Post Views: 2
Резултатите од најновото тестирање на општинската администрација уште една можност за прибирање политички поени. Најпрво од Општинската организација на СДСМ реагираа дека резултатите се нереални бидејќи од 26 кандидати само осум го положија тестирањето или само 30% .
Како е можно во цела држава досега овие тестирања да ги полагаат над 90% од кандидатите, а кај на с процентот да е толку низок. Овие луѓе шест месеци работеле во својата област под менторство најчесто на нивните раководители. Менторот е тој кој што треба да ви ги даде прашањеата и да ве оцени. Овај неуспех...
Post Views: 2
По повод патрониот празник во училиштето „Григор Прличев“ денес за прв пат се одржа отворен час. Родителите, учениците и останатите заинтересирани имаа можност да присуствуваат на овој час и да видат што практично учат нивните деца. Отворен час се одржа по повеќе предмети. Роботиката која е дел од предметот технички науки предизвика голем интерес кај учениците.
Секцијата по роботика постои веќе четири години. Ја посетуваат ученици од шесто до осмо одделение. Тука можат да ја покажат својата креативност. Денес оние од повисоките одделенија им беа ментори на помалите,...
Post Views: 5
За прв пат општина Охрид издаде брошура за сите оние инвеститори кои сакаат да вложат во нашиот град. Овај потег на Локалната секако е за поздравување, но во првото издание на брошурата можат да се воочат голем број недостатоци пред се од технички карактер како и нелекторирани делови што ги збунуваат сите оние кои подетално ќе ја проучат. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостоловски вели дека кој работи тој и греши.
Јас сум свесен дека има некои технички недостатоци но во наредното издание ќе се потрудиме да ги отстраниме. Но важно е што се испочитувани оние основни барања...
Post Views: 2
Денес свечено беше отворен малиот плоштад кој се наоѓа кај некогашната библиотека.
Никола Бакрачески рече дека ова ќе биде уште едно катче кое охриѓани ќе можат да го користат за релаксација и одмор, а воедно ќе биде нова сцена за богатите културни случувања во градов.
Плоштадот партерно и хортикултурно се уредил за рекордно време од два месеци со ангажман на јавните претпријатија од градов.
Зафатите кои се извршени локалната ја чинат околу 15000евра.
Градоначалникот рече дека ова е само најава за градежната експанзија којa го очекува Охрид во наредниот период.
{loadposition...
Post Views: 6
Интензивна и плодна е соработката на Локалната со органите на централната власт во изминативе неколку месеци. Резултат на тоа се големиот број проекти кои се во тек или веќе се реализирани, вели градоначалникот Никола Бакрачески.
Ние сме една од најпривилегираните општини во РМ во делот на реализација на заеднички проекти. Но тоа не е резултат на тоа што Општина Охрид е повеќе фаворизирана од другите туку се должи на огромните напори на службите на општина Охрид кои во изминатите неколку месеци интензивно работеа на оваа проблематика, рече Бакрачески.
Како еден од најголемите...
Post Views: 20
Долго најавуваната изградба на градска марина по се изгледа кинечно ќе се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески ги разреши сите дилеми околу тоа дали има или нема пари за нејзина изградба.
За марината или за реконструкција на пристаништето што сакаме да го изведеме заедно со Министерството за транспорт и врски од буџетот на министерството се издвоени еден милион евра, рече Бакрачески.
Моментално се работи на изработка на идејното решение после што ќе се објави оглас за изработка на главниот проект за изградба на градската марина. Бакрачески вели дека подготвителните...
Post Views: 7
Со најновите промени на Законот за државна и јавна администрација кои беа изгласани вчера се воведуваат неколку новини за јавните службеници. Сега секој од нив ќе мора да посетува посебни обуки во својата област.
Ова ќе ја одложи најавената промена на раководителите на секторите во Локалната самоуправа.
Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека по завршувањето на ваквите обуки локалната ќе распише ин
терен конкурс за раководители на секторите. Доколку пријавените не ги задоволат поставените критериуми ќе се бараат други решенија, дециден е Бакрачески.
{loadposition...
Post Views: 2
Ќе се рехабилитира колекторскиот систем на Охридското Езеро од македонска страна. Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за колекторот. Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Градоначалниците на Охрид и Струга дадоа политичка поддршка за овој многу важен проект. Ова е генерациска шанса да се обезбеди комлетна долгорочна стабилна состојба на Охридско Езеро, рече Дејан Пановски од Билатералниот секретарјат за заштита на Охридското Езеро.
Во најголем дел ќе се репарира колекторскиот...
Post Views: 1
Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за рехабилитација на колекторскиот систем околу Охридско Езеро на македонска страна.
Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Тоа е позитивна вест и огромен чекор за напредок кој произлезе од нашата заедничка работа и од испратената апликација од македонската страна.Јапонската Агенција е подготвена сразмено на своите процедури да оддели средства и за самиот процес на рехабилитација и да учествува во подготовка на поширока Донаторска конференција...
Post Views: 8
Осветен камен темелникот на споменикот за Водици. Денес на православниот празник Свети Атанасиј Велики, на свечен начин беше поставен камен темелникот за изградба на новото спомен-обележје за Водици кај градското пристаниште во Охрид.Чинот на осветувањето и поставувањето на камен темелникот го извршија свештеници на МПЦ, преставници на Здружението „Богојавление“, Претседателот на Совет, Гордана Коњановска и Кумот на Водици Охрид во 2012та, Ванчо Чифлиганец кој е и донатор на споменикот.
Јас како кум на Водици 2012та дадов збор и пред бога и пред граѓаните на Охрид...
Post Views: 5
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Општата болница од Охрид. Општината на сите новороденчиња родени во Охрид, но и на оние кои се родени во другите градови во државава или во странство чии родители живеат во градов ќе им даде еднократна парична помош во висина од 5000ден. ГрадоначалникотБакрачески вели дека ова активност на општината е во контекст на заложбите на Владата на РМ за зголемување на наталитетот.
Без наталитет нема здрава основа за развој на една држава или општина. Сите знаеме колку е важно зголемувањето на наталитетот за обезбедување...
Post Views: 2
Општина Охрид сериозно пристапи кон реализација на идеата за изградба на ски центар на планината Галичица. Таа заедно со Владата на РМ во изминативе неколку месеци успеа да изнајде финансиски средства за изработка на физибилити студија за изводливост на градење на еден ваков центар кој истовремено ќе служи и за сместување на голем број гости во летниот период. Таа физибилити студија ја изведува една од најреномираните куќи за градење на скијачки центри, Елосам маунтајн рисорт планерс од Канада, а маркетингот го работел Хорати Хорват.
Таа студија покажа дека е изводливо...