрид нема концертна сала. Иако овој проект години наназад беше најавуван како еден од приоритетните, сеуште не е ниту започната негова реализација. Концертната сала му е потребна на градов за да можат да се организираат музички настани од повисок ранг, но пoвеќе од потребна му е и на фестивалот Охридско лето. Тоа го истакна и директорот на овај реномиран фестивал, Оливер Арсовски, кажувајќи дека поради немањето концертна сала во градов повеќе настани од овогодинешното издание на Охридско лето, кои поради лошите временски услови не можеа да се одржат на отворено, беа...
Post Views: 13
540 првачиња од општина Охрид денес за прв пат седнаа во училишните клупи. Почетокот на новата учебна година за нив е и ново поглавје во нивниот живот. Завршуваат безгрижните детски денови и почнуваат школските обврски, учење и надоградување за еден ден да станат личности кои ќе придонесат за поголем квалитет на живеењето во градов. По повод стартот на новата учебна година, заменик градоначалникот Ангел Јанев го посети основното училиште „Св.Климент Охридски“, каде на учениците им посака успешен почеток и постигнување на што подобри резултати.
Започнува една нова...
Post Views: 0
Од денес дечињата повторно се згрижени во објектот „Билјана“на градинката „Јасна Ристеска“. Овој клон повеќе од еден месец беше затворен поради проблеми предизвикани од излевањето на канализационата цевка од зградата која се наоѓа над градинката, а која поминува низ пералната на објектот. Направени се сите подготовки, објектот е дезинфициран, исчистен со помош на Центарот за јавно здравје, направена е комплетна дезинфекција на целиот инвентар, испрана е постелнината и објектот е ставен во функција, вели Розе Костоска- директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
Но проблемот...
Post Views: 2
Завршува конзервацијата на фрескоживописот во црквата Св.Богородица Перивлепта. Ова на својот твитер профил го потврди и Американскиот амбасадор Џес Бејли кој изрази големо задоволство од реализацијата на овој проект за кој Амбасадата на САД во Скопје издвои средства во висина од 450.000 американски долари. Конзервацијата на фрескоживописот е само дел од проектот. Во активностите кои се одвиваа во и околу црквата, а кои траеа повеќе од три години, влегуваат и конзервацијата на архитектурата на црквата, како и на манастирската камбанарија и манастирскиот конак. Директорката...
Post Views: 2
Северозападниот влез на Охрид сеуште не е хортикултурно уреден. Освен куќарката во стилот на старата охридска архитектура и една стрелка која е направена од левата страна на патот кога од Скопје доаѓаш за Охрид нема ништо друго што би асоцирало на тоа дека тука е влезот во најголемиот туристички центар во Македонија. Од Локланата ветуваа дека просторот кој меѓу охриѓани е познат како кај петљата ќе биде уреден, ќе биде засадено зеленило и цвеќиња, ќе бидат поставени и некои други содржини, а старите ќе бидат отстранети. Но еве и оваа сезона помина, а тоа не се направи....
Post Views: 1
Добра понуда, прифатливи цени, убав амбиент, стручен персонал, ова е формулата за успешната сезона на хотел Нова Ривиера. Овај хотелски капацитет кој се наоѓа во центарот во градот од оваа пролет има нов менаџерски тим, нов начин на работа и нови гости. Околу 2000 туристи во изминативе три месеци престојувале токму таму. Имало гости од Црна Гора, Словенија, Бугарија, Србија и секако од Македонија.
Во ниеден момент не се покајавме што влеговме во туристичкиот бизнис бидејќи Охрид е бисер балкански и има многу нешта што може да ги понуди, факт е дека не се искористени...
Post Views: 2
На најстариот аматерски спортски клуб во градов му прети опасност од затворање. Атлетскиот клуб „Охрид“ кој е формиран уште во далечната 1977год и егзистира повеќе од 40 години, А кој е расадник на голем број атлетичари, поради финанасиски проблеми може да згасне.
Блокирана е жиро сметката веќе 3-4 години и не гледаме излез дека може нешто да се направи единствено ако државата застане зад клубот или пак ако општината ни подаде рака па да излеземе од таа криза во која се наоѓаме моментално, вели Пецо Неданов- претседател на атлетскиот клуб „Охрид“.
Атлетичарите од „Охрид“...
Post Views: 1
Англичани, Холанѓани, Белгијци, Турци, Израелци и од каде уште не ова лето пристигнаа гости во Охрид. Но многу често поставувано прашање е колкав е бенефитот од нив, односно каков е импактот на туристите врз охридската економија. Не е ретко да се слушне дека градот врие од гости, но дека тие се слаби потрошувачи. И навистина, некои гости полесно го отвораат кесето и трошат пари и вон она што им е предвидено во самиот аранжман, а некои пак се поскржави. Според светските анализи, англичаните според нивото на потрошувачка се на прво место, додека пак за холандските туристи...
Post Views: 4
Децата кои имаат пречки во својот развој и на кои им е неопходна помош од стручно лице, дефектолог, а кои учат во ОУ „Христо Узунов“ од новата учебна година ќе имаат кабинетска настава. Ова е една голема придобивка и за децата и за училиштето, вели директорот Тони Симоноски.
Го опремуваме кабинетот за дефектологот кој беше вработен минатата година, а кој и тоа како беше потребен во нашето училиште. Правиме една сосема нова просторија во која дефектологот ќе има посебна настава со дечињата на кои им е потребно тоа, вели Симоновски.
Летниот одмор во ОУ „Христо Узунов“...
Post Views: 4
Се зголемуваат можностите за подобра туристичка соработка помеѓу Охрид и Воден и зголемување на бројот на гости кои ќе ги посетуваат двата града кои се карактеристични по природните убавини и водни ресурси. Овие две општини со заедничкиот проект WaterNet пред една година добија средства од програмата за трансгранична соработка на ИПА фондовите. Денес, на ФТУ Охрид се одржа прекугранична изложба на која учествуваа сите партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ и факултетот Аристотелис од Солун.На оваа изложба, покрај трудовите кои се презентираа, се презентира и...