Автор: Јаковлева Лионела

Осум резервнисти ангажирани во СВР Охрид, останаа без работа

Post Views: 1 Осум припадници на резервниот состав при министерството за внатрешни работи ангажирани во СВР Охрид, останаа без работа. Синоќа без никакви претходни најави телефонски биле известени од денес повеќе да не доаѓаат на работа и да извршат раздолжување на опремата и оружјето. Тие денеска одржаа мирен протест пред зградата на СВР Охрид. Бараа началникот на секторот да ги прими и да им објасни кои се причините поради кои од денес нема да бидат ангажирани, но биле информирани дека до таа средба нема да дојде.  Бараме од началникот или друго официјално лице да објасни зошто...

Continue reading

Уапсени две лица во врска со вчерашна престрелка на булевар Туристичка

Post Views: 1 Пукотница во Охрид. Вчера попладнето на булевар „Туристичка“ е пукано од огнено оружје пиштол од засега непознат сторител, кој на С.М. (34) од Охрид му нанесол прострелна рана во пределот на десната потколеница. Повреденото лице е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид од каде по укажаната лекарска помош е префрлено во Клинички Центар Скопје. Веднаш после случувањето на настанот СВР Охрид лиши од слобода две лица кои околу 17 часот се доведени во полициската станица во Охрид. Во моментов насоките и заложбите се заокружување на овој казнено-правен настан и пронаоѓање...

Continue reading

ОСУ„Св.Климент Охридски“ синоќа го одбележа својот патронен празник

Post Views: 1 Свечено и достоинствено како што и доликува на една образовна институција како што е општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ синоќа беше одбележан нивниот патронен празник. Центарот за култура „Григор Прличев“ беше исполнет со гости и посетители кои дојдоа за да направат чест и да ј проследат програмата која ја имаа подготвено гимназијалците под раководство на нивните професори. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски како и советници и претставници на локалната самоуправа и други институции. Свое обраќање пред присутните имаше...

Continue reading

Проф. Др Никола Бошале е годинешниот добитник на највисокото општинско признание

Post Views: 0 Проф. Др Никола Бошале е годинешниот добитник на највисокото општинско признание, наградата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид. Ова го соопшти градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски кој ја доделува наградата на предлог на стручна комисија. До комисијата пристигнале шест предлози, од кои пет ги исполнувале критериумите. Инаку, Никола Бошале е доктор по социологија, но со своите истражувачки потфати навлегува длабоко во повеќе области како што се туризам, екологија, археологија, етнологија, архитектура, културна антропологија. Бошале е роден 1929 година...

Continue reading

Започнаа градежните работи за поставување јавни тоалети

Post Views: 2 Започнаа градежните работи за поставување јавни тоалети на две локации во градов. Едната локација е во централното градско подрачје до Амамот, другата кај Горна Порта. Избраниот изведувач, фирмата „Тане 2007“, заедно со претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион кои се носители на овој проект , деновиве извршиле увид на сите потребни инфраструктурни услови и придружни активности кои треба да се преземат. Локалната е ангажирана околу обезбедување на приклучоци за струја, поставување на броила, приклучок за вода и канализација во овие контејнери....

Continue reading

Се изготвува план за зачувување на Белчишкото блато

Post Views: 2 Започна изработката на планот за зачувување на Белчишкото блато. Ова блато попознато како Сини Вирој претставува редок и важен локалитет на национално и меѓународно ниво. Тоа е дел од националната Емералд мрежа на подрачја од посебен интерес за зачувување и е специфично заради големите карстни извори, различните типови влажни живеалишта и особено поплавените евлови шуми. Во овај резерват живее и најголемата популација на видрата. Предвидуваме понатака активности кои би се однесувале на мониторинг на сите тие животни, на живеалишта кои се присутни таму, изградба на соодветна...

