Асистентите од УИНТ „Св.Апостол Павле“ со мобилна апликација за ФФМ

ФФМ доби мобилна апликација која ќе им помогне на делегатите во следење на натпреварите.

 |  Голабовски Крсте  | 
tim od UINT
тим од УИНТ

Дијана Цапеска Богатиноска, единствената дама во тимот од универзитот Св. Апостол Павле кој работеше на креирањето на апликацијата и веб страната, истакна дека на апликацијата работеле повеќе од два месеци, истата е тестирана и иако во демо фаза, веќе активно се користи два месеци на сите фудбалски натпревари кои се играат во Македонија. Таа објасни што ќе значи оваа ај-ти алатка за интерна употреба за делегатите во ФФМ.

tim od UINT„Соработката помеѓу универзитетот „Св.Апостол Павле“ и ФФМ започна со потпишување на еден меморандум на соработка, па првиот заеднички проект се состои од изработка на веб страна, и мобилна апликација наменета за делегатите на фудбалските натпревари. Секој делегат ќе може со сопствено корисничко име и лозинка да пристапи кон апликацијата, да ги ажурира играчите кои тековно играат, резревните играчи и сите настани кои се случуваат во текот на натпреварот се тоа прикажано во реално време на веб страницата на ФФ на Македонија“ вело Богатиноска.

Инаку идејата за изработка на мобилна апликација започнала со нивниот ангажман околу веб страната на ФФМ, односно нејзино осовременување и менување на целокупниот дизајн на истата, објасни ај-ти админситраторот на  УИНТ „Св.Апостол Павле – Охрид“, Горан Петроски.

„Мојата задача беше изработка на веб страната, прибирање на информации и изработка на иницијалниот дизајн, и нејзина имплементација. Имавме координација,јас што работев на страната и групата која работеше на апликацијата за да ги интегрираме во една целина“, објасни Петроски.

меморандумРечиси 90% од веб страната е готова, и веќе и таа е ставена во функција, заедно со мобилната апликација која е интегрирана во истата, така што резултатите од апликацијата се видливи на веб страната. Главната цел за создавање на ваква мобилна апликација била да се создаде алатка која ќе биде едноставна и лесна за навигација за делегатите, истакна М-р Александар Карадимче.

„Да се овозможи ефикасно и брзо следење на головите жолтите картони и измените на играчи во рамките на апликацијата, а се тоа се прикажува на веб страницата на ФФМ. Мојата улога беше во развој и имплементација на оваа мобилна апликација за ФФМ“, потенцира Карадимче.

Асистентот Илија Димитриевски е последниот дел од тимот на Универзитетот кој работеше на овој интересен проект, задолжен како за креирањето на апликацијата така и за следенње на податоците кои делегатите ќе ги внесуваат преку неа. Инаку Димитриевски оптимист дека оваа сорабока е само почеток, а новите идеи нема да недостасуваат.

„Ќе видиме, ќе произлезат сигурно нови идеи, досега беше само претставување на самите резултати, но понатаму ќе произлезат нови идеи“ додава Димитриески.

Од Универзитетот најавија дека продолжуваат со предизвиците при реализацијата на вакви и слични проекти, а информатичките науки и технологиии остануваат присутни во сите сегменти од општеството, вклучувајќи го и спортот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top