Автор: Јаковлева Лионела

Дали Кеј „Македонија“ трајно ќе стане пешачка зона

Post Views: 1 Кеј „Македонија“ да стане пешачка зона. Ова е идеја на тимот во Локалната самоуправа кој како урбанистички предизвик во рамки на програмата ICLD и SKL International од Шведска ќе го работи проектот ,,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“. Што за тоа мислат граѓаните. Дали спорд нив е подобро кејот трајно да стане пешачка зона или пак оваа улица е неопходна како сообраќајница. Општината спроведува и Е-АНКЕТА на која граѓните можат да гласаат за или против ваквиот проект. На официјалната веб страна ohrid.gov.mk објавен е начинот на кој секој што сака може да го...

Continue reading

На дивата струшка депонија и понатаму се депонира отпад

Post Views: 5 На дивата струшка депонија и понатаму се депонира отпад. Помина скоро една година откога стружани протестираа поради загадувањето на воздухот од чадот кој доаѓаше од запалената депонија, а се уште нема конкретно решение за овој горлив проблем стар дваесеттина години. Градоначалникот Рамиз Мерко ветуваше дека до месец мај депонијата ќе биде исчистена, а сметот ќе биде транспортиран до скопска Дрисла, но тоа сега на граѓаните им изгледа како научна фантастика.Ардијан Демири од здружението „Стружани за Струга“е скептичен. Вели дека невозможно е толкави количини на смет...

Continue reading

Околу 100 правни и физички лица бараат оштета од државата

Post Views: 1 До Општинаската Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди до петокот се доставени 82 барања од правни и физички лица кои претрпеа штета од невремето кое го зафати Охрид минатиот викенд. Комисијата од понеделникот е на терен и врши проценка на пријавените оштетувања и досега има извршено увид кај 25 оштетени. Према барањата како што се поднесени од правните и физичките лица истото е констатирано и на лице место од страна на Комисијата. Значи се она што е наведено во барањата и навистина е оштетено, вели Раде Велјаноски, претседател на Комисијата за проценка...

Continue reading

Во градов нема водостопански инспектор

Post Views: 0 Во општина Охрид нема водостопански инспектор. Ова е една од причините што многу објекти што се изградени или се градат во крајбрежниот појас го прекршуваат Законот за животна средина. Речиси веќе и никаде да не се почитува правилото објектот да е оддалечен барем 50 метри од бреговата линија, вели Ѓоко Зороски, консултант за животна средина. Под итно треба да се назначи еден инспектор кој ќе контролира се она што е во доменот на водите на подрачјето на Охрид и Струга и целото сливно подрачје што е опфатено во овај регион и тоагаш може да ги контролира сите нелегални...

Continue reading

Марина кај Студенчишта

Post Views: 0 Дали станува се пореална изградбата на марина во каналот Студенчишта. Архитектонското студио Тетрактис од Скопје самоиницијативно изготви идејно решение на марина на овој потег на охридското крајбрежје. Станува збор за градба која ќе ги запази сите еколошки стандарди и која нема да му наштети на биодиверзитетот во овој дел од езерото, а воедно нема да зазема голем простор, а ќе биде функционална. Оваа марина е дел од интегралното решение за Студенчишкото блато и нема да ја наруши силуетата и функцијата на овој еко систем, тврдат од Тетрактис. Потенцијалниот концесионер...

Continue reading

Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти одбележа својот патронен празник

Post Views: 3 Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, синоќа го одбележа својот патронен празник. Со богата програма подготвена од учениците и од нивните ментори им го задржаа вниманието на посетителите кои ја наполнија салата во Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорот на училиштето Ѓоко Чингоски пред присутните изрази огромно задоволство и чест што е прв човек на ова училиште кое едно од најстарите во државава. Тој кажа дека неговото континуирано постоење е проследено со постојан раст и развој и подобрување на условите за работа и учење. Имаше реконструкција на училиштето...