Continue reading

„Баал“, нова премиера на Охридскиот народен театар

Post Views: 15 Нова премиера на Охридскиот народен театар. Утревечер охридската публика ќе има можност да ја види најновата претстава „Баал“, работена по текст на Бертолт Брехт, во режија на Андреј Цветановски. Ова е четврта соработка со Цветановски кој ја режираше и првата претстава на театарот во Охрид, „Метаморфози“. Тој после пет години повторно соработува со нашите актери и не го крие задоволството од крајниот ефект велејќи дека заедно создале една моќна претстава. Во овој текст, Брехт созадава антијунак којшто треба да ги сруши сите маски и лицемерни постапки на едно општество....

Continue reading

На ФТУ се обучуваат кадри кои ќе ја подобрат услугата во угостителството

Post Views: 3 Недостигот на стручни кадри во угостителството причина за ФТУ заедно со ГИС да спроведат обуки на кои ќе се добијат знаења и искуства како да се подобри ситуацијата во овај сегмент од туристичкото стопанство. Деновиве на овој факултет се врши интензивна едукација на педесеттина кандидати кои сакаат да бидат истакнати во својата професија. Обуките се дел од проектот Промоција на вработувањето во туристичкиот сектор кој е финансиран од Владата на Германија со средства во висина од 20 000евра, а ФТУ се јавува како организатор на обуките. Тие првично беа споредени во шарскиот...

Continue reading

Едукација на децата за справување со дрогата треба да се започне уште во градинките

Post Views: 7 Се повеќе се намалува возрасната граница на лицата кои се зависници од наркотични супстанции и дроги. Многу често помош бараат деца и на возраст од 12 години кои веќе навлегле во темниот свет на дрогата, вели Д-р Весна Лаброска, шеф на одделението за превенција и третман на болести на зависност од дрога при општата болница во Охрид. Таа апелира сите институции заедно да работат на превенцијата како не би дошла една личност во контакт со дрогата, бидејќи како што објаснува од нејзиното долгогодишно искуство многу е тешко да се спротистават на оние кои истата ја нудат...

Continue reading

Локалната ќе им излезе во пресрет на жители од улицата „Вардар“

Post Views: 2 Локалната вети дека ќе им излезе во пресрет на 50-тината жители од Кошишта кои бараат на дел од улицата „Вардар“ да се вратат скаличките кои ги имало претходно на улицата. Граѓаните од Кошишта, од улиците Кирил и Методиј, Стив Наумов и Гоце Делчев пред извесно време доставија барање до редакцијата на ТВМ во кое наведуваат дека дел од улицата Вардар е изменета по изградбата на индивидуалната станбена зграда сопственост на поранешниот секретар на општина Охрид, Димитар Спасески, а ветил дека по завршување на градбата ќе ја врати улицата во првобитна состојба. Она што е...

Continue reading

Се реновира Факултетот за туризам и угостителство

Post Views: 3 Се реновира Факултетот за туризам и угостителство. Со пари од Министерството за образование во висина од 3 милиони денари се смена дограмата на еден дел од старата зграда, а моментално се работи на промена на кровната конструкција која била стара и дотраена, а што е уште полошо била направена од азбесни плочи кои кога се распаѓаат се опасни по здравјето на луѓето. Го променавме кровот со нови материјали, со лимен покривач со поставена изолација. Активностите се сеуште во тек и целиот тој проект за промена на кровот и дограмата ќе овозможи подобра енергетска ефикасност...

Continue reading

РУМОР полека но сигурно излегува од националните рамки

Post Views: 4 Познатиот охридски дизајнер Алек Бимбилоски и Лејла Гогова, неговиот партнер во модниот концепт РУМОР, беа дел од ревијата „Направено во Македонија: Современ дизајн накитен со минатото”. Овој моден настан се одржа во Скопје на иницијатива на сопругата на американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли. Впечатоците по ревијата и присутноста на охридскиот бренд „Румор“ во Скопје, преку Галеријата Акантус со нас ја сподели дизајнерот Бимбилоски. Организацијата беше добра, но малку имаше предолги говори пред самиот почеток на ревијата, но во главно се протече во ред. Нашава...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top