Post Views: 9
Се уредуваат зелените површини во градов. Директорката на ЈП „Комуналец“, Елена Скрческа вели дека иако не е нивна обврска си поставиле задача хортикултурно да уредат четириесет качиња во градов. Денес се дотеруваше паркот кај згарадата на Ремис кој години наназад беше запоставен. Се посади трева, трендафили и палми, а се исчисти и шутот кој беше расфрлан. Скрческа ветува дека ќе се посвети внимание и на периферните делови од градот, а централното градско подрачје ќе се поднови со нови цветни садници и дрвца. Веќе се оплемени просторот околу чинарот, а се садеше и...
Post Views: 5
Презентацијата на Предлог-деталниот урбанистички план за првата урбана заедница ја вжешти атмосферата во општинската зграда. Голем дел од жителите кои живеат во стариот дел на градот реагираа на новиот предлог-план за оваа урбана заедница.
Не може план за стариот дел на Охрид да се носи без да се изврши геометарско испитување. Јас доставив доказ дека не се исти основите. Планот е изработен на стари, а не на нови основи. Дадов 200 евра да се направи геометарски елаборат затоа што не беше снимен еден кат. А пред мене воведоа два ката со тоа ги покрива комплетно. растојание...
Post Views: 7
Охриѓани незадоволни од квалитетот на мобилните телефони. Тие во годината што измина до одделението на државниот пазарен инспекторат поднеле 94 пријави и преставки по овој однос. Граѓаните кои ги анкетиравме за среќа немале некое поголемо лошо искуство со ваква неквалитетна стока.
Граѓаните кои реагирале до пазарниот инспекторат се пожалиле и на надминувањето на работното време во некои кафулиња низ градов, на неиздавање фискални сметки, а незадоволство покажале и на квалитетот на одредени апарати за домакинство како што се електрични шпорети, машини за перење и др.техничка...
Post Views: 6
Жителите од населбата Радојца Новичиќ веќе дваесет години се борат со еден ист проблем. Во реката Сушица која минува низ ова место се влева канализациона цевка која ја загадува водата, но шири и непријатана миризба која на моменти е неподнослива.
Фекалиите од Застава се влеваат овде. Од таму доаѓа ужасна реа, жива болест, вели Јонче Тололески-жител на Радојца Новичиќ.
Загрижените граѓани реагирале до инспекциските служби во Локалната самоуправа, од каде излегле на терен. Според кажувањата на граѓаните резултатите од претходните инспекциски контроли покажале дека водата...
Post Views: 7
Судбината на хотелот Палас актуелна деновиве. Откога беше промовирана брошурата „Инвестирајте во Охрид“ во која како една можна инвестиција беше посочен токму овој хотел се отворија многу дилеми. Јавноста прашува како овој хотел може да им се нуди на инвеститорите кога е ставен под трајна заштита на Завод и музеј. Директорката на оваа национална установа, Тања Паскали Бунташеска објаснува дека тоа не значи оти од Палас ќе се прави музеј. Практично ја заштитивме само неговата намена, вели директорката.
Не дозволуваме да се надградува и доградува. Дозволуваме внатрешно...
Post Views: 1
На Плаошник ништо не се уништува, напротив се гради нешто со што ќе се гордеат и идните генерации, рече Тања Паскали, директорката на НУ Завод и музеј на денешната пресс конференција свикана како реакција на изнесените обвинувања на претседателот на Општинската Организација на СДСМ, Томислав Тунтев, околу градежните зафати на Плаошник. „Возобновувањето на Светиклиментовиот Универзитет се врши според претходно изработена Локална урбанистичка планска документација, а не според желбите на Министерството за култура на РМ“, потенцираше Паскали. На Плаошник ќе се изградат...
Post Views: 0
На жителите од зградите кај болничкиот комплекс веќе им е преку глава од празни ветувања. Десет години чекаат за да добијат основни услови за живот. За да стигнат до нивните домови мора да поминуваат низ општата болница.
Станарите од овие згради се жалат дека покрај тоа што газат во кал до колена и навечер дома си одат со батериска ламба, не се приклучени и на канализациона мрежа. Револтирано велат дека живеат како да се во 19ти а не во 21ви век.Од Локалната знаат за состојбата во која се наоѓаат овие наши сограѓани. Објаснуваат дека најголема причина што досега не...
Post Views: 8
Комуналните редари ќе работат во две смени. Потребата од оваа нова пракса се наметна поради тоа што дел од граѓаните не го почитуваа редот и динамиката кој го спроведува ЈП „Комуналец“, вели директорката Елена Скрческа. Таа објаснува дека соработката на „Комуналец“ и општинскиот инспекторат е на завидно ниво и се што се прави е со цел зачувување на животната средина.
Нашите граѓани се плашат од казни и ако упорно не се придржуваат треба да има двосменска работа на комуналните редари така да имаат некој страв дека навистина ќе ги фати некој инспектор да одложуваат смет...
Post Views: 7
Автобуските и такси-превозниците доколку во иднина сакаат да превезуваат пратки од еден до друг град ќе мора да извршат поштенско лиценцирање. Тоа е следната фаза од кампањата што пред две години ја започна Агенцијата за пошти со цел искоренување на нелегалниот пазар на поштенски пратки испратени по автобус или со такси. Од агенцијата велат дека се наметнала ваква потреба поради тоа што нелегалниот транспорт на пратки преставувал нелојална конкуренција на лиценцираните фирми. Најголемиот авто превозник во градов АД „Галеб“ веќе е во фаза на лиценцирање.
Сите знаеме...
Post Views: 0
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ја обнови својата пракса за одржување пресс конференции. Денес проговорија на повеќе актуелни теми. Портпаролот Никола Митровиќ рече дека сведоци сме на безидејност, безначајност и безпредметност од страна на СДСМ. Како што портпаролот подвлече тие осум години можеле да покажат на дело убави работи за Охрид, а оставиле само милионски долгови без реализација на ниту еден витален проект. И токму тие, рече Митровиќ се дрзнуваат да зборуваат за нереализирани проекти и тоа во време кога ВМРО ДПМНЕ успева да ги санира.
Ако ги напаѓате зафатите...
Post Views: 2
Советниците на наредната седница која ќе се одржи во четврток ќе гласаат за изградба на затворен зелен градски пазар со јавно приватно партнерство после што ќе се распише тендер. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека распишувањето на поваа постапка не се коси со правилата кои важат во време на предизборен период бидејќи процедурата за изградба на градски пазар е започната уште со изработката на физибилити студијата која е одобрена од Владата на РМ.
Бидете уверени дека оваа Локална смоуправа води строго сметка за запазување на сите законски регулативи во делот...
Post Views: 19
На денешната седница на градски татковци и локалниот економски совет се дискутираше за реализација на капитални инвестиции и развојни планови на Општина Охрид. Стана збор за изградбата на градската марина, ски центарот на Галичица, се продискутира и за моменталната состојба со проектот Мауцкер. Градоначалникот Никола Бакрачески градските татковци ги запозна и со најновите сознанија од неодамнешната посета на автокамповите во градов. Се зборуваше за нивната состојба и планови. Стана збор и за изградба на пензионерски дом, како и за плановите за субвенционирање на авио...