Post Views: 11
Нема патување во одредени азиски и африкански држави, доколку граѓаните не се заштитат од заразните заболувања кои таму се присутни. Охридските туристички агенции имаат добра соработка со охридскиот ЦЗЈЗ и постојано се интересираат кои вакцини треба да ги примат нивните патници кои посетуваат некои поегзотични земји. Со ЦЗЈЗ соработуваат и градежните фирми, кои посебно во летниот период испраќаат работници на работа во странство.
Бараат совети и добиваат совети. Посебно оние кои патуваат во странство прашуваат како треба да се заштитат и како можат да бидат вакцинирани...
Post Views: 5
Заврши судски процес за случајот „Лизгалиште“. Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески уште пред три години го тужи советникот од ЛДП Дејан Блажески за клевета бидејќи проектот за лизгалиштето на охридскиот плоштад го нарекол штетен и криминален, а при тоа го споменал неговото име како потписник на договорот. Блажески пак, тврдеше дека никаде не споменал дека договорот е криминален туку дека имал основано сомнение за контроверзен договор. Спасески во овој спор првенствено бараше оштета од 5000 евра , за наводно изнесени клевети во врска со градското лизгалиште,...
Post Views: 3
Сајбер криминалот е во пораст, а во регионов има доста талентирани хакери. Борбата со нив е постојана и затоа младите треба да се обучуваат како да се справат со овој вид криминал, вели еден од најпознатите етички хакери Ралф Ечемендија кој работи за ФБИ. Спопред него „Кодфест“, програмерскиот маратон кој започна вчера во Охрид и на кој има учесници од повеќе земји од регионов и пошироко е одлична можност програмерите да ги развијат своите бизнис вештини и да се заштитат од хакерите.
Моето присуство овде е доволен показател дека секој може да успее, без оглед од каква...
Post Views: 1
Има надеж за опстанок на веслачкиот клуб „Југ“. Комисијата за млади и спорт, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески одржале состанок на кој се разгледале случувањата со Веслачкиот клуб „ Југ“ и предложиле мерки како Локалната самоуправа може да придонесе за спас од згаснување на најстариот спортски клуб во Охрид, информира советникот Јоне Станкоски, кој е претседател на Комисијата за млади и спорт.
Донесовме одлука на последниот состанок на комисијата да му предложиме на Советот да донесе одлука за покривање на трошоците на веслачкиот клуб Југ, како тој не би згаснал....
Post Views: 0
Уметност преточена на велигденските јајца. Денес охриѓани имаа можност да видат како велигденските јајца се украсуваат и бојадисуваат во Русија, земјата лулка на православието. Тие беа воодушевени од начинот на шарање јајца со восок и посакаа да научат повеќе за таа техника и да ја испробаат и дома. Во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ Охрид се одржа настан за историјатот на украсување и бојадисување на Велигденски јајца во Русија на кој присуствуваше и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски.
Преку овој настан сакаме...
Post Views: 1
Започна петтото издание на програмскиот маратон „Кодфест“. Ова е настан што ја прославува технологијата, иновациите, креативниот дух на младите програмери, а отвара и нови можности за формирање технички трговски друштва и мали бизниси од областа на технологијата, истакна Јасна Тренгоска, коосновач на манифестацијата.
Настанот е осмислен како своевидна мотивациска платформа каде младите луѓе од Македонија и регионот можат да започнат и развиваат свои бизнис-проекти, при што ќе имаат можност да црпат знаења и искуства од врвни експерти и професионалци од целиот свет кои...
Post Views: 0
Женскиот лајoнс клуб „Деница“ традиционално 1ви април, денот на шегата го одбележа со хуманитарен маскембал. Членките на овој клуб заедно со своите гости го прославија петтиот јубилеј под маски. Покрај лотарија оваа година подготвија кувар „Гответе со Деници“ во кој има околу 60тина рецепти на членките на женскиот лајонс клуб, а средствата од продажбата на овај кувар ќе бидат дадени во хуманитарни цели за деца со оштетен вид.
Секогаш ги подаваме рацете на оние кои први ќе побараат помош. Има многу на кои им е им е потребно да им се помогне, но ние гледаме средствата...
Post Views: 1
Безбедоносната состојба во Македонија е стабилна. Будно ја следиме состојбата во регионот и пошироко, како и настаните во Сирија. Пред се сме преокупирани со можноста за нов бран на бегалци за што развиваме соодветни стратегии како да се однесуваме доколку нешто се случи. Ова го изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски кој учествува на НАТО напредната школа што се одржува во Охрид, на тема „Борба против активностите на ИСИС за радикализација преку сајбер-просторот во регионот на Југоисточна Европа“.
ИСИС во последниве неколку месеци трпи загуби на военото поле, но...
Post Views: 0
Охридските чинари конечно ќе бидат заштитени. Локалната изготви проект за ревалоризација и ревитализација на седум платанови стебла во градов кои со Законот за заштита на природните реткости од 1973год. се прогласени за споменици на природата. Проектот предвидува утврдување на состојбата на чинарите, изработка на елаборат за нивна ревалоризација, како и мотироинг и конзерваторски мерки за санација на чинарите кои се заштитен знак на Охрид. Тендерот го доби Друштвото за еколошки консалтинг Деконс-Емо од Скопје.
Знаете дека подолго време траеше таа сага околу чинарите...
Post Views: 0
Стопирани градежните работи за санација на тротоарите на дел од булеварот „Туристичка“. Граѓаните прашуваат која е причината и кога тротоарите конечно ќе бидат направени бидејќи сега буквално мора да се движат по коловозот каде многу брзо се вози, па загрозена е нивната безбедност.
Има застој во градежните работи на тротоарите бидејќи наследивме еден проблем а тоа е старата водоводна и канализациона мрежа која мора да се замени бидејќи е со азбесни цефки и сето то ќе ги одложи работите, вели Томе Џамтоски, портпарол на Локална самоуправа.
Граѓаните реагираат зошто истовремено...
Post Views: 10
Искршена двојазичната табла поставена на охридската филијала на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Случајот е пријавен во СВР Охрид од каде испитуваат кој е сторителот.
Оштетувањето на таблата е пријавено утрово околу 9 часот телефонски од страна на вработен во фондот по што е информиран Јавниот обвинител при што по негови насоки на местото на настанот извршен е увид. Во моментов СВР има информации за можниот сторител и се преземаат соодветни мерки за расветлување на овој настан. Морам да напоменам дека не се случени никакви нарушувања на јавниот ред и мир...
Post Views: 2
Деца правобранители ги заштитуваат правата на нивните соученици. Овој проект поддржан од Младински совет од Охрид се спроведува веќе седум години, а во него е вклучено средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ и ОУ „Братство единство“.
Имаме исклучително добра соработка со училиштето и многу е значајно што улогата на детето правобранител во ова средно училиште започнува да се препознава уште посилно и не застануваме тука до крајот на годината ќе имаме уште повеќе активности, вели Весна Цветаноска, локален координатор на проектот за имплементација на конвенцијата...