Автор: Јаковлева Лионела

Стојаноски: Инфраструктурата во градов приоритет на новата Локална

Post Views: 2 Кандидатот за градоначалник од СДСМ Јован Стојаноски на денешната пресс конференција зборуваше за подобрувањето на инфраструктурата во градов.Токму затоа, го санираме и довршуваме колекторскиот систем, затоа што тоа е најголем механизам за заштита на нашето езеро. Поставуваме нова мрежа, но ја санираме и старата која често е причина за поплавени улици и загадување на езерото, рече Стојаноски.За овој значаен проект имаме сигурен и отворен пријател во Владата на Република Македонија која веќе ги направи првите чекори за пронаоѓање на партнери кои би се зафатиле со овој...

Continue reading

Охрид сеуште без современа градска библиотека

Post Views: 4 Охрид, градот на Св. Климентовиот Универзитет, градот на словенската писменост сеуште без современа градска библиотека. Иако уште пред три години беше најавено преселување на библиотеката во просториите каде беше сместена НУ Фестивалот „Охридско лето“ тој проект не се реализира. Охриѓани со носталгија се сеќаваат на старата библиотека каде се собираа да прочитаат книга, весник или едноставно само да поразговараат. Тие се желни за еден современ простор каде книгата ќе им биде на дофат. Инаку, уште во 2013та год. со одлука на тогашната Влада на РМ започнаа подготовките...

Continue reading

Едрењето се враќа на голема врата

Post Views: 0 Едрилиците, белиот украс на езерото денес ја разубавија неговата шир. Се одржа втората едриличарската регата во организација на Јахтинг клубот Акватика од Охрид на која учествуваа четиринаесет едрилици со трочлeн екипаж од Македонија и Србија кои се натпреваруваа во две категории. Регатата има ревијален карактер целта е да се покажи дека Охрид има услови за едрење не само на лето туку и во другите месеци од годината, рече Стефан Ставрески од Јахтинг клубот Акватика. Интересот за едерењето од ден на ден се повеќе расте. Бројот на едрилоци се зголемува, но проблем е тоа...

Continue reading

Трговијата со луѓе се уште постои во Македонија

Post Views: 2 Лани, во Македонија шест лица биле идентификувани како жртви на трговија со луѓе. Жртвите биле три малолетнички и три возрасни лица. Пет од нив биле сексуално злоставувани и една била присилена на брак. Ова не е реалната состојба бидејќи кај нас сеуште многу малку се пријавува трговијата со луѓе додека во соседните држави веќе отворено се зборува на оваа тема и таму веќе се идентификувани 100 до 150 лица. Поради тоа се организира едномесечна кампања под слоганот „Што гледаш? Биди нивниот глас!“ која има за цел да ја подигне јавната свест и да ги поттикне граѓаните да...

Continue reading

По еден загинат на работно место секоја недела

Post Views: 5 По еден загинат на работно место секоја недела. 42 смртни случаи годишно поради повреда на работното место. Ова е билансот во државава поради немањето соодветна безбедност и заштитата на работниците на работното место. Како најопасни професии кои земаат најголем данок во човечки животи се оние во земјоделството, во транспортните дејности, полицијата, градежништвото, а високо на оваа скала се наоѓа и новинарството. Затоа македонското здружение за заштита при работаГи седна на маса граѓанските асоцијации со цел подигнување на капацитетите во однос на безбедноста и здравјето...

Continue reading

Пазарувањето на привремениот зелен градски пазар се претвора во кошмар

Post Views: 0 Пазарувањето на привремениот зелен градски пазар се претвора во кошмар , и за купувачите и за пазарџиите и за учесниците во сообраќајот. Ако ве носи патот кон оваа локација, посебно со автомобил, наоружајте се со големо трпение. Сообраќајниот хаос до т.н место градски пазар навистина ќе ве извади од кожа. Иако постои знак забрането паркирање и задржување улицата која води кон влезот на подзмените гаражи на зградата во непсредна близина на пазарот е најчесто попречена за движење од паркирани возила кои вршат дотур на стока. Тротоарите околу пазарот се претворени во продажен...

