Прес контејнерите ќе одат под земја

Прес контејнерите кои беа поставени на таканаречените зелени острови и тоа на улицата „Богомилска“ и во населбата „Христо Узунов“, наскоро ќе одат под земја, ова го најавуваат од Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.

 |  Голабовски Крсте  | 
pres kontejner
прес контејнер

Прес контејнерите кои беа поставени на таканаречените зелени острови и тоа на улицата „Богомилска“ и во населбата „Христо Узунов“, наскоро ќе одат под земја, ова го најавуваат од Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.

pres kontejnerЗелените острови и прес контејнерите кои пред две години Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги постави на две локации во нашиов град и тоа како ја оправдуваат својата функција. Жителите од населбата „Христо Узунов“ каде е поставен едниот прес контејнер на т.н зелен остров, по се изгледа стекнаа навика за користење на  овие контејнери и се презадоволни од тоа како овие апарати придонесуваат за хигиената во нивната населба.

Елена Скрческа, В.д. Директорката на „Комуналец“ објасни дека  и двата прес контејнери кои што се поставени на овие две локации, доста добро функционираат, меѓутоа и двата се со доста мал капацитет. Во таа насока, од ова јавно претпријатие од наредната година ќе пристапат кон едно малку поинакво решение, со кое уште повеќе ќе се зголеми хигиената околу самиот таканаречен „зелен остров.“

pres kontejner„За нареден период тоа ќе го замениме со подземните контејнери, со поголем капацитет, и ќе биде малку поестетско, и похигиенско.Нема наоколу да се гледа никакво ѓубре.Ќе се поставуваат во земја, горе ќе имаат само една постава од каде ќе се фрла сметот, во едното пластиката, во другото хартијата“ вели Скрческа.

Прес контењерите во Охрид беа поставени во 2011 год. Истите контењери се со опфатнина од 4 кубни метри, но имаат спацијана преса, која го намалува отпадот 4 према 4, што значи дека овој прес контењер заменува дури 16 обични. Принципот на работа на овие контењери поставени на т.н. зелен остров е таков што отпадот кој се одлага во нив е херметички затворен, и не се чувствува миризба. Потоа откако истиот ќе се наполни, специјалното возило на комуналец со повратна преса го празни во возилото на ЈП Охридски Комуналец.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top