Post Views: 13
Да се зголеми бројот на жените во политиката. Ова е заложба на Советот на жени за родова еднаквост, македонското женско лоби и невладината организација „Антико“. Тие сметаат дека и сегашната законска бројка од 30% е мала за да може реално да се зајакне влијанието на жената врз политичките случувања во државава. Од друга старана пак и оние жени кои се инволвирани во политиката многу малку придонеле за подобрување на состојбата на ранливите категории. Ова е уште поевидентно на локално ниво, вели Наде Мартиноска од женскиот центар „Бисера“.
Во Советот на општина Охрид...
Post Views: 5
Деновиве дел од граѓаните, а и општинската ВМРО ДПМНЕ се погласно реагираат на најновите вработувања во Јавните претпријатија во градов како и во Општинската администрација. Тие велат дека ова е само уште еден начин за добивање гласови на Локалните избори кои се наближуваат. Додаваат дека воопшто нема потреба од нов кадар бидејќи и онака состојбата во јавните претпријатија финансиски е тешка. Градоначалникот Александар Петрески со свое објаснување по ова прашање.
Најновите случаи на вработувања во општинската администрација и јавните претпријатија не се поради изборите,...
Post Views: 4
Охриѓани се жалат дека во голем број од угостителските објекти во градов не се почитува Законот за забрана за пушење. Тие велат дека сопствениците, а и гостите како да подзаборавија на ова законско решение кое беше донесено пред две години од страна на Министерството за економија. Од подрачната единица на државниот пазарен инспекторат пак тврдат дека се прават редовни контроли за тоа колку се почитува или не овој закон. Од таму додаваат дека само во последниот квартал направени се 400 контроли и 500 надзори по угостителските објекти. Изречени се глоби во износ од 38...
Post Views: 0
Охридскиот катастар отворен за граѓаните. Од денес па до в четврток тимови од Скопје ќе имаат блиски средби со граѓаните кои имаат потреба од услугите на ова одделение. Оваа пракса се спроведува веќе 6 години, а целта е од прва рака да се види и слушне што ги мачи Охриѓани. Доколку има грешки во работата на катастарот истите да се исправат или пак граѓаните да се упатат во другите институции кои се надлежни за нивниот проблем. Минатата година при контролата која беше направена во ова одделение беа затекнати околу 400 нерешени предмети ставени во фиока. Годинава состојбата...
Post Views: 8
Центарот за култура „Григор Прличев“ од Министерството за култура доби околу 5 мил. денари за проектите кои треба да ги реализира во текот на оваа година. И овојпат финансиски се подржани Балканскиот фестивал, Охридските староградски песни, фолклорните друштва, мешаниот хор, балетското студио и театарот. Предвидени се и два големи театарски проекти и тоа „На дното“ од Максим Горки и „Орестија Есхил“ која претстава по се изгледа ќе ја режира познат режисер од Дубровник. Еден театарски проект ќе биде финансиран и од сопствени средства, вели директорката Драгана Боцевска....
Post Views: 2
Охрид понапред. Ова е насловот на изложбата на документаристички фотографии на нашиот сограѓанин, Никола Митровиќ. Низ 35 фотографии на места и објекти низ градов фатени низ објективот на фотоапаратот пред петнаесетина години и денес може да се види како градот растел и се менувал низ времето. Митровиќ идејата за ваков вид фотографија ја добил од својата професија. Тој е историчар архивист, а архивистиката се занимава со документите. Митровиќ вели дека фотографијата е еден многу важен документ од кој можат да се добијат многу податоци.
Промоторот Зоран Велјаноски Летра...
Post Views: 1
„Состојбата на улицата „Петрино“ е тешко да се опише со зборови. Најдобро е да се види лично. Ако и покрај Вашите секојдневни обврски се одлучите за личен увид , за да ја поминете улицата пеш ќе Ви требаат повисоки чизми ,а ако тоа одлучите да го направите со возило тогаш тоа направете го со теренско возило“, со овие зборови жителите на Петрино му се обраќаат на градоначалникот Петрески. Откако кон крајот на мај почнала да се раскопува оваа улица која претходно била асвалтирана и тоа со пари на граѓаните, тие имаат голем проблем кој никако да се реши. Градежните работи...
Post Views: 17
Јован Бабаче најсреќен од сите кои денес скокнаа во студените и разбранувани води на езерото за да го фатат светиот крст.
Околу 1100 капачи 17 минути го бараа крстот, но тој како да чекаше токму Бабаче да го фати. Него веќе петти пат му се посреќува. Тој вели дека нема никакво правило и дека се е божја воља. Објаснува дека оваа година воопшто не планирал да се фрла по крстот, но кога видел дека капачите неможат да го најдат некоја внатрешна сила го натерала да скокне за да го најде.
Кумот на овогодинешната манифестација Водици, Стојан Ѓоргоски на Јован Бабаче му подари...
Post Views: 6
30 пакети со основните прехрамбени производи како брашно, масло, тестенини, ориз, денес им беа доделени на социјално загрозените семејства од градов. Пакетите се донација од годинешниот кум на манифестацијата „Водици 2013“, Стојан Ѓоргоски во соработка со Црвениот крст од Охрид. Ѓоргоски потенцира дека и оваа хуманитарна акција е во духот на празникот, бидејќи една од основните одлики на христијанството е хуманоста и упати апел до сите граѓани кои се во можност да им помогнат на ранливите категории.
Претседателот на здружението Богојавление, Љупчо Арнаудов потсети...
Post Views: 4
Добра идеја, успешна реализација. Акцијата која Општина Охрид заедно со Црвен Крст и ракометарите ветерани ја спроведоа уште пред новата година, денес доби свој епилог. Од средствата кои се собраа од одржувањето на хуманитарниот ракометен натпревар помеѓу РК „Охрид 2012“ и ветераните, се купија спортски реквизити кои денес беа донирани во градинката „Јасна Ристеска“, вели Филип Јованоск, портпарол на Локалната самоуправа.
И од Црвен крст задоволни како протекла оваа хуманитарна акција. Претседателот Сашо Точко ветува дека и понатаму ќе соработуваат со детската градинка...
Post Views: 4
Во Охридско струшкиот регион не е мал бројот на оние кои крадат струја, велат од ЕВН. Во Струга минатата година биле регистрирани 100 кражби. Граѓаните бесправно потрошиле 4 300 мегават часови со што во касата на ЕВН влегле 500 000 евра помалку. Во Охрид бројката е нешто помала, но не и незначителна. Ланската година се регистрирани 80 кражби на струја при што недозволено се потрошени 3000 мегават часови, односно ЕВН е оштетена со 250 000евра. Граѓаните кои неовластено ќе користат струја, вода, парно или природен гас, ќе заработат затворска казна, ова го предвидуваат...
Post Views: 1
Експресно завриши продолжението на педесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид. На седницата беа усвоени одлуките за програмите за работа на ЈП “Охридски Комуналец“ и ЈП “Градски гробишта “ за 2013 – та година. Директорот на Комуналец вели дека програмата за работа на ова претпријатие за 2013та се надоврзува на онаа од 2012та. И оваа година ќе се работи на подигање на јавната чистота па за таа цел многу скоро низ целиот град ќе бидат поставени канти за отпадоци.
Сашо Алче вели дека и оваа година продолжуваат со реализација на проектот „Охрид град на цвеќето“...