Автор: Јаковлева Лионела

Трајан Божиновски дарувал крв 50 пати

Post Views: 2 Охриѓанецот Трајан Божиновски досега дарувал крв 50 пати. Тој станал крводарител уште во средношколските денови, па својата драгоцена течност ја дарувал и за време на отслужувањето на воениот рок во ЈНА, а сега е редовен крводарител во охридскиот Црвен крст. Вели дека преку овој чин најдобро се изразува хуманоста. Оваа хумана акција од секогаш сум ја сакал, а и моите деца тргнаа по моите стапки. Додека можам и додека сум здрав ќе дарувам крв, а ова денешно признание ќе ми остане засекогш во сеќавање, вели Божиновски. ОО на Црвен крст, денес во своите простории организираше...

Continue reading

Голем број проекти реализирани во 2016та година во Општина Дебрца

Post Views: 7 Градоначалникот на Општина Дебрца даде отчет за работењето во 2016та год. Тој зборуваше за  и реализираните проекти во годината што измина, но и за оние кои ќе се реализираат во 2017та. Во 2016та реализирани се проекти со вкупна вредност од 76 770 000ден. Изградба на фекална канализација во село Горенци, асфалтирање локален пат од Злести до село Лешани во должина од 2км, изградба на регионален колектор за одведување на отпадни води за селата Климештани, Мешеишта, Волино, Требеништа и Горенци, асвалтирање на улица во Ботун во должина од 1км, изградба на атмосферска канализација...

Continue reading

Секој има право да биде вработен

Post Views: 8 Од Охрид секојдневно заминуваат млади лица кои се во потрага по подобри услови за живот. Според едно истражување кое го направи Младинскиот совет од Охрид дел од младите заминале во Скопје каде и планираат да останат и да формираат семејства, а добар дел заминале во странство и тоа во Германија, Австрија, Америка и Австралија. Поголемиот дел се заминати таму во потрага по работа, заминуваат и поради тоа што во странство многу лесно можат да го решат стамбеното прашање, а и заради тоа што лесно наоѓаатвработување по струка, Димче Каневче, Младински совет -Охрид. И истражувањето...

Continue reading

Од неодамна и Охрид има лиценциран медијатор

Post Views: 2 Охрид го доби првиот лиценциран медијатор. Од 2006 год. во именикот на Комората на медијатори на РМ биле регистрирани околу 170 медијатори, од кои 5  биле од  Охрид. Со донесување на нов Закон за медијација во 2013г., се воведе обврската сите медијатори да се лиценцираат. Постапката за лиценцирање започна од февруар 2016г. и до сега на Листата на медијатори на интернет страната на Министерствово на правда има податоци за 13 лиценцирани медијатори, од кои само еден во Охрид. М-р Гордана Атанасова,  првиот лиценциран медијатор во градов кажува дека медијацијата е алтернативна,...

Continue reading

Југозападниот дел на Македонија затрупан со диви депонии

Post Views: 4 Југозападниот дел на Македонија затрупан  со диви депонии. Во Охрид, Струга, Кичево, Дебар и уште неколку помали општини има вкупно 97 депонии од кои 87 се диви. И тие неколку кои се легални немаат никакви услови за одлагање смет. Треба да имаат глинеста подлога, има критериуми колку треба да се одалечени од населени места. Треба да има комплетна инфраструктура. Кај нас тоа не е случај. Имаме измешан отпад, комунален, пластика, хартија, стакло. Некаде околу 46.000 тони или 231 килограм по жител годишно се собира отпад, рече Мирјана Лозаноска-директор на Центар за развој...

Continue reading

Вљубено такси за сите вљубени охриѓани

Post Views: 1 Вљубено такси за сите вљубени охриѓани. Inside Auto, охридскиот дилер на возилата на Citroën организира целодневно бесплатно такси-возење со Citroën C4 Cactus под слоганот „Од Citroën со љубов“. Екипа составена од два члена во текот на целиот ден бесплатно ги пренесуваат сите вљубени во градот до саканата дестинација или пак до нивниот сакан или сакана и заедно им подготвуваат изненадувања за Св Валентајн-Денот на вљубените. Иако не е наш православен празник, но љубовта сите нас не обединува, младите се повеќе го почитуваат, па затоа и ние се одлучивме да го одбележиме...

Continue reading

Маслена дамка во водите на езерото кај малото пристаниште

Post Views: 3   Во водите на езерото , на кејот кај малото пристаниште, тажната слика на повлечената вода ја надополни и дамка во радиус од околу два метри која изгледа како излеани деривати на нафта. Природата на загадувањето не е утврдена бидејќи од Центарот за јавно здравје досега не било побарано да се  направи хемиско и микробиолошко испитување за да се утврди за какво загадување станува збор. Се обидовме да стапиме во контакт со комуналниот инспекторат и со инспекторатот за животна средина при локалната самоуправа. Не успеавме да добиеме одговор од надлежните дали инспектори...

Continue reading

Се крадат капаците од канделабрите на патеката од мостот до Горица1

Post Views: 10 Десетина канделабри на пешачката патека од мостот према Горица1 немаат капаци за заштита на жиците за струја. Од Локалната велат дека не станува збор за недокомплетирање на канделабрите или чекање на капаците дополнително да се монтираат бидејќи тие одат заедно со целиот столб, туку дека ова е дело на несовесни граѓани кои ги крадат заштитните капаци. Екипи од Локланата во изминатиов месец во два наврати интервенирале на оваа патека, но појавата продолжува и понатаму. Ни преставува голем проблем во Секторот за комунален развој бидејќи ние канделабрите ги нарачуваме...

Continue reading

Македонија и Албанија немаат договор за висината на котите на езерото

Post Views: 5   Република Македонија нема потпишано меѓународен договор со Република Албанија со кој ќе бидат дефинирани максималната и минималната кота на нивото на водата во Охридското Езеро. Иако двете држави во повеќе наврати одржувале конференции и средби на кои се дискутирало на оваа тема не се нашло заедничко решение. Таков договор е неминовен за соодветна регулација на езерото преку испустот на Црн Дрим, велат експертите. Тони Маркоски, директор на ХЕС Црн Дрим кажува дека моменталната регулација на езерото се прави врз основа на одлука на Извршниот совет на РМ во 1980 год....

Continue reading

Се интензивираат работите на пешачката патека од мостот до Билјанини извори

Post Views: 2 По краткиот прекин поради лошите временски услови повторно се интензивираат работите на рекреативната патека од мостот кај езерската полиција до Билјанини извори.  Ќе се дозавршува ископувањето на ровови во постоечкиот канал, транспорт на ископаниот материјалот и одведување на водата која што е во каналот за да се вршат градежните работи. Потоа започнува изградбата на двометарската платформа која ќе се наоѓа на десната страна од постоечкиот канал, која што освен визуелен аспект ќе има и големо техничко значење со тоа што ќе обезбедува и пристап до пловните објекти. Рокот...

Continue reading

Сензорната соба од голема помош за децата кои се со пречки во својот психички развој

Post Views: 1 Сензорната соба која есенва се отвори во рамките на ОУ „Св. Климент Охридски“, од голема помош за децата кои се со пречки во својот психички развој. Дефектолозите велат дека со помош на методите кои се применуваат во оваа соба веќе се гледаат првите резултати кај овие деца. Тука се стимулираат аудитивните сетила, визуелните, сетилата за допир, рамнотежа, зголемување на концентрација и внимание. Се работи на релаксација, рекреакција на децата, но не како во некоја  игротека, туку има точно поставена цел која треба да се реализира, објаснува дефектологот Билјана Аслимоска. Придобивки...

Continue reading

АТВА Хоум Центар пристигна и во нашиот град

Post Views: 3 Охрид доби нов продажен центар. АТВА Хоум Центар пристигна и во нашиот град. На простор од 600 метри квадратни, на два ката можат да се најдат најразновидни производи за домаќинството, инвентар за кујна, градина, дневна соба, постелнина, детски играчки и уште многу други артикли потребни во секојдневниот живот. Ова е прва ваква продавница во Охрид. Овај бренд постои веќе 23 години  и успешно работи со 8 други продажни центри во државава.  Покрај широкиот асортиман Хоум Центар се разликува од останатите продавници по добрата услуга и прифатливите цени, а секако не заостанува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top