Continue reading

Охрид нема ниту национална ниту градска галерија

Post Views: 7 Охридските галеристи бараат да се реализираат ветувањата за отварање галериски простор каде уметниците ќе можат да ги излагаат своите дела. Малубројните галерии во градов се претесни за во нив да можат да се претстават барем поголемиот дел од сликарите, било локални, било национални. Потребата од национална и градска галерија се наметнува од два аспекти. Едниот е потребата на уметниците за свој репрезентативен простор, а другата е потребата на туристите да посетат една галерија во која ќе можат да добијат впечаток за современата уметност со која располага нашиов град,...

Continue reading

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија отвори своја канцеларија во Охрид

Post Views: 8 Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија отвори своја канцеларија во Охрид. Синоќа на отварањето присуствуваа голем број членови и симпатизери на партијата, граѓани, како и истакнати личности од јавниот и политичкиот живот. Присутните ги поздрави претседателот на Општинската организација, Веле Митаноски. Ова ќе биде канцеларија каде граѓаните од третото доба ќе можат да се собираат, да муабетат и да разменуваат свои ставови и мислења за различни теми од општественото живеење. Ова е прва канцеларија на оваа партија надвор од Скопје. Охрид во многу работи...

Continue reading

Дива депонија во строгиот центар на градот

Post Views: 0 Дива депонија во строгиот центар на градот. Во непосредна близина на охридската капетанија постојано има планина со отпад. Ова место години наназад е црна точка каде несовесни граѓани си одлагаат се и сешто. Не ги плашат ниту реакциите од околината, ниту посетите на комуналните инспектори. Несовесно оставен отпад кој е мета на мачки и кучиња скитници кои го растураат насекаде. ЈП „Охридски комуналец“ редовно го подига, но луѓето се немоќни. Очигледно е дека се работи за отпад од угостителските објекти, истечено масло, киселина, коски од риба. Ужасна слика која е под...

Continue reading

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата со раководните лица од СВР – Охрид

Post Views: 2 Транспарентноста и отчетноста на институцијата пред граѓаните како нејзин сервис ќе се новите принципи на работа на полициските служби, рече денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при средбата со раководните лица од СВР – Охрид. На средбата министерот беше информиран и за актуелната безбедносна состојба во подрачјето што е под ингеренција на СВР-Охрид. Таа генерално е добра, но и понатаму ќе се работи за нејзино подобрување во повеќе аспекти, подвлече Спасески. Еден од клучните проблеми особено на СВР – Охрид е недостатокот на кадровски потенцијал, поточно...

Continue reading

Осум години од трагичната бродска несреќа во Охридското Езеро

Post Views: 5 Со положување на свежо цвеќе и поклонение, денес беа одбележани осум години од трагичната бродска несреќа во Охридското Езеро во која загинаа 15 бугарски туристи. Претставници од локалната самоуправа, здружението „5ти Септември“, претставници од Ротари клубот, Капетанијата како и Бугарскиот културно-информативен центар од Скопје им одадоа достојна почит на жртвите во овој немил настан.Заменик-градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, вели дека оваа несреќа не потсетува и опаметува во насока на подобрување на услугите кои се нудат на туристите од аспект на нивна поголема...

Continue reading

Само со добра едукација и заедничка соработка до позитивни резултати во борбата со аутизмот

Post Views: 4 Родителите на деца со аутизам имаат ретка можност да се едуцираат како да се однесуваат со своите најмили кои се во ваква состојба. Во рамки на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство, дел од Еразмус + програмата на Националната агенција за европски образовни програми на Англија, денес и утре, во Охрид, во општинската зграда, се одржува петтата по ред бесплатна обука наменета за родители или членови на семејствата на деца, адолесценти и возрасни лица со аутизам. Но, иако овој проблем станува се поголем и поприсутен во државава, а и во нашава...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top