Continue reading

Невремето во Охрид повторно ја актуелизира темата околу реката Сатеска

Post Views: 5 Невремето кое во саботата го зафати Охрид и штетите кои ги претрпеа некои граѓани поради високите бранови предизвикани од силниот ветар, на површина исфрлија проблеми околу езерото кои се провлекуваат години наназад. Повторно се актуелизира темата околу реката Сатеска. Екологистите и научните работници од Охрид деновиве дебатираат за тоа дали конечно треба да се исправи грешката од 60-тите години, кога реката Сатеска е пренасочена во Охридското Езеро наместо во Дрим каде и бил нејзиниот природен влив. Со тоа Сатеска не само што е еден од најголемите загадувачи на езерото...

Continue reading

Започна проценката на штети од невремето во Охрид

Post Views: 1 Започна проценката на штети од невремето во Охрид. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди од утринава е на терен за да ги утврди последиците кои ги предизвика невремето кое Охрид го зафати во саботата. Комисијата излезе првично да види какво е оштетувањето,на терен и утврдивме дека има големо оштетување покрај брегот на Охридското езеро. Оштетени се угостителски објекти и платформи, има оштетување и на објекти, паднати оџаци, покриви, моторни возила. До Комисијата досега пристигнати се 58 барања. Од утре излегуваме на терен и ќе вршиме проценка...

Continue reading

Охриѓанецот Ристе Балевски дури во Париз ја пренесе пораката за помош на лицата со ретки болести

Post Views: 10 Охриѓанецот Ристе Балевски дури во Париз ја пренесе пораката за помош на лицата со ретки болести. Тој пред десеттина дена учествуваше на интернационалниот полумаратон во Париз, Франција, на кој се натпреваруваа учесници од целиот свет. Носејќи ги на себе боите и шарите кои се заштитен знак на лицата со ретки болести, Ристе со голем елан и мотивираност ја истрча рекреативната трка, посветувајќи им ја на овие лица, на лицата со аутизам, со хендикеп, но и на својот роден град и држава. Уште од моите студентски денови бев во контакт со такви деца и сега моментално тоа...

Continue reading

Кинезите сакаат да ја посетат Македонија

Post Views: 0 Азијските гости го одбегнуваат Охрид и Македонија иако се заинтересирани да ги видат убавините на нашата земја и град. Проблемот е што државава не ги има спуштено Шенгенските визи како што тоа го направија земјите од опкружувањево. Азијците, посебно кинезите се едни од најбројните туристи во регионов затоа Босна, Србија, Црна гора и Албанија ги спуштија визите. Се прават напори тоа да го направи и Македонија. Ние веќе разговаравме со некои надлежни установи во Македонија за да ни помогнат да ги спуштиме визите и да допринасиме за туристичкиот сектор. Се надеваме дека...

Continue reading

Борис Стојоски 76 пати ја дарувал својата скапоцена течност

Post Views: 3 Борис Стојоски 76 пати ја дарувал својата скапоцена течност. Тој сега има 59 години, а крв дарува веќе 38 години. Вели дека ќе биде крводарител се дури може и дури го служи здравјето, а на младите им препорачува да не се двоумат и да станат дел од семејството на крводарители бидејќи тоа е една многу хумана мисија. Нема што да се двоумат тоа е нешто најблагородно, со дарувањето крв спасуваме живот, а добро е и за самиот крводарител бидејќи се обновува крвта, вели Стојоски. Борис доби благодарница за континуираното дарување крв и помагање на оние на кои тоа им е потребно....

Continue reading

Предлог-одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“ во однос на условите кои треба да ги исполнува директорот на претпријатието, причина за дебата

Post Views: 1 Предлог-одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“ во однос на условите кои треба да ги исполнува директорот на претпријатието, причина за дебата помеѓу советниците од ВМРО ДПМНЕ И СДСМ на денешната седница на градскиот совет. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков рече дека постапките за јавни претпријатија се регулирани со Законот. Управниот одбор на ЈП „Нискоградба“ е невозможно да интервенира и да врши своеволно измени во статутот, додава тој. Координаторот на советниците од СДСМ, Константин Георгиевски, пак појасни дека се менуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top