Старите навики, некои охриѓани тешко ги менуваат

Некои охриѓани сеуште се надеваат дека доколку сметот од своите домови го оставаат на местото каде некогаш беа поставени контејнерите за отпад на булеварот „Туристичка“, истите ќе бидат вратени на старото место.

 |  Голабовски Крсте  | 
smet
смет

Некои охриѓани сеуште се надеваат дека доколку сметот од своите домови го оставаат на местото каде некогаш беа поставени контејнерите за отпад на булеварот „Туристичка“, истите ќе бидат вратени на старото место.

smetИако контејнерите за отпад се дислоцирани само на триесетина метри, позади зградата каде некогаш беше сместена дирекцијата на „Скопксо поле“, сепак некои несовесни граѓани повторно го оставиле сметот на старото место.

Ј.П. „Охридски комуналец“ пред самиот крај на минатата година, ги повика советите на станбените згради да се состанат и одредат локации за поставување на контејнерите за отпад, со напомена дека истите не треба да зафаќаат делови од сообраќајните патни површини, односно да не го попречуваат патниот сообраќај.

smetОд јавното претпријатие уште пред повеќе од месец и половина потенцираа дела за непочитување на Законот за јавна чистота несовесните граѓани ќе бидат соодветно санкционирани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top