Автор: Голабовски Крсте

primopredavanje

Општина Охрид стана сопственик на објектите од стрелиштето Мауцкер

Post Views: 21 Државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски официјално им ги предаде објектите лоцирани на стрелиштето Мауцкер на Општина Охрид. Од страна на Државниот секретар Стефаноски, симболично беа предадени клучевите од објектите како и Одлуката на Владата на Република Македонија со која овие објекти преминуваат во целосна сопственост на Општина Охрид. “Се работи за 13 објекти со вкупна површина од 1530 метри квадратни и земјиште со вкупна површина од 949. 789 илјади метри квадратни кои што согласно планот за дивестирање на несуштинскиот имот не се во функција...

Continue reading

logo

Решен проблемот во подрачното училиште во село Рача

Post Views: 8 Проблемот со недостиг на одделенски наставник во подрачното училиште “Григор Прличев“ во село Рача е надминат и решен согласно сите законски прописи и норми. Од 1-ви февруари годинава по претходно добиена согласност од Министерството за образование, со работа почна одделенски  наставник за учениците од прво одделение. Со тоа се надмина потребата од комбинирана паралелка во ова подрачно училиште. Проблемот  беше создаден во учебната 2012/2013 година, кога е формирана една паралелка повеќе, без притоа да се запазат законските норми и принципите за функционирање на образовниот...

Continue reading

raspored

Вечерва во Охрид, започнува „Кошаркарскиот куп на Македонија 2014“

Post Views: 5 Вечерва во спортската сала „Биљанини извори“ во охрид започнува „Кошаркарскиот куп на Македонија 2014“. Со одлука на Кошаркарската федерација на Македонија, спортската арена „Биљанини извори“ од 6-ти до 9-ти февруари ќе биде домаќин на овој извонреден спортски настан за сите љубители на кошарката. {loadposition content9}

Continue reading

drvce

На кого му пречат младите дрвца на улицата „Марко Цепенков“?

Post Views: 7 Повеќе од една година Младите садници на ул.„Марко Цепенков“, систематски се уништуваат од страна на вандалите и покрај напорите кои Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги прави за зазеленување на тротоарите од оваа многу прометна улица. Службите на Комуналец, во неколку наврати ги обновуваа искршените садници, но повторно на самиот почеток од годинава, 5-6 стебла беа искршени. Оние садници кои успеаа да ја преживеат претераната „грижа“ на вандалите, беа дополнително фиксирани за потпорни дрвени столбови. Но, по се изгледа и тоа не беше доволно за спас на младите садници.   Само...

Continue reading

zgrada

Кривична пријава за извршител од Охрид

Post Views: 10 Нови моменти од случајот со петте станови на ул.„Карпош Војвода“ кои се заглавени во имотно правен спор, кој се води помеѓу Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ и АДГ Трудбеник. Од СВР Охрид информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување “СВР Охрид против лицето Д.Ф. (58), извршител именуван за подрачјето на Основните судови Охрид, Струга и Дебар, поднесе кривична пријава.    Пријавениот, искористувајќи ја својата положба, извршил пречекорување на границите...

Continue reading

bilbord

УJП заплени дел од билбордите во Охрид?

Post Views: 1 На неколку билборди поставени на нај фрекфентните локации низ нашиот град веќе извесно време стојат налепници од Упрата за јавни приходи, на кои е наведено дека билбордите се запленети. Иако веќе извесен период на некои од билбордите и воопшто не беше поставен било каков рекламен материјал, сепак има и такви на кои веќе има нова реклама. Станува збор за билборди на „Лазов“ групацијата или веќе ребрендираната „Еуролинија“ , но ова претставува дополнителна забуна бидејќи на некои од билбордите се наведени контактите и логата и со стариот и со новиот назив. {loadposition...

Continue reading

лого

Ж.Ц. „Бисера“ со поддршка за иницијативите кои се во интерес на жената и семејството

Post Views: 2 Женски Центар „Бисера“ ја поддржува иницијативата за потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу локалната самоуправа и Општата болница, за доделување паричен надоместок за секое новородено бебе, како стимулација за зголемување на наталитетот во Охрид и Македонија. Од Женскиот Центар „Бисера“ информираат дека во нивната годишна програма се планирани активности за подигање на свеста кај младите за пораст на повеќедетни семејства. Додаваат дека ги поздравуваат сите иницијативи кои се во интерес на жената и семејството, како основна клетка на општеството. {loadposition...

Continue reading

Sv.Kliment ucilishte Trebenishta

Со средства од Глобалниот еколошки фонд ќе се реконструира основното училиште во Требеништа

Post Views: 8 Здружението на граѓани ПРОАКТИВА од Скопје во соработка со Општина Дебарца во јануари 2014 година започнаа со реализација на проектот „Енергетски ефикасна општина – 4. дел“. Главната цел на проектот е преземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина со стакленичкиот гас СО2, а конкретни цели се:Намалување на емисијата на јаглерод двооксид од јавните објекти во Општината Дебарца. Намалување на трошоците за енергија во јавните објекти во Општината Дебарца.Теоретска и практична обука на локалното население за енергетска ефикасност...

Continue reading

deponija

Депонија во срцето на населбата „Гоце Делчев“

Post Views: 9 Формирана мини депонија во срцето на населбата „Гоце Делчев“. На самиот влез на населбата „Гоце Делчев“, во близина на објектот на поранешна „Охридска трговија“ а потоа на „Напредок“, никнува мини депонија.   Расфрлани шишиња, шприцеви, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни. Жителите на населбата реагираат на се поголемите количества смет, кои од ден на ден се акумулираат на овој простор. Само за информација, на само десетина метри од купиштата ѓубре се наоѓа и неодамна изграденото детско игралиште каде играат децата од оваа населба. Причина повеќе за...

Continue reading

Nina Balaban

Охридскиот стрелец Нина Балабан избрана за амбасадор на Младинските олимписки игри во Нанџинг 2014-та година

Post Views: 5 Охриѓанката Нина Балабан која е избрана за млад амбасадор на Младинските олимписки игри во Нанџинг 2014-та година, од страна на Интернационалниот Олимписки комитет. ИОК синоќа ја објави импресивната листа за 100-те инспиративни млади луѓе кои ќе служат како млади амбасадори на Младинските Олимписки игри во Нанџинг-2014 година, на која сосема заслужено се најде и стрелачката Нина Балабан, од С.К. „Охрид“. Инаку Нина на само еден месец пред почетокот на Европското првенство што треба да се одржи во Москва, се закити со златен медал на меѓународниот Турнир во Врање што...

Continue reading

smet

Старите навики, некои охриѓани тешко ги менуваат

Post Views: 7 Некои охриѓани сеуште се надеваат дека доколку сметот од своите домови го оставаат на местото каде некогаш беа поставени контејнерите за отпад на булеварот „Туристичка“, истите ќе бидат вратени на старото место. Иако контејнерите за отпад се дислоцирани само на триесетина метри, позади зградата каде некогаш беше сместена дирекцијата на „Скопксо поле“, сепак некои несовесни граѓани повторно го оставиле сметот на старото место. Ј.П. „Охридски комуналец“ пред самиот крај на минатата година, ги повика советите на станбените згради да се состанат и одредат локации за поставување...

Continue reading

logo

Лопата, нож и тегла мед

Post Views: 9 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Насилство“,  СВР Охрид против 31 годишен охриѓанец поднесе кривична пријава. Пријавениот,  на 19ти овој месец во ресторантот „Св.Наум“ лоциран во туристичкиот комплекс „Св.Наум“ изреволтиран поради претходна вербална расправија помеѓу гости од Бугарија и неговиот родител, започнал да ги крши прозорците и ресторантски инвентар по што со лопата го нападнал сопственикот на угостителскиот објект. По кратко време со нож од шанкот, упатил закани кон гостите кои веднаш избегале од ресторантот а потоа го нападнал келнерот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top