Post Views: 1
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против едно правно лице и неговиот сопственик, 60- годишен охриѓанец.
На 29-ти минатиот месец, кај правното лице-кабелска телевизија, лоцирана во трговскиот центар “Охриѓанка“, пронајдени биле и одземени триесет и три дигитални ресивери со кои, пријавените со намера да прибават противправна имотна корист преку кабелска мрежа неовластено дистрибуирале и ставале на располагање на јавноста заштитени...
Post Views: 1
Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид и Центар за неформално образование Траголник од Скопје потпишаа Меморандум за соработка, што претставува уште еден чекор во заложбите за комплементарност на формалното и неформалното образование и дава непроценлив придонес во осигурување на доживотното учење кое е основа за креирање на општество базирано на знаење.
Оваа соработка оди во прилог на заложбите на Р. Македонија за воведување на концептот на доживотно учење кој претполага дека луѓето, а пред се младите треба уште во текот на нивното...
Post Views: 5
Преку 30 заљубеници во природата и планинарењето беа дел од рекреативната планинарска тура, која во организација на Црвен крст Охрид, а во рамките на одбележувањето на Неделата на срцево-садови заболувања, се реализира на планината Галичица.
Предводени од членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид, најмладите учесници на оваа планинарска тура се искачија на местото Лако Сигној 1980 мнв, а повозрасните беа дел од искачувањето на врвот Магаро 2250 мнв.
Сите учесници, а особено младите уживаа во убавините на планината Галичица,...
Post Views: 3
Жителите на нас. „Гоце Делчев“ се жалат на опасноста која ги демне од отворено разводно орманче.
Овој електричен објект, веќе неколку години е незаштитен, а жителите од оваа населба, информираат дека во неколку наврати реагирале до ЕВН Македонија, а исто така проблемот го актуелизирале во неколку наврати и преку медиумите.
Портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачески, не информираше дека до нив не е стигната досега никаква писмена реакција од страна на жителите од оваа населба.
Колку е сериозна ситуацијата потврдува и фактот што овој објект се наоѓа на само десетина...
Post Views: 0
Денес во просториите на Општина Охрид, со почеток во 10:00 часот, градоначалникот Никола Бакрачески изврши промоција на брошурата ОТЧЕТ за Април – Декември 2013 год.
Повеќе инофрмации проследете во Дневникот на ТВМ Телевизија во 17:00 часот.
{loadposition content9}
Post Views: 7
ЈП за комунална дејност “Дебрца” вложува напори за подобрување на финсиската состојба на претпријатието и подобрување на услугите што ги врши врз основа на дејноста и тоа снабдување со вода за пиење и собирање на отпад.
Во почетокот на 2014 година, видно е зголемувањето на наплатата на сметките за комунални услуги на ЈП за комунална дејност “Дебрца”. Во овој период наплата е зголемена за 10% за разлика од ланскиот период. Зголемената наплата од потрошувачите пред се се должи на подобрувањето на услугата, зголемената доверба од потрошувачите, набавката на нови контејнери...
Post Views: 2
Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека на ден 21.02.2014 год. во 11.00 часот во Големата сала на Општина Охрид ќе се одржи Презентација на Предлог – Детален урбанистички план за Урбана заедница 1 блок 1.2 и блок 1.4 и Урбана заедница 3 дел од блок 3.4, општина Охрид предлог план 2009-2014, со тех. бр.11/03 од декември 2013 год. изработен од ДПУП „ПОЛОГПРОЕКТ -ПРО“ доо Гостивар.
Планскиот опфат за ДУП за УЗ 1 блок 1.2 и блок 1.4 и УЗ 3 дел од блок 3.4 Општина Охрид е со површина од 42,76 ха и е дефиниран во следните граници:
Ул.”Илинденска”, ул.”Кирил...
Post Views: 11
Денес во просториите на Црвениот крст од охрид ќе продолжи реализацијата на обуката на малдите волонтери за штетноста од консумирање алкохол и начините за превенција на алкохолизмот особено кај малдите луѓе.
Обуките ќе ги врши Г-дин Владимир Панзов, Претседател на Здружението на апстиненти „Здрав живот“ од скопје. Инаку обуките започнаа на 13-ти февруари 2014 та година, а имаат за цел да го подигнат нивото на знаења кај маладите волонтери од Црвениот крст за алкохолот како порок и зависност, кои пак своите знаења понатака ќе ги шират помеѓу своите врсници. Дел од учесниците...
Post Views: 10
Согласно програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид на ден 20.02.2014 год. со почеток во 15: 00 часот во малата сала на општина Охрид ќе се одржи работен состанок за поставување на урбана опрема пред угостителските објекти.
Состанокот ќе има единствена точка на дневен ред:1. 1. Утврдување на измените на правилникот и ценовникот за поставување на урбана опрема и начинот за утврдување на површината за користење на урбаната опрема. Повеќе инофрмации во дневникот на ТВМ Телевизија во 17:00.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Од што најмногу не се заодоволни охридските потрошувачи? Работата на мобилните оператори, но и продажбата на техничка роба им задаа најмногу главоболки на охриѓани.
Ова се само првичните информации кои доаѓаат од Ѓорѓи Бошалески раководителот на пазарната инспекција. Оттаму продолжуваат со редовните контроли, а според зборовите на Бошалески, охридските потрошувачи до нив најмногу се пожалиле токму во врска проблемите со мобилните оператори и продавниците на техничка роба.
Повеќе за овој проблем информирајте се во првото издание на ТВМ „Телевизија“.
{loadposition con...
Post Views: 3
Кон крајот на месец јануари, беше затворен ресторанот кој функционира во рамките на ЈП „Градски гробишта“.
Првиот човек на ЈП „Градски гробишта“ Зоран Симоноски за некои од медиумите наведе дека причината за неговото затварање е истекувањето на договорот за закуп кој го склучила фирмата која до сега го стопанисуваше овој објект. Тој додаде дека станува збор за објект кој е во незавидна состојба, објект кој има потреба од реновирање, па така се разгледува можноста идниот закупувач во договорот да се обврзе да го реновира објектот.
Повеќе информации за овој проблем, проследете...
Post Views: 11
Поради реализарање на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија, денес дел од селото Лескоец ќе остане без електрична енергија во траење од еден час.
Од „ ЕВН“ Македонија информираат дека прекинот ќе биде во траење од еден час и тоа од во периодот од 10-11 часот, а без електрична енергија во овој период ќе бидат жителите од Лескоец кои живеат во делот кој води накај варниците.
{loadposition content9}