Post Views: 20
Ќе се реконструира кружниот тек на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Питу Гули“. По направените сондажи од страна на стручни лица од Одделението за комунален развој, сообраќај и патишта било констатирано дека овај кружен тек кој е поставен на една многу фреквентна крстосница, има оштетувања и некои недостатоци па неопходно е да се реконструира. Најпрво се планирало само да се направат некои помали зафати, но состојбата на терен покажала дека неопходна е целосна реконструкција.
Завршена е тендерската постапка, склучен е договорот со изведувачот за реконструкција...
Post Views: 2
Охрид ќе добие нов спортски објект. Неодамна беа ставени темелите за изградба на спортска сала во ОЕМУЦ Св. Наум Охродски. Овој проект кој долги години наназад беше најавен, конечно ќе се реализира. Со тоа не само што училиштето ќе добие современа спортска сала, туку и градов ќе има нов простор во кој ќе можат да се одржуваат спортски настани.
На оние состаноци кои ги имавме со покојниот градоначалник тој ни побара проекти со кои ќе аплицираме. Јас му го понудив проектот за спортската сала кој беше изготвен од 2008 и стоеше во фиока. Веднаш се зинтересира и набрзо општината...
Post Views: 3
Нема втор пат за првиот впечаток. Ова многу добро го знаат и веќе активно го применуваат туристичките водичи од градов. Тие се свесни дека го претставуваат првиот впечаток за Охрид како туристички центар, па затоа инвестираат во себе и во сериозноста на оваа професија. Пратејќи ги современите трендови во туризмот и се поголемиот интерес за развој на неговите алтернативни форми како што се планинарење, алпинизам, авантуризам и др., дел од водичите специјализирани за вакви тури, пред неколку месеци ја формираа Асоцијацијата „Експлорер“.
Асоцијацијата за професионални водичи...
Post Views: 2
Се загрева атмосферата околу претстојните вонредни локални избори. Владејачката СДСМ веќе испрати четири свои кандидати за градоначалник до централата во Скопје. Извршниот одбор на огранокот на партијата на синоќешната седница на која биле преставени вкупно тринаесет кандидати изборот го стеснил на четири предлози и тоа в.д. градоначалникот Константин Георгиески, актуелната претседателка на градскиот совет Живка Ангелоска, претседателот на ОО СДСМ Охрид, Лазе Танески и поранешниот претседател на охридскиот огранок и бизнисмен Науме Јованоски. Оваа листа на кандидати...
Post Views: 3
Возачи внимателно кога возите по улицата која води кон Горна порта. Поради влажната зима, обилните врнежи на снег и дожд, секојдневно на овој дел од патот има одрони од камења. Граѓаните велат дека со тоа се загрозува безбедноста на возачите бидејќи коловозот е тесен и доколку се избегнат одроните може да дојде до судир со возило кое доаѓа од другата страна. Бараат од Локалната да направат потпорен ѕид кој ќе ги спречи одроните. Минатата година беше направен еден дел од потпорниот ѕид токму на овој дел од патот, но не беше дозавршен поради немање доволно средства. Оваа...
Post Views: 0
Охридските улици небезбедни за возење. Речиси да нема сообраќајница на која нема ударни дупки. Секојдневно се појавува и по некоја нова. Возачите се жалат дека ги оштетуваат возилата, а и ја загрозуваат безбедноста на пешаците. Ваквата состојба не е непозната за Одделението за комунален развој, сообраќај и патишта. Нивните служби веќе биле на терен и ги детектирале оштетувањата на коловозите низ градов.
Тоа најмногу се должи на снегот и на ниските температури што ги имавме во изминатиот период, па и оние мали оштетувања кои до тогаш не беа видливи од мразот и од посипувањето...
Post Views: 2
Библиотеката „Григор Прличев“ наредниов месец треба веќе конечно да се прошири во новите простории. Направени се сите подготовки за преселба, останува уште да се постават уредите за ладење и греење кои се неопходни за одржување на книжниот фонд. Од библиотеката велат дека министерството за Култура треба да им обезбеди средства за тоа, но постои уште еден проблем кој треба да се надмине.
Мора да признаеме дека имаме една физичка бариера бидејќи двете згради на библиотеката во моментов не се поврзани и имаат два различни влезови. Најверојатно ќе се направи еден заеднички...
Post Views: 5
Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше врачена Повелбата за најдобра поема за 2018 година. Лауреатот Славчо Ковилоски го доби ова престижно признание за поемата „Крале Марко по втор пат“ која ја пишувал повеќе години. Авторот кажа дека е посебно почестен со наградата бидејќи да се продолжи делото на ловороносецот Григор Прличев е огромна чест и одговорност.
Оваа награда Григор Прличев која се доделува за поема е единствена во македонската книжевност и е една од најзначајните награди воопшто во македонската литература. Така што ми е огромна чест и задоволство,...
Post Views: 5
Апаратите за анестезија во Општата болница во Охрид кои поради сервисирање еден месец не се во функција, од утре треба да бидат ставени во употреба. Станува збор за апаратите во четирите операциони сали на хирургија и урологија, додека апаратот за анестезија на одделението за гинекологија бил сервисиран во најкраток можен рок и веќе на 09ти јануари бил ставен во функција. Тој апарат се користел за итните операции со цел да не се препраќаат пациентите во други здравствени установи. Директорката на болницата, Славица Малевска Стојадиновиќ тврди дека воопшто немало никаков...
Post Views: 18
Науме Јованоски, поранешниот прв човек на ОО на СДСМ од Охрид денес на прес конференција ги обзнани своите амбиции да биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Охрид на претстојните вонредни локални избори. Одлуката да влезе во трката за градоначалник ја донел и поради блискоста и вербата во актуелното раководство на СДСМ и Владата предводена од премиерот Зоран Заев.
Дополнителен мотив да се кандидирам за одговорната функција е фактот што, во делот на организациската и теренска активност, имам одлично претходно искуство, добар тим кој ќе застане зад мене за заеднички...
Post Views: 5
Потпорниот ѕид во близина на црквата Св. Богородица Перивлепта, потенцијална опасност за минувачите и за учениците во училиштето Св. Климент Охридски. Големи камења секојдневно се одронуваат од овој ѕид за кој и не се памети кога бил изграден. Мештаните во повеќе наврати реагирале до надлежните институции, но сите одговорноста си ја префрлале од еден на друг. Едни велат дека овој ѕид бидејќи е во атарот на црквата таа треба да го санира. Други пак тврдат дека тоа треба да го стори Локалната. Мештаните се обратиле и до инспекциските служби.
Јас искрено да ви кажам не...
Post Views: 4
Охриѓани повторно чекаат градски превоз под ведро небо. Од пред неколку месеци автобуската постојка која се наоѓаше кај зградата Печијаре беше дислоцирана десетици метри подолу на Булевар Туристичка, но покривната конструкција под која граѓаните се засолнуваа од дожд и сонце остана на старата локација. Тие бараат Локалната веќе кога решила да ја дислоцира една од најфреквентните постојки во градов да создаде пристојни услови и да постави опрема.
Прва работа со која ќе се зафати нашиот сектор е преместување на кабината од старото место на новата локација, вели Томе Џамтоски,...