Дали Кеј „Македонија“ трајно ќе стане пешачка зона

Дали Кеј „Македонија“ трајно ќе стане пешачка зона. Тим од Локалната работи на овој проект, а за испитување на јавното мислење се спроведува и електронска анкета. Охриѓани сметаат дека ова шеталиште не треба да биде сообраќајница и паркинг, но потенцираат општината најпрво да го реши проблемот со немање паркинг простор, па потоа Кеј „Македонија“ да ја затвори за сообраќај.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Кеј „Македонија“ да стане пешачка зона. Ова е идеја на тимот во Локалната самоуправа кој како урбанистички предизвик во рамки на програмата ICLD и SKL International од Шведска ќе го работи проектот ,,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“. Што за тоа мислат граѓаните. Дали спорд нив е подобро кејот трајно да стане пешачка зона или пак оваа улица е неопходна како сообраќајница.

Општината спроведува и Е-АНКЕТА на која граѓните можат да гласаат за или против ваквиот проект. На официјалната веб страна ohrid.gov.mk објавен е начинот на кој секој што сака може да го искаже својот став. Проектот се работи на ниво на физибилити студија. Побаравме став од локалната зошто се одлучиле за ваков тренинг проект и дали се размислува во таа насока во иднина оваа сообраќајница да биде целосно пешачка зона. Од Локаланата велат:

Една од идеите за зголемување на атрактивноста на просторот е создавање на унапредена -проширена пешачка зона со која би било исклучено движење на возила по улица Македонија. Целта на интервенцијата би била давање акцент на зголемување на пешачки површини, предвидување велосипедски патеки, како и зголемување на безбедноста на присутните и трајно решение на преоптеретеноста со паркирани и возила во движење. Со тоа би се зголемила посетеноста поради непречените визури кон езерото кои ќе се овозможат со отсуството на паркирани возила. Исто така, би се осовременило уредувањето во однос на поплочување на сегашното шеталиште, поплочување на улицата ,,Македонија“, соодветно осветлување и озеленување.

За изработка на проектот формирана е работна група, во која се вклучени стручни лица од различни одделенија од локалната самоуправа и јавни претпријатија, како и управувачки комитет. Управувачкиот комитет има задача да обезбеди политичко раководство, формална поддршка за имплементација, стратешко управување со процесот и координирање на целокупната работа.
Инаку , тренинг програмата е дел од проектот „Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“ во која покрај од општина Охрид, учествуваат и претставници од други седум градови од Србија, Украина и Турција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top