Автор: Голабовски Крсте

kamensko

Бесплатни курсеви по Англиски и Италијански јазик во Црквата „Света Богородица“ – Каменско

Post Views: 8 Црквата „Света Богородица“ – Каменско Охрид, во рамките на своите парохиски активности организира бесплатни курсеви по англиски и италијански јазик. Часовите по англиски јазик ќе се одржуваат во четврток со почеток во 18 часот, а часовите по италијански јазик ќе се одржуваат во втроник со почеток во 18 часот. Курсевите започнуваат од 1 септември а ќе се одржуваат во просториите на црквата. Сите заинтересирани можат да се пријават во црквата или на телефон 046 267 832 или на 078 330 394.  

Continue reading

pukanje zrtvi

Повторно пукање и повредени во Париз

Post Views: 6 Полицаец и метач на улици денес беа застрелани и тешко повредени во јужниот дел на Париз што ги зголеми тензиите еден ден откако вооружени напаѓачи упаднаа во редакцијата на еден сатиричен неделник и убија 12 луѓе. Дел од француските медиуми објавуваат неофицијални информации дека ранетата полицајка им подлегнала на повредите.Напаѓачот во денешниот инцидент што се случи пред зори уште е во бегство, рече францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев. Тој предупреди да не се избрзува со донесување заклучоци во врска со нападот што не го поврзуваат со нападот...

Continue reading

maraton

Финишираат подготовките за најголемиот меѓународен пливачки настан

Post Views: 4 Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 29 август 2015 година (сабота) на патеката „ Климе Савин“ , од манастирскиот комплекс „Св. Наум“  до градското пристаниште, во должина од 30 километри. Организаторите на годинашниов 29. маратон, Меѓународната пливачка федерација-ФИНА, Македонската пливачка федерација, Општина Охрид и Капетанијата на пристаништата, велат дека финишираат подготовките за најголемиот меѓународен пливачки настан во Република Македонија.На Охридскиот пливачки маратон, според пристигнатите пријави, ќе  учествуваат 24 маратонци од кои 12 мажи и 12 жени...

Continue reading

lekari

Охридските советници ќе расправаат за унапредување и заштита на правата на пациентите

Post Views: 0 На дневен ред на седницата на Советот на Општина Охрид закажана за оваа среда ќе се најде и Предлог-одлуката за формирање Комисија за унапредување и заштита на правата на пациентите. Целта на формирање на ваквата комисијаќе биде да ги унапредува правата на пациентите и нивна заштита, да ја следи состојбата со заштита на правата, да предлага мерки за подобрување на нивната состојба пред надлежни органи, соработува со надлежни органи, да разгледува поплаки од пациенти како и други активности предвидени согласно закон. За оваа предлог одлука охридските советници ќе расправаат...

Continue reading

logo

Петок неработен ден

Post Views: 1 По повод големиот христијански празник  Успение на Пресвета Богородица, овој петок е прогласенз а неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија , 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за  граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.  

Continue reading

svr

Тешка сообраќајна несреќа кај Годивје

Post Views: 6 Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево на спојката со локалниот пат за селото Годивје. Од здобиените повреди, на лице место починал Лазо Н. (43) од селото Издеглавје општина Дебарца. Тој, управувајќи моторно возило марка „Застава-101“ со охридски регистарски таблици по магистралниот пат од Охрид кон Кичево, во близина на спојката кон локалниот пат за селото Годивје, изгубил контрола и преминал на левата страна од коловозот. Притоа, со предниот дел од автомобилот удрил во...

Continue reading

svr

Разбојничка кражба во Охрид

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојничка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р. (38) од Скопје. Него одредена му е мерка притвор во траење од триесет дена. На седми овој месец, пријавениот заедно со уште едно засега непознато женско лице, со подесен алат ги скршиле двата катинари од метална решетка поставена на влезната врата од продавницата „Заум пром-Маргарите“ ДООЕЛ Охрид лоцирана на улицата „Јане Сандански“ во Охрид. Настанот се случил во 03 часот и 30 минути, кога двајцата, со патничко моторно возило марка „Фолксваген-пасат“...

Continue reading

avion

Вонредна адултна дезинсекција

Post Views: 0 Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид и Дебрца дека во  ден 20.08.2015год. (четврток) во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци. Авионска  адултна  дезинсекција ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот. На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река. Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и Далјан На...

Continue reading

cesma

Улицата „Ристо Чадо“ денес без вода

Post Views: 11 Од МЈП „Проаква“ информираат дека  поради санација на дефект на водоводната линија, денеска во периодот од 8 до 13 часот има прекин во водоснабдувањето на улицата „Ристо Чадо“. Во овој период од денот без вода ќе бидат и жителите на улиците, „Мирче Ацев“ и „8-ми Март“.  

Continue reading

znak

Ново минирање на патот Охрид-Кичево

Post Views: 3 Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, денеска, 17-ти август, ќе има прекин на сообраќајот на оваа магистрала. Според најавите, прекинот ќе биде во периодот од 14 до 16 часот.  

Continue reading

sv.stefan

Вечерна богослужба по повод празникот Св.Стефан

Post Views: 7 По повод манастирската слава на манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, ги известуваме сите православни верници дека на 14 август 2015 година (петок) – вечерта, во манастириот „Свети Стефан“, по повод празникот „Пренос на моштите на св. архиѓакон Стефан“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот. На 15 август 2015 година (сабота), во манастирот „Свети Стефан“, ќе се служи света литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на св. архиѓакон Стефан“, со почеток во 8.30 часот. По тој повод манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, ги повикува...

Continue reading

tanc

Охрид домаќин на првиот меѓународен салса фестивал „Хола Охрид“

Post Views: 1 Оваа година Охрид ќе биде домаќин на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија, наречен „Хола Охрид“. Настанот ќе се одржи во организација на танцовиот клуб „Сонриса“, во периодот од 21 до 23 август, во хотелот Конгресен Центар, каде своето знаење ќе го пренесат инструктори од Куба и соседните Балкански земји.Во рамките на фестивалот ќе се одржат работилници и танцови забави, водени од вкупно тринаесет артисти кои доаѓаат надвор од нашите граници – десет инструктори и тројца познати латино Ди Џеи. Артистите доаѓаат од далечната Куба, како и од Србија, Црна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top