Автор: Јаковлева Лионела

vmro dpmne

Oбвинувања дека ВМРО ДПМНЕ спроведува некаков „реваншизам“ се неосновани, тврдат од ОК

Post Views: 7 ВМРО ДПМНЕ е сериозна политичка партија и своите заложби за Охрид ги истакна во својата програма која доби полн легитимитет од Охриѓани. Идентификацијата на главните проблеми со кои се соочуваше Охрид во изминатите години покажа тотална неодговорност на СДСМ во раководење со градот вклучувајќи ја и кадровската структура во Општината и во Јавните претпријатија. Тоа беше еден од клучните моменти на нефункционирањето на градот и непобитен факт за партизацијата на Општината  и јавните претпријатија од страна на СДСМ и неговите сателит партии. Охрид не смее и нема да си го...

Continue reading

Општина Охрид

Од локалната реагираат на обвинувањата на ОО СДСМ

Post Views: 6 Фактот што без никаква потреба, освен партиска, осум години ја пренатрупуваа општинската адмнинистрација, за Социјалдемократите не е некоја значајна појава. Градоначалникот Бакрачески ја затекна Општина Охрид со 265 вработени, во најголем број со статус на државни службеници. Голем дел од нив досега биле без работни задачи или пак незнаеле кои им се работните обврски. Дополнително, затекнати се уште 160 вработени со договори за дело, од кои преку половината со заобиколување на Агенцијата за вработување. За над 90 % од овие времени вработувања нема евиденција дека се...

Continue reading

sdsm

ВМРО ДПМНЕ врши политички реваншизам, обвинуваат од ОО НА СДСМ

Post Views: 3   Чист политички реваншизам се спроведува врз вработените од страна на општинската власт во единицата за Локална самоуправа и по јавните претпријатија, велат од Општинската организација на СДСМ. Од таму тврдат дека со измените на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во општината и по јавните претпријатија, извршени од страна на управувачката и раководната структура на ДПМНЕ, општинската власт си зела за право да спроведува чистка од политички причини. На вработените секојдневно им се делат нови решенија, со кои се врши нивно несоодветно...

Continue reading

kniga

„Одблесоците на Велгошти и манастирот Св. Петка“, запис за минатото и сегашноста

Post Views: 2 Убавината на манастирот Св. Петка во Велгошти кој се издигнува како пуст остров во море од зеленило, историското минато на ова живописно село и прекрасната панорама на градот Охрид која се протега од дворот на црквата и ти го одзема здивот, се причините што Ванѓелко Лозаноски пред речиси две години започнал да го пишува делото „Одблесоците на Велгошти и манастирот Св. Петка“. Ретко во историјата на  Македонија имало вакво поврзување на еден манастир и местото каде тој се наоѓа. Велгошти, велгоштани и манастирот Св. Петка имаат нераскинлива врска со векови наназад. Доколку...

Continue reading

библиотека

Eдна од најстарите книги на балканот е сопственост на Националната установа библиотеката „Григор Прличев“

Post Views: 30   Националната установа библиотеката „Григор Прличев“ располага со редок книжевен фонд. Таму можат да се најдат дела издадени од 1800година па се до 1944год. Најстарата книга е Историја книжевности од Др Јован Шеро која била објавена во далечната 1874 год. Моментално се врши ревизија на овие книги и тие не се издаваат надвор од просториите на библиотеката. Уште едно многу значајно и ретко дело е во сопственост на охридската библиотека. Во наша сопственост е Прохорпчинското изборно евангелие, една од најстарите книги на балканот. Ова дело моментално се наоѓа на конзервација...

Continue reading

konferencija

Организираниот криминал-закана за земјите од ЈЕИ

Post Views: 3 МВР ефикасно се справува со организираниот криминал преку имплементација на концептот за координираност на сите институционални облици со надлежност во оваа сфера, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР на Република Македонија, Митко Чавков на отварањето на Меѓународната конференција посветена на „Превенција и сузбивање на транснационалниот организиран криминал во Југоисточна Европа“. Тој додаде дека и Владата на Република Македонија активно работи на оваа проблематика па со таа цел се стреми кон воспоставување на Национална криминалистичко разузнавачка...

Continue reading

добитници

На доајенот на македонското пливање Александар Леко Радиќ му беше врачено највисокото општинско признание

Post Views: 9   Доајенот на македонското пливање Александар Леко Радиќ, на свечената академија што се одржа синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а по повод патрониот празник на градов, го доби највисокото општинско признание, наградата Св. Климент Охридски – патрон на Охрид. 85-годишниот Радиќ кој е  татко на „Охридскиот пливачки маратон”и низ чии раце поминаа звучни пливачки имиња рече дека се чувствува многу задоволен што најпосле некој се сети да му го признае трудот што го дал некогаш. Имам две големи желби со кои сметам дека ќе се препороди охридското пливање,...

Continue reading

centar za kultura

Нови вработувања во Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 7 Во Центарот за култура Григор Прличев ќе има десет нови вработувања. Тие ќе се реализираат преку владиниот проект за вработување на социјално загрозени лица или лица од ранливите групи. Овие вработувања добро ќе ни дојдат затоа што веќе подолго време кубуриме со технички персонал бидејќи дел од врботените си заминаа во пензија, вели директорката на центарот, Драгана Боцевска. Таа додава дека со новите вработување би требало да се надмине и проблемот во театарот. Како што веќе е познато во два наврати беше откажан почетокот на театарската сезона. Директорката кажува...

Continue reading

stari lica

Геријатриското одделение при општата болница во Охрид, претесно

Post Views: 30 Геријатриското одделение при општата болница во Охрид под итно треба да се прошири. Моментално во него е сместено 31 старо лице, а има потреба за стотина кревети, вели директорот на болницита, Д-р Љубен Арнаудов. Тој објаснува дека интересот за сместување на старите лица на ова одделение е голем па има долга листа на чекање. Многу често геријатрија им е единствената опција на луѓето во поодминати години на кои им е потребна болничка грижа и нега затоа менаџерскиот тим на болницата прави напори оваа зграда да се надгради за да се добие потребниот простор. Очекуваме помош...

Continue reading

sv kliment

Александар Леко Радиќ е овогодинешниот добитник на Свети климентовата наградата за животно дело

Post Views: 7 Александар Леко Радиќ е овогодинешниот добитник на Свети климентовата наградата за животно дело. Ова денес го соопшти Градоначалникот Никола Бакрачески кој кажа дека комисијата едногласно одлучила ова престижно признание да оди во рацете на доаенот на пливањето кој е најзаслужен што охридскиот маратон се запиша во регистарот на светското маратонско пливање. Александар Леко Радиќ несебично го трошеше својот талент и знаење за да едуцира кадри кои беа и се репрезенти на Охрид и маратонското пливање, рече Градоначалникот. Денес беа соопштени и добитниците на свети климентовите...

Continue reading

nikola bakraceski

Општина Охрид од ЕМО ќе прави индустриска развојна зона

Post Views: 0 Општина Охрид од ЕМО ќе прави индустриска развојна зона, вели Градоначалникот Никола Бакрачески. Тој бара компанијата да и биде дадена на општината доколку и по третпат не се најде инвеститор што ќе го купи АД ЕМО. Се планира фабриката по погони или парцели да се издава на потенцијални инвеститори. Ваквата идеја ќе биде доставена до Владата, рече Бакрачески. – Во постојана комуникација сме со Владата на Република Македонија која подготвува трет тендер за продажба на ЕМО односно за влегување на странски инвеститор во ЕМО. Има потенцијални инвеститори од областа...

Continue reading

deca vo opstina

Основновците од училиштето “Кочо Рацин“ на гости во Локалната

Post Views: 3 Трето одделенците од Основното Училиште “Кочо Рацин“ денес имаа можност барем за кратко да се најдат во улога на Градоначалник, Секретар, Претседател на совет и советници. Тие ја посетија Локалната Самоуправа за одблиску да видат како таа функционира и како изгледа општинската зграда. Домаќин на учениците беше секретарот Димитар Спасески кој ги запозна со начинот на работење на општинската администрација. При денешната обиколка низ просториите во општинската зграда дечињата добија информација секако прилагодена на нивната возраст, за начинот на работењето на Општината...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top