Post Views: 1
Осветлувањето на дел од регионалниот пат А3, Охрид -Св. Наум, речиси еден месец во прекин, реагираат граѓаните, кои живеат во пригратските населби на Охридското езеро. Велат дека делот на оваа сообраќајница и тоа од „Хидробиолошкиот институт“ па се до клучката кај хотелот „Инекс Горица“, е во целосен мрак. Опасноста е дотолку поголема, бидејќи станува збор за дел од сообраќајницата на која во минатото се случувале голем број сообраќајни незгоди. За објаснување се обративме до Јавното претпријатие „Државни патишта“.
Кирил Каркалашев помошник раководител на Секторот за...
Post Views: 1
Десет нови возила и за потребите на Секторот за внатрешни работи од Охрид. Од нив, по две возила се отстапени на полициските станици во Струга и Кичево а едно на полициската станица во Дебар. Во Охрид ќе останат пет возила за потребите на охридската полициска станица односно за полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Новите возила „Шевролет-спарк“ што значително го подновија возниот парк на СВР Охрид, веќе се ставени во функција на целото подрачје за редовно извршување на полициските активности.
Возилата што се во полициска изведба, покрај уредите за...
Post Views: 2
Под капата на УНЕСКО, Охридско-Преспанскиот регион како биосферен резерват, би можел да стане примамлив туристички производ на светскиот туристички пазар. Тимот кој работеше на изготвување на Номинацијата за прогласување на Прекуграничен биосферен резерват на Охрид и Преспа под УНЕСКО, неодамна ја испрати Номинационата форма до седиштето на УНЕСКО во Париз. Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро, кој беше дел од тимот, истакна дека ова е голема шанса да зајакнат сите локални економии во регионот, а од тоа најголема корист ќе имаат...
Post Views: 1
Прес контејнерите кои беа поставени на таканаречените зелени острови и тоа на улицата „Богомилска“ и во населбата „Христо Узунов“, наскоро ќе одат под земја, ова го најавуваат од Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.
Зелените острови и прес контејнерите кои пред две години Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги постави на две локации во нашиов град и тоа како ја оправдуваат својата функција. Жителите од населбата „Христо Узунов“ каде е поставен едниот прес контејнер на т.н зелен остров, по се изгледа стекнаа навика за користење на овие контејнери и се презадоволни од тоа...
Post Views: 0
Во таа насока Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“во школските дворови на осум основни училишта од градов, од утре ќе започне со поставување на по три контејнери за селекција на отпад.
Осум основни училишта од нашиов град од утре веќе ќе може да се пофалат дека вршат селекција на својот отпад. Ј.П.Охридски Комуналец во соработка со фирмата “Пакомак” -Скопје, на овие образовни институции ќе им подели по три контејнери во кои учениците ќе може самите да ја прават селекцијата. Елена Скрческа В.Д. Директорот на Ј.П. „Комуналец“ вели дека на овој начин нашата најмлада...
Post Views: 5
Кога станува збор за планирањето на нашите годишни одмори патувањето надвор од земјата секогаш треба да претставува задоволство. Но за жал, не е секогаш така. Често пати се случувало на граѓаните едно да им се нуди како туристички производ, а да добијат нешто сосема друго, ситуација која последниве години со појавата на голем број туристички агенции некако ни станува пракса. Маријана Лончар Велкова , претседателот на „ОПМ“, вели дека проблемите на кои потрошувачите најмногу се пожалиле оваа летна туристичка сезона не се ништо поразлични од минатите години, а на прво...
Post Views: 1
Дијана Цапеска Богатиноска, единствената дама во тимот од универзитот Св. Апостол Павле кој работеше на креирањето на апликацијата и веб страната, истакна дека на апликацијата работеле повеќе од два месеци, истата е тестирана и иако во демо фаза, веќе активно се користи два месеци на сите фудбалски натпревари кои се играат во Македонија. Таа објасни што ќе значи оваа ај-ти алатка за интерна употреба за делегатите во ФФМ.
„Соработката помеѓу универзитетот „Св.Апостол Павле“ и ФФМ започна со потпишување на еден меморандум на соработка, па првиот заеднички проект се состои...
Post Views: 0
Охридските советници иако ќе треба да почекаат на новите лаптоп компјутери до наредната седница, сепак и без нив единаесеттото издание на седницата на советот, помина во вжештена атмосфера. Дневниот ред од 85 точки беше за десет точки намален на барање на секретарот на Општината Димитар Спасески, a бурна дискусија се разви уште на самиот старт од седницата по првата точка која се однесуваше на давање согласност на Одлуката за утврдување висина на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Гробишта“ Охрид. Вршителот на должност директор на ЈП Градски Гробишта, Зоран...
Post Views: 1
Моментално во нашата општина евидентирани се вкупно 7000 невработени лица, од кои 3000 се лица кои активно бараат работа, велат податоците од Центарот за вработување од Охрид. Во споредба со податоците од 2007 година, кога бројот на невработените изнесувал 12.500, може да се забележи негово драстично намалување. Една од причините за ваквата слика се активните програми и мерки кои ги спорведувaат Министерството за Труд и Социјална Политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, а посебно поволностите кои работодавачите ги имаат при вработување нови лица...
Post Views: 2
Наскоро треба да започнат археолошки истражувања во „Љубанишко поле“. Од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, моментално работат на чистење и обележување на теренот. Директорот на Завод и Музеј Тања Паскали – Бунташеска не информира дека сеуште се чека од Министерството за култура да одобрат средста а дури потоа да се обезбеди дозвола од Заводот за заштита на спомениците на културата за археолошки истражувања. Бунташеска додава дека за да се направат заштитно конзерваторски основи, неопходно е двата евидентирани локалитети Раица Манастириште...
Post Views: 5
Делот на една од најферкфентните, а со тоа и најопасните сообраќајници во нашиот град, улицата „АСНОМ“, наскоро ќе го добие долгоочекуваниот тротоар. Локалната самоуправа е свесна за овој проблем и за фрекфентноста на оваа улица, односно за брзината на моторните возила кои се движат на неа, со што посебно се загрозени пешаците и влеосипедистите. Портпаролот на Општина Охрид, Томе Џамтоски вели дека со спроведување на инфраструктурните зафати кои веќе се во тек, во голема мерка ќе се зголеми безбедноста за овие учесници во сообраќајот и ќе се реши еден долгогодишен сообраќаен...
Post Views: 3
Кога знаеме дека полициските овластувања траат 24 часа на ден, а огромен е и бројот на ситуации кога полицаецот треба да донесе одлука за многу кратко време не ретки се случите кога доаѓа до конфликт помеѓу неговиот личен став и неговата професионалност. Гордана Јанкуловска Министерката за внатрешни работи на РМ истакна дека во таквите случаи на сила стапуваат законските и морални рамки во кои правата на одговорното лице и неговиот личен избор нема да дојдат во конфликт со она што е приоритет на државата во даден момент.
„Бидејќи полициските службеници речиси без исклучок...