Сензорната соба од голема помош за децата кои се со пречки во својот психички развој

Придобивките од функционирањето на сензорната соба која неодамна се отвори во рамките на ОУ „Св. Климент Охридски“ веќе се гледаат. Дефектолозите задоволни како децата кои имаат потешкотии во психичкиот развој ја прифатиле, а велат дека со упорна работа резултатите нема да изостанат. Собата ја посетуваат деца од инклузивните паралелки како и деца од паралелките за деца со посебни потреби.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Сензорната соба која есенва се отвори во рамките на ОУ „Св. Климент Охридски“, од голема помош за децата кои се со пречки во својот психички развој. Дефектолозите велат дека со помош на методите кои се применуваат во оваа соба веќе се гледаат првите резултати кај овие деца. Тука се стимулираат аудитивните сетила, визуелните, сетилата за допир, рамнотежа, зголемување на концентрација и внимание. Се работи на релаксација, рекреакција на децата, но не како во некоја  игротека, туку има точно поставена цел која треба да се реализира, објаснува дефектологот Билјана Аслимоска.

Придобивки има меѓутоа тие не можат да се видат за месец, два или три. Времето е кратко за да се кажува за некои големи резултатаи но сме задоволни од работата и од прифатеноста пред се. СЕ активираат центрите и сетилата кај овие деца и на тој начин постигнуваат подобри резултати во образованието, вели Аслимоска.

Оваа соба која е прва од ваков вид не само во градот туку и во целиот регион можат да ја користат сите ученици во училиштето коишто имаат потешкотии, кои што се хиперактивни кои што имаат емоционален проблем, а ја користат и учениците со посебни образовни потреби. Некои деца имаат индивидуални часови, а некои доаѓаат во група. Колку време ќе се задржат во сензорната соба проценува дефектологот.

Кое дете треба да ја посети сензорната соба проценуваме ние заедно со наставниците бидејќи тие можат да увидат кое дете има потешкотии и кое треба дополнително да се стимулира. Ист е случајот и со децата со посебни потреби. Наставничката ќе процени кога треба некое од нив да ја посети сензорната соба, вели Аслимоска.

Сензорната соба е финансирана преку Спа проект од Мировен Корпус, Македонија. Во соработка со ОО на Црвениот крст од Охрид. Дел од овој проект е и отворање на музичка терапија во просториите на Црвениот крст Охрид. Средствата кои се обезбедени од Мировниот Корпус за проектот за сензорната соба и отворањето на музичка терапија изнесуваат околу 4 000 американски долари